Здраво дечки, имам 4 нови летни гуми Петлас 225 45 R17, е сеа прашањето ми е до што може да биде штом падне дожд и поминам врз пешачки премин или возам на самата бела линија, задниот дел од колата се изместува( се лизга) буквално како да ќе ме фрли во ендек и чувството е ненормално лошо и небезбедно, дури и со луѓе ако сум во кола и они приметуваат каоо еј шо се деси, воланот го држам цврсто секогаш да не отидам јабана, ова се случува само на дожд, на суво се си е океј ... со зимски гуми го немам овој проблем.. дали е до гумите дали е до бојата лоша мрсна што ги обележуваат улициве ево не знам.. ?