Искрено да ти кажам, ги возам Дебица Престо 195/55-15 веќе скоро цела година, минав со нив околу 7000 км. Пред нив возев на Тигар Прима, околу 23000 км, ги сменив бидејќи веќе остареа, 5 години беа на колата, па време им беше и земав Дебица на препорака од еден мајстор и не зажалив (досега).
Дебицата се потивки споредено со Тигар, и воопшто не делуваат пластично. Дури, на влажно, подобро од Тигар. Тигарот имаше свои лоши моменти на мокро дури нови кога беа... овие засега не. На суво добро држат пат, а почнувам да ги слушам помалце над 140 км/ч.
Тигарот беше побучен.
На другата кола имам Тигар Сигура 155/70-13 веќе три години, поминати 15000 км. Ги земав бидејќи беа најефтини
, а со таа кола по прашање за гуми дојдов на самиот крај, откако претходно по неа фрлив пари кои ја надминуваа нејзината реална вредност, ама ај да не должам...
Досега, нема некој проблем со нив. Ги возам, т.е. жената ги вози, на мала постара кола, претежно градска, и понекој излет на отворен пат.
Споредено со Тигар Прима, овие Тигар ми се чини дека се поарни во смисла бучава од нив. Мала слаба кола убаво држат на пат, и убаво се држат во кривина. Споредено со Тигар Прима се закон за мокро.