- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.088
- Поени од реакции
- 1.255
Грција може да ја запре и Албанија на патот кон ЕУ
Атина побара од Тирана брза ратификација на спогодбата за поморската граница и нагласи дека тоа „позитивно ќе влијае врз европскиот пат на Албанија“.
Спогодбата лани во април ја потпишаа тогашните шефови на дипломатиите Дора Бакојани и Љуљзим Баша, во присуство на премиерите, но албанските експерти укажаа дека Албанија губи над 230 квадратни километри од територијалните води, и тоа во регион под кој се смета дека има 4 милијарди барели нафта и повеќе од 1,5 милијарда кубни метри природен гас. Уставниот суд во Тирана ја оцени спогодбата како неуставна.
- Спогодбата за водната граница меѓу Албанија и Грција е добра спогодба, потпишана меѓу двете влади и заснована врз меѓународното право. Прашањето се искомплицира по одлуката на Уставниот суд, но ние сметаме дека тоа е прашање на Тирана, која треба да најде решение за брза ратификација. Според нас, спогодбата ќе овозможи и двете земји да почнат со искористување на природните богатство со кои располага таа зона - изјавил портпаролот на грчкото МНР.
Тој отфрлил какви било повторни разговори и реална верификација на терен околу ова прашање.
Ова е второ прашање со кое Атина ја условува Тирана. Претходно, Грција го условуваше членството на Албанија во НАТО со дозвола за изградба на гробишта на грчките војници што загинале во Грчко-италијанската војна на албанска територија од 1940 до 1941 година. Спогодбата, која беше потпишана во ноември 2008 година, предизвика лавина реакции од политички партии, историчари и аналитичари, поради фактот што грчките националисти тврдат дека грчките војници загинале за ослободување на грчката територија Северен Епир, како што тие го нарекуваат јужниот дел на Албанија.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=41F8233338F515448B36B974E5BECC65