Грција може да ја запре и Албанија на патот кон ЕУ

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.169
Поени од реакции
1.333
Грција може да ја запре и Албанија на патот кон ЕУ

Атина побара од Тирана брза ратификација на спогодбата за поморската граница и нагласи дека тоа „позитивно ќе влијае врз европскиот пат на Албанија“.

Спогодбата лани во април ја потпишаа тогашните шефови на дипломатиите Дора Бакојани и Љуљзим Баша, во присуство на премиерите, но албанските експерти укажаа дека Албанија губи над 230 квадратни километри од територијалните води, и тоа во регион под кој се смета дека има 4 милијарди барели нафта и повеќе од 1,5 милијарда кубни метри природен гас. Уставниот суд во Тирана ја оцени спогодбата како неуставна.

- Спогодбата за водната граница меѓу Албанија и Грција е добра спогодба, потпишана меѓу двете влади и заснована врз меѓународното право. Прашањето се искомплицира по одлуката на Уставниот суд, но ние сметаме дека тоа е прашање на Тирана, која треба да најде решение за брза ратификација. Според нас, спогодбата ќе овозможи и двете земји да почнат со искористување на природните богатство со кои располага таа зона - изјавил портпаролот на грчкото МНР.

Тој отфрлил какви било повторни разговори и реална верификација на терен околу ова прашање.

Ова е второ прашање со кое Атина ја условува Тирана. Претходно, Грција го условуваше членството на Албанија во НАТО со дозвола за изградба на гробишта на грчките војници што загинале во Грчко-италијанската војна на албанска територија од 1940 до 1941 година. Спогодбата, која беше потпишана во ноември 2008 година, предизвика лавина реакции од политички партии, историчари и аналитичари, поради фактот што грчките националисти тврдат дека грчките војници загинале за ослободување на грчката територија Северен Епир, како што тие го нарекуваат јужниот дел на Албанија.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=41F8233338F515448B36B974E5BECC65
 
само така не толку цела територија нека и а земе, барем православни се иако не ги сакам и двете земји .
 
„се скарале ѓупците за варени компири“
 
убаво викаат русите от грека подальше (подалеку од гејците ) -ама кој да ги чуе :toe:
 
Спогодбата лани во април ја потпишаа тогашните шефови на дипломатиите Дора Бакојани и Љуљзим Баша, во присуство на премиерите, но албанските експерти укажаа дека Албанија губи над 230 квадратни километри од територијалните води, и тоа во регион под кој се смета дека има 4 милијарди барели нафта и повеќе од 1,5 милијарда кубни метри природен гас.

Албанците се продадоа, сега сме ние на ред. But we won`t do that? :)
 
Албанците се продадоа, сега сме ние на ред. But we won`t do that? :)

Albancite tolku lesno ne se prodavaat, zapamti go ova. No za razlika od makedoncite oni znaat sto sakaat i kako treba toa da go postignat, valjda ucat od greskite na sosedite ;).
 
Albancite tolku lesno ne se prodavaat, zapamti go ova. No za razlika od makedoncite oni znaat sto sakaat i kako treba toa da go postignat, valjda ucat od greskite na sosedite ;).

Да де, ние си учиме едни од други. Вие од нас ние од вас, а од ука и наука ниту абер. Вие потклекнвате за во НАТО, ние за во ОН, значи на двете држави супер ни иде. Ѓупциве не средија и нас и вас, а како тргнале изгледа ова им е само почеток :smir:
 
Никој никого не средил, тек доаѓа времето кога на грција ке и се покаже вистинското лице, запамти ги овие зборови. Вистинската војна уште не започнала, они сега за сега се во една по поволна позиција, треба уште малце да трпиме, како македонците така и албанците, имаа грција многу сметки да си наплаќа, свесни се они за тоа, па затоа затоа сега одираат од сите страни кај ке стигнат и додека можаат.
 
Никој никого не средил, тек доаѓа времето кога на грција ке и се покаже вистинското лице, запамти ги овие зборови. Вистинската војна уште не започнала, они сега за сега се во една по поволна позиција, треба уште малце да трпиме, како македонците така и албанците, имаа грција многу сметки да си плаќа, знаат они за тоа, па затоа сега одираат од сите страни додека можаат.
Па дај тогаш ММЕ да се здружиме и да ги поебиме гејчиштата.
 
Па дај тогаш ММЕ да се здружиме и да ги поебиме гејчиштата.

Да де ја и ти на форум ќе креираме државни стратегии :pos: Човеку и нас и вас оние што се на Кале во онаа симпатичната мала куќарка ни кажуваат што ќе ни се случи за 10 - 20 години од сега, зарем ти сериозно мислиш дека овие пајташиве што ги гледаш по телевизии секој ден навистина прават нешто корисно?!
 
Никој никого не средил, тек доаѓа времето кога на грција ке и се покаже вистинското лице, запамти ги овие зборови. Вистинската војна уште не започнала, они сега за сега се во една по поволна позиција, треба уште малце да трпиме, како македонците така и албанците, имаа грција многу сметки да си наплаќа, свесни се они за тоа, па затоа затоа сега одираат од сите страни кај ке стигнат и додека можаат.

Извини, ама твојот одговор е пристрасен. Конкретниот договор потпишан молчешки и протнат на мала врата е едно ептен јако средување. За таква добивка каква што Грција лапна од Албанија се одело во војна порано и се трпеле неверојатни губитоци. Но посебно навредлив е тонот на ова “потсетување’’ од Грција до ПАРЛАМЕНТОТ, откако го купиле или уцениле премиерот, за да се сврши работата. Албанија изрази желба да инвестира во енергетиката на почетокот на годинава, а јужниве изгледа не сакаат да и дозволат да пркне без тие да ја водат играта.
 
Шо ни е нас гајле за Албанија. Шо сакат нека си прат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom