Грција може да ја запре и Албанија на патот кон ЕУ

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
Атина и Тирана сепак ќе преговараат за водната граница


Спогодбата за водната граница меѓу Грција и Албанија повторно ќе биде разгледувана од делегации на министерствата за надворешни работи на двете земји.

Дипломати со искуство за албанско-грчките односи, особено експерти од областа на граничните прашања, оценуваат дека овој пат разговорите ќе бидат многу тешки ако се имаат предвид досегашните изјави, како и медиумскиот бум предизвикан што го предизвика одлуката на албанскиот Уставен суд за отфрлање на спогодбата за водната граница.

Албанските експерти за меѓународно право сметаат дека документот воопшто не треба повторно да биде разгледуван поради неговата неуставност.

Атина неодамна побара од Тирана брза ратификација на спогодбата за поморската граница и нагласи дека тоа „позитивно ќе влијае врз европскиот пат на Албанија“.

Портпаролот на грчкото МНР тогаш отфрлил какви било повторни разговори и реална верификација на терен околу ова прашање.

Спогодбата лани во април ја потпишаа тогашните шефови на дипломатиите, Дора Бакојани и Љуљзим Баша, во присуство на премиерите.

Но, албанските експерти укажаа дека Албанија губи над 230 квадратни километри од територијалните води и тоа во регион под кој се смета дека има 4 милијарди барели нафта и повеќе од 1,5 милијарда кубни метри природен гас. Уставниот суд во Тирана ја оцени спогодбата како неуставна. (В.Т.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=84D48D1F3FD2E643B462D9062A0D5E48
 

Kajgana Shop

На врв Bottom