ada
Модератор! ок?
- Член од
- 21 август 2006
- Мислења
- 5.706
- Поени од реакции
- 566
Грција, индиректно, повторно игра на картата меѓу-етнички тензии во Македонија (и плус ни одржува уште една нова "историска лекција" за Тито и сл. ). Имено:
извор„НЕ“ на официјалната грчка политика за името Македонија
„НЕ за терминот Македонија и неговите деривати во новото име на земјата.“ – вели претседателката на грчката дијаспора. Нина Гаѕули за Канал 5 рече дека можни решенија би биле Централна европска република, централна балканска република, Албано-словенска република, но не и сложено име со географска одредница.
- Ние не прифаќаме сложено име. На нашата конвенција ја изгласавме новата резолуција дека новото име би требало да биде етничко. Зошто географско?Оваа земја ја сочинуваат многу националности, вклучувајќи ги и Албанците кои се најголемото малцинство. Тие навистина не сакаат да бидат Македонци, тие не сакаат да има македонски јазик, рече Нина Гаѕули – претседател на Панмакедонските организации на Грција во светот.
Ставовите на грчката дијаспора се разликуваат од оние на актуелната влада и политиката на Караманлис. Токму затоа, Гаѕули смета дека се работи за сериозно прашање за кое е потребно правилно водење на надворешната политика. Таа додава дека е важно за двете земји да имаат добрососедски односи.
- Сакаме да ви бидеме пријатели. Во нашите резолуции бараме вие да бидете следните ЕУ кандидати, НАТО кандидати и знам дека тука има многу грчки бизнисмени, кои помагаат. Сакаме да бидеме пријатели, но не да го изгубиме името и нашиот јазик. Ако вие сте Македонци, тогаш што сум јас?, праша Нина Гаѕули – претседател на Панмакедонските организации на Грција во светот.
Панмакедонската организација е формирана во 1947 година, а нејзиниот претседател вели дека целта за формирањето била да се спречи планот на Тито, Солун да биде главен град на Македонија.