Гуми (пневматици)

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Зедов Фулда гуми, летни засега па за зима ќе земам и зимски. Сепак подобро 2 пара, макар и да не се најдобра класа, бар во зима ќе знам на што возам, а за во лето ќе си имам нови. Го пробав малце на отворен пат, одлично се држи колата, не се бучни воопшто, кочењето на суво е сосема добро. Ќе видиме сега колку ќе траат.
На мокро или низ вир со 80-100 Km/h како се однесуваат.
 
Не врнеше денес за да пробам :) На првиот дожд ќе ги пробам. Цената беше негде во средина меѓу Дебика/Тигар/Дејтон и најдобрите марки, ги платив околу 4000 денари од гума (185/60/р14), Мишелин беа 4500, Гудиар 4700. На брзина од 150-160 км/х се однесуваа сосема добро за разлика од старите кои беа Пирели, овие се многу потивки, колата се држи мнооогу подобро (Пирелите беа постари, но и кога беа нови не беа ништо посебно). Е сега ќе видиме за на дожд и колку ќе траат.
 
Нема веќе М+S.Има само летни или само зимски гуми,а во брзо време и закон да имаш два сета гуми.

Зависи колку сакаш да потрошиш ти препорачувам да си земеш Тигар,Сава,Данлоп,Гудијер или Мишелин.
Фулда,Викинг,Дејтон и Вредштеин никогаш не сум возел и не знам какви им се својствата.
Дебика се пластика на мало заросување со колата си како на санка
Тоа со азотот е маркетиншки трик за зголемување на цената.

За нешто што ќе ти ја чува главата не се жалат пари.
Искрено да ти кажам, ги возам Дебица Престо 195/55-15 веќе скоро цела година, минав со нив околу 7000 км. Пред нив возев на Тигар Прима, околу 23000 км, ги сменив бидејќи веќе остареа, 5 години беа на колата, па време им беше и земав Дебица на препорака од еден мајстор и не зажалив (досега).
Дебицата се потивки споредено со Тигар, и воопшто не делуваат пластично. Дури, на влажно, подобро од Тигар. Тигарот имаше свои лоши моменти на мокро дури нови кога беа... овие засега не. На суво добро држат пат, а почнувам да ги слушам помалце над 140 км/ч.
Тигарот беше побучен.
На другата кола имам Тигар Сигура 155/70-13 веќе три години, поминати 15000 км. Ги земав бидејќи беа најефтини :), а со таа кола по прашање за гуми дојдов на самиот крај, откако претходно по неа фрлив пари кои ја надминуваа нејзината реална вредност, ама ај да не должам...
Досега, нема некој проблем со нив. Ги возам, т.е. жената ги вози, на мала постара кола, претежно градска, и понекој излет на отворен пат.
Споредено со Тигар Прима, овие Тигар ми се чини дека се поарни во смисла бучава од нив. Мала слаба кола убаво држат на пат, и убаво се држат во кривина. Споредено со Тигар Прима се закон за мокро.
 
Не врнеше денес за да пробам :) На првиот дожд ќе ги пробам. Цената беше негде во средина меѓу Дебика/Тигар/Дејтон и најдобрите марки, ги платив околу 4000 денари од гума (185/60/р14), Мишелин беа 4500, Гудиар 4700. На брзина од 150-160 км/х се однесуваа сосема добро за разлика од старите кои беа Пирели, овие се многу потивки, колата се држи мнооогу подобро (Пирелите беа постари, но и кога беа нови не беа ништо посебно). Е сега ќе видиме за на дожд и колку ќе траат.

Фулда се добри гуми и по самата цена ќе забележиш дека е така. http://www.tyrereviews.co.uk/Tyre/Fulda/SportControl.htm
Еве ти некои ревјуа и тоа информации од прва рака, кај што сопственици на гумите си даваат мислење и што е најважно мислењата се објективни. Овие гуми имаат доста добра критика.
 
Искрено да ти кажам, ги возам Дебица Престо 195/55-15 веќе скоро цела година, минав со нив околу 7000 км. Пред нив возев на Тигар Прима, околу 23000 км, ги сменив бидејќи веќе остареа, 5 години беа на колата, па време им беше и земав Дебица на препорака од еден мајстор и не зажалив (досега).
Дебицата се потивки споредено со Тигар, и воопшто не делуваат пластично. Дури, на влажно, подобро од Тигар. Тигарот имаше свои лоши моменти на мокро дури нови кога беа... овие засега не. На суво добро држат пат, а почнувам да ги слушам помалце над 140 км/ч.
Тигарот беше побучен.
На другата кола имам Тигар Сигура 155/70-13 веќе три години, поминати 15000 км. Ги земав бидејќи беа најефтини :), а со таа кола по прашање за гуми дојдов на самиот крај, откако претходно по неа фрлив пари кои ја надминуваа нејзината реална вредност, ама ај да не должам...
Досега, нема некој проблем со нив. Ги возам, т.е. жената ги вози, на мала постара кола, претежно градска, и понекој излет на отворен пат.
Споредено со Тигар Прима, овие Тигар ми се чини дека се поарни во смисла бучава од нив. Мала слаба кола убаво држат на пат, и убаво се држат во кривина. Споредено со Тигар Прима се закон за мокро.
Дебика имам возено одамна 97-99 и не бев задоволен.Најверојатно по сугестии на купувачите го подобриле квалитетот.
Шурата купи четири нови дебика а не сум го прашал дали е задоволен.За тигарот осетив и јас дека сигурата е подобра од прима во сите услови.
Примата вреди што има заштита за алуминиумски бандажи.
Што се однесува за бучавата на гумите во најголем случај зависи од квалитетот на асвалтот,односно на рапав асвалт секоја гума е бучна за разлика од мазен ама па затоа мазниот асваалт е позафркнат кога ќе заврне.
Нај задоволен сум бил од мишелин кои имаат солена цена а мана кај нив е што сите гуми исто се трошат и неможеш да правиш комбинации.

Без разлика дали е нова гумата старее,зависи како е складирана и екогаш кога купувате гуми читајте го составот,гледајте која недела и која година се произведени.
tireage.jpg
 
Дечки,
Ми треба помош. Имам Michelin Primacy 225/45/17 од 2009 година. Почнаа да ми бучат на асвалт лани кога одев на одмор.. бев на неколку вулканизери, и во овластен сервис, и сите ми рекоа дека гумите, од стоење, дека ми е малку возена колата ми се оштетени, и од нив ми прави бучава додека возам, поготово околу 30км се слуша нешто како бум бум бум на подвожјето а на поголема брзина околу 80км на мазен пат се слуша ву ву ву ву ву ву... па се расправав со сервисот, мислам дека е лагер...
Па сакам да земам нови гуми, да видам дали ми е од гумите или некој лагер...да ја носам додека имам гаранција...
Па да ми препорачате некоја добра гума 225/45/17?
 
Мишелин, Континентал, Гуд Јиар, Данлоп, Бриџ стоун...
 
:-) а малку потесен круг на модели?
 
ако не ги смениш гумите,тогаш за некое време сигурно ќе ги менуваш и лагерите.

а за да си сигурен,провери си сам.дигни ја колата на дигалка и заврти го тркалото.ако се слуша некој звук или ако е вртењето нерамномерно,тогаш има шанса да е лагер,а ако лизгањето е мазно,тогаш е до гумите.се имаат пластифицирано или искривено само на одреден дел,и тука нема флексибилност
 
Па да... тоа ми го имаат кажано... ги дигнав, свртев и нема бучење,... може има милиметарско искривено или испакнато... а може и очите да ме лажат ... ама не бучи...
јас би сакал да најдам некој што има гуми како моите да ги пробам макар, пред да купам ама нема....
ке видам деновиве ке побарам нешто гуми...
 
Тие гуми напред што ти се,стави ги назад,а тие назад стави ги напред...И види дали ќе има некаква разлика..Ништо не те кошта.
 
:) а малку потесен круг на модели?
Најдобра гума за 2014 е континентал, па ти размисли... јас да би земал сеа да би имал пари ќе земам континентал, ако не тоа мишелин, друго ништо....
 
Go probav toa..... kako mnogu malku da mi se namali bucavata...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom