прочитав.
ама ајде види вака.
што ке постигниме со тоа што ете ке останиме цивилизирани.
колку што можам да забележам попустливоста, цивилизираноста не не одведе никаде овие 20 години.
што ке постигнеме ако тие нас не вреѓаат а ние како контра мерка повеќе не одиме кај нив. едноставно ништо, ке чекаат некој да оди или пак ке смислат нешто се додека ние пак не попуштиме.
вака нека ги здоболи малце, па што биди нека биди.
иако можеби по постовите јас личам на либерален ама воопшто не сум таков. ете ти си имал во солун инцидент, јас тука во битола. мене ме казнија на платата пред многу години оти нејкев да послужам грчка муштеривка ( додуша и ја покажав каде е вратата) само затоа што праша дали е производот made in skopje ili china. мислам дека ако и дошла уште еднаш да пазарува тука, малце се има задумано пред да праша таква глупост, а ако не дошла не дошла. нејзина работа.
п.с битолчанецот што ми пишеше на страната, нека пиши пак.
дури да видам се исклучил. не за друго дека е битолчанец
ОК, сега ќе ти кажам што мислам јас.
Ние си имаме СИСТЕМСКИ проблем. Проблем на кохезија на неселението.
Незнам дали е наметнат (како порано) или едноставно во гените ни е, ама ние неможеме да се договориме заедно ништо. Апсолутно ништо.
Затоа е лесно да се манипулира со нас од било која страна.
Раскарани по партии, мислења, идеи, градови...да не редам за нешто што на секој Македонец му е познато.
Мислам дека ако почнеме од било каде, тоа може да биде добар старт.
Се почнува од индивидуа: Еве јас оваа година нема да одам во Грција.
Можеби ти звучи малку патриотски, ама јас тоа го правам од најлукративни причини.
Имено, сакам да уживам за парите што ќе ги потрошам.
А нема да уживам ако цело време се сеќавам дека на граница ми лупнале етикета, слично како да сум Евреин во подрачје окупирано од Германија (2-ра Св.Војна), а јас глумам дека "терам одмор и релаксација". И дека со таква етикета за секој Грк е полесно да не одговара пред закон ако ми направи нешто на колата или ми дофрла нешто. Па јас не одам на одмор да се тепам, или да докажувам на некој полуписмен Грк колку сум Македонец - не, одам да се ОДМОРАМ!
Претходно се мислев за Грција (не сум бил никогаш таму на вистински одмор, само на неколку дена излегување и шетање) или за Хрватска, а после оваа вест се одлучив за Хрватска. Можеби мал допринос изгледа, ама секоја лавина почнува од една снежна топка.
Тоа што ти го напишав, го мислам.
Ирационална мисла и квази-патриотизам не значат апсолутно ништо, освен џабе трошење енергија. Рационално промислени одлуки, од друга страна, секогаш даваат резултати.
Инаку, за Солун имам уште една случка којашто намерно не ја споменувам...