Гуми (пневматици)

fcwiz@RD

Supreme Сasual Dating Real Women
Член од
30 јануари 2009
Мислења
460
Поени од реакции
376
Е, сега прашањето ми е: колку време (години/ сезони) може да се возат зимските гуми пред да станат не-зимски од излижување? Јасно ми е дека зависи од вожњата, патиштата и сето тоа, ама дали има некоја груба одредница? :)
Една сезона, зошто нема да се претворат во ,,не-зимски" од излижување туку од топлина.
Чим ти се нови не се заебавај и не ги уништувај зимските.
Подобро купи ги најевтините летни за твојата димензија одколку зимските да ги користиш како целосезонски.
Види кој е датумот на производство на двете летни што ги имаш, можеби ќе поминеш само со замена на само две.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.130
Поени од реакции
5.239
Taurus vs Sava мислења?

Имал некој искуства со овие две?

Ја одев со Тигар претходно ама сеа не можам никаде да ги најдам

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
Taurus vs Sava мислења?

Имал некој искуства со овие две?

Ја одев со Тигар претходно ама сеа не можам никаде да ги најдам

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk

Таурус прв пат слушам...би ти рекол Сава или Матадор. Матадор се три класи над тигар и за летни и за зимски...за зимски савата се подобри.

Јас возам матадор хектора 3, летни...гумата држи ненормално добро за парите. Одлични на дожд, мана им
е што се трошат релативно брзо.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.640
Поени од реакции
27.880
Taurus vs Sava мислења?

Имал некој искуства со овие две?

Ја одев со Тигар претходно ама сеа не можам никаде да ги најдам

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
Sava кратко и јасно без размислување.Уште долги години ке останат како најдобар избор цена квалитет
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.621
Поени од реакции
14.372
Имам возено и Рикен и Тигар и Сава (летни).
Сава се убедливо најдобар избор за парите во МКД. Зборам за Sava Intensa UHP2.
 
Член од
6 април 2014
Мислења
4.940
Поени од реакции
6.115
Имам возено и Рикен и Тигар и Сава (летни).
Сава се убедливо најдобар избор за парите во МКД. Зборам за Sava Intensa UHP2.
Имав сава перфекта ги возев 3 лета и 1 зима и бев презадоволен од истите вредеа за сите пари но сега се многу скапи 3400 ден а пред 4 год ѓи купив за 2500 колко што ми стои паметот. Пред некој ден купив Рикен за 2300 ден па што знам сега за сега се супер, виќендов можеби ќе ги пробам и на автопат.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.640
Поени од реакции
27.880
Имам возено и Рикен и Тигар и Сава (летни).
Сава се убедливо најдобар избор за парите во МКД. Зборам за Sava Intensa UHP2.
Рикен,Таурус,Ориум и Тигар се потполно исти гуми од истата фабрика,зависи за кој пазар различни називи носат.За Бугарски пазар на пример,Тигарот се викаат Ориум
Автоматски споено мислење:

Така да тие муабети земи си Таурус пошто Тигар не чинат сум ги имал и едните и другите знам,се причи за луѓе кои тотално немаат никакво познавање од автомобилски гуми
 
Последно уредено:
Член од
28 април 2009
Мислења
744
Поени од реакции
505
Моментално возам гуми со димензии 205/60/16, меѓутоа сакам да земам две нови за напред со димензии 205/55/16, па ме интересира дали би имало некоја разлика, односно дали би било проблем затоа што се различни димензии напред и позади?
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
Може да има проблеми и може абс-от и есп да се исклучува зошто предните и задните тркала ќе вртат со различна брзина поради различниот обем. Поарно земи 4 ама иста димензија
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.130
Поени од реакции
5.239
Моментално возам гуми со димензии 205/60/16, меѓутоа сакам да земам две нови за напред со димензии 205/55/16, па ме интересира дали би имало некоја разлика, односно дали би било проблем затоа што се различни димензии напред и позади?
Обично се игра со ширината на гумата не со висината. Не сум сретнал уште некој што има висинска разлика на гумите за секојдневна употреба. Обично кај автомобили со заден погон кои имаат јаки перформанси може да се стави малце поширока гума ради стабилност, ама висинскава разлика мислам дека не е препорачлива за секојдневна употреба. Се прави на драг и дрифт трки ама тоа е скроз друга тема.

Што е она што сакаш да го постигнеш со ваквиот потег?
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.130
Поени од реакции
5.239
Во принцип да. Добив добра понуда за да земам 2 гуми и затоа.
Тоа го претпоставив, но мислев да не си дошол до некоја друга информација. По интернетов свашта има да се прочита.

Моја препорака е да не се играш затоа што може да ти направи поголеми проблеми само. Ѕирни ги M&M во Илинден се луѓето работат со Сава гуми, во принцип даваат океј цени.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom