Најпрво се мислам дали да земам м+с гуми, или летни. Некои велат м+с брзо ќе се истрошат, а во продавницата од кај што мислам да земам па велат новите м+с имале азот за да се лади гумата, па немале гајле и на високи температури. И која марка на гуми да ја земам, Дебика, Сава, Фулда, Данлоп, Гудијер.. нормално цената на пример на Гудијер спрема Дебика е скоро дупла, па затоа се мислам дали вреди. Исто ми понудија некои Викинг (?), демек Шведско производство на Континентал.. за многу добра цена. Исто гледав и Спортива и Дејтон, исто со многу добри цени, па како сте задоволни ако ги имате користено?