Грција мора да го надрасне демократскиот дефицит
Потребна е реформа на таканаречениот грчки национализам, вели Павлос Воскопулос, лидер на Виножито
Лерин - Како ја коментирате последната изјава на портпаролот на грчкото МНР, кој го нарече „непостојно и неосновано“ прашањето за постоење македонско малцинство во Грција?
Изјавата на Кумуцакос ја отсликува континуираната политика на грчката држава против македонското малцинство од 1912 година до денес. А јас би рекол дека „неосновано“ и „непостојно“ е тврдењето дека Грција е демократска држава.
Грција има легислатива, значи закон од 1981 година, околу репатрирање на „политичките бегалци“ од Граѓанската војна 1946-1948 година, во кој децидно е наведена категорија луѓе кои се „Грци по род“. Зошто самата држава и МВР спомнува
„Грци по род“? Дали тоа значи другите граѓани не се „Грци по род“? Дали со „непостојно“ малцинство
самата држава индиректно го признава постојното малцинство на овој закон? Ако протераните Македонци за време на Граѓанската војна Грција ги декларира јасно и чисто како „не-Грци по род“, тогаш дали роднините во Грција „не постојат“.
Зошто грчката држава им го одзема државјанството на припадници на „непостојното“ малцинство и им забранува влез во родните села на економските емигранти Македонци, кои живеат во прекуокеанските земји? Во денешно време им одзема грчко државјанство врз законот 20 параграф 1г бидејќи нашите сограѓани декларираат македонски идентитет, на пример, во Австралија или во Канада.
Со споменување на „непостојното“ малцинство, грчката држава им испраќа порака на Македонците, па дури и на роднините кои живеат во северна Грција. Модерниот „софистициран тероризам“ има цел да се заплашат Македонците да ја декларираат македонштината не само во Австралија, Канада, туку и на нивните роднини во Грција.
Зошто „самобендисуваната“ грчка политика околу „непостојно“ малцинство не спроведува попис на населението со прашања околу идентитетот и јазикот? На таков начин Грција ќе има јасен доказ за „непостојните“ Македонци. Континуираното одбивање можеби е израз на страв од „постојните“ Македонци?
Ако грко-христијанското малцинство во Турција од околу две илјади луѓе во Истанбул е почитувано и признато од турската држава, колку илјади Македонци треба да има во Грција за да бидат признати и почитувани од грчката држава како македонско малцинство?
. Дали зад спорот постои нешто друго од што стравува Грција: не името, туку нешто посуштинско?
Дел од деструктивната општа грчка политика на Балканот, пред се', е непризнавање на независна Република Македонија и, секако, креирање „спор“ околу името на државата. Во суштина,
Грција се надева и посакува да ја дестабилизира соседната држава. Оспорување на името Македонија значи оспорување на националниот идентитет.
. Дали зад спорот постои нешто друго од што стравува Грција: не името, туку нешто посуштинско?
Грција од позиција на членство во ЕУ и во НАТО спроведува агресивна и уценувачка политика, тоа се покажа и докажа во Букурешт и во НАТО. Дали не е политички идиотизам кој било грчки политичар да тврди дека „спорот“ околу името е дестабилизаторски за регионот („спор“ што го форсира Грција), а не грчкото вето против членството на Република Македонија во НАТО?
Овој проблем е големо политичко прашање. Грција игнорира секаков обид за позитивно решение не само за обесштетување за имотите, туку и враќање на државјанствата. Во суштина, со тоа сака да елиминира дел од македонското малцинство. Не сака да го врати државјанството и да ги рехабилитира Македонците, бидејќи сите овие луѓе, нивните потомците и фамилиите се свесни дека се Македонци, со македонски идентитет и со добро познавање на македонскиот јазик. Токму затоа Грција не сака да им го врати државјанството. За да немаат право на статус на грчки државјани, што и беа пред Граѓанската војна.
Многу децении грчкото општество е затворено, самобендисано поради националистичкиот мит како одбран народ. Доминантни ставови на мнозинството се
антитурски, антиалбански и антимакедонски, со негативни чувства, па дури и оние отворено антизападни и антиамерикански. Од психолошка гледна точка, навистина повеќето
Грци поради комплексот всаден од системот градат односи кои не можат да се наречат како симпатија кон соседните народи.
Ова е дел од
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=95A204B75C09214A967D7D1E60DD6C9B