Гуми (пневматици)

Член од
30 јули 2014
Мислења
749
Поени од реакции
731
За Сава многумина кажуваат дека колку е добра зимската гума...толку е лоша летната
Sava intensa hp letni lanskata sezona gi vozev i sum zadovolen za cenata od 2600 po guma isto i od brzina,kocenje,zvuk itn itn.. pa sega ke videme 2ra sezona kako ke se pokazat
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.277
Поени од реакции
15.401
можно е да смениле нешто...ипак се мислам во групацијата на Мишелин или некој од другите гиганти
 
Член од
25 февруари 2019
Мислења
351
Поени од реакции
203
Да, ама сум чул дека не се безбедни после 5 години? Или тоа не е точно? Као, ги правеле да трајат 5 години само, толку им бил рокот.

Ке земам средно горна класа ваљда....имам буџет негде од 25.000 денари отприлика, така да што би препорачале ?
После 5 години сам ќе увидиш дали шарата е потрошена, пукнатини на странични ѕидови, стврднување на целата гума (најдобро се осеќа на нерамнини) нема да се удобни како претходно.
Јас препорачувам да се распрашаш за континентал ако најдиш понова година на производство, мислам цена/потреби најмногу ќе ти се погодат.
Автоматски споено мислење:

можно е да смениле нешто...ипак се мислам во групацијата на Мишелин или некој од другите гиганти
До пред 3 години не беше ништо променато во летните сава, од блиски извори што ги имаат веќе ухп моделот, на малку влажно осеќаш несигурност на кочење. Не сум против брендот само треба да поработат на летната гума и сигурен сум дека ако го подобрат квалитетот ќе ни стани омилена како зимските што им се.
 
Последно уредено:

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.612
Поени од реакции
2.132
колата е спортска, 225/40/18 ама возам дете во неа, особеноа на подолги патувања и затоа не возам брзо ( 120/130 макс ). Ваљда за таква вожња не ми треба мишелинки, да си земам нешто поевтино подобро?
Плус, поминувам околу 7.000 км годишно, а сум слушнал дека гуми се менуваат на 5 год, така да подобро нешто поевтино да земам бидејќи секако нема да ги истрошам за 5 години?

Купи си Матадор Хектора MP47, јас ги имам на колата како летни, супер се за цената,

сеа не се мишелин ама за цената се одлични. Инаку за бучноста на гумата при возење огромен удел има и самиот асфалт, на некој асфалт потивко е возењето на некој побучно без разлика какви гуми имаш.

Староста и тоа како игра улога на гумата. Да пет години ама има многу фактори, дали колата ти стои на отворено, дали во гаража, по какви патишта возиш, начин на возење, и сл. Може и за три години да бидат на нула изедени, а може и на седум осум да имаат добра шара а сепак да немаат грип, да лизгаат на водено и сл.
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
921

колку пари и кај ги купи? Како се гледа на гума која година се произведени?
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.612
Поени од реакции
2.132
Ги купив на екупи, и беа некаде 2800 ден парче во димензија 195/55/15.

Има на секоја гума пишано недела и година на производство ама овие од екупи секако не држат постара роба, макс неколку месеци се стари што не е ништо.
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
921
другари вака, изборот е од следните гуми. Ако најдам уште некоја ке допишам. Другите од понудите се низок квалитет и отпаѓаат.

1. BF Goodrish G-GRIP 5.100 ( Иста цена се и Nokian powerproof, Kleber Dynaxer UHP ). Која е најдобра од овие??
2. Goodyear eagle f1 Asyy 5 - 6.800
3. Continental premium contact 6 - 7.300
4. Michelin Pilot Sport 4 - 7.440

Која би ја избрале вие според цена/квалитет?

фала на мислењата
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205

Има една стара македонска: Ако не знаеш што е добро, прашај што е скапо!
Ако буџетот не ти е проблем точка 3 или 4!
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
921
Има една стара македонска: Ако не знаеш што е добро, прашај што е скапо!
Ако буџетот не ти е проблем точка 3 или 4!
Гледав споредба 2 вс 3 и излезе дека 2 е подобра за нијанса, а е и поевтина... сега за сега ми е прва опција.

Што мислите за Гудрич?
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.612
Поени од реакции
2.132
Добро сега кај го ставаш гудрич во друштво со Мишелин. Сега од една страна викаш имам спортска кола, сакам премиум гуми од друга страна 100 евра ти прават разлика...ех македонијо.
 
Знам дека не се на исто ниво и не ги ставам на исто ниво. Само прашувам дали се исплати мишелин или може да си протерам и со Гудрич ( солидна гума, сум имал на претходни коли зимска ) - 10.000 ден разлика не е малку :)
 
Член од
25 март 2013
Мислења
235
Поени од реакции
141

Препорака и мислење за овие 2 гуми?
Знам дека Good Year се поквалитетни од Нокианот но чиста компарација ме интересира бидејќи цената на НОКИАНОТ Е 12 000 ден со се монтажа и ме убедуваат дека се премиум и дека се екстра гуми.
На истиов форум еден од членовите пиша многу лоши критики за Нокианот...
Претходно возев ТИГАР гуми и се тешко срање и сега сакам да ставам нешто премиум и доста по квалитетно.
Па препорачајте и други гуми!
поздрав
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
WINDFORCE CATCHFORS A/S
195/60 R15 88H

Ај на кратко една реценција да ви пишам за овие, ги возам од крај на Ноември, поминав околу 3000км.
Релативно тивки, досега тестирана со кочење и пролизгување на сува и водена површина и малку прашина снег. Не ме изненадија на ниедна површина, викендов на Автопат на дожд и водено ги згазнав до 155км/h и не осетив никаде пролизгување или нестабилност.
За кочење намерно пробав на неколку пати и со поголема и со помала брзина и се однесуваа ок коловозот беше воден + врнеше во моментот.
Не ми се погоди да ги тестирам во поголем снег да видам дали може да функционираат и како зимски гуми (имаат пониска шара од зимските). Инаку за кинески бренд зачудувачки се меки.
Цена/Квалитет мислам дека вредат за наши услови, ќе видам како ќе бидат во лето затоа што не планирам да ги менувам и ќе ги возам цела година па макар и да се распаднат.
 
G1-Killer

Life is a game
Член од
18 декември 2009
Мислења
357
Поени од реакции
464
Продавам половни возила веќе 2 години и заклучокот е следен:
Гума бр 1 е Michelin, бр 2 Continental....понатака не ме интересира, сум видел и возел повеќе од 30 брендови со старост од 1 месец па се до 13 години ама до овие две ниеден не се доближал.
P.S. Најголемо разочарување од брендот на Bridgestone, кај неколку возила се деси да гумите се брановидни и да бучат кога возиш при брзина поголема од 10 на саат....ке речите стари биле, не, 2017 беа 225/55/17 димензија тапа, 245/45/18 исто тапа а 2016 беа...гизаменивме овие 18' со Continetal od 2014 ни бучење ништо...нормално не беа нови и беше малку тврдо возењето али сепак...Conti i Michelin.
 
Член од
24 април 2010
Мислења
1.251
Поени од реакции
1.756
Jas sakam da spodelam edno mislenje za kineskive plastiki, i da nemate pari poarno barajte polovni kontinentalki odkolku novi kineski, lani kupiv kineski letni gumi za gradsko kolice gi vozev 3 4 meseci i zimata sedea, sega nema 10 dena sto gi staiv gumite se raspagaat, bukvalno pagaat pogolemi parcinja od gumata, baska toa sto vozenjeto e kako da vozis so zelezni trkala, deneska pogodiv edna dupka, pukna kako lubenica stranicniot zid na gumata po krs guma nemam videno dosega
 
Kajgana Shop

На врв Bottom