Грк се изгубил на аеродром во Хановер седум дена
никогаш никој не бил толку многу збунет околу аеродромот да талка цели седум дена. На тоа, сепак му успеало на 38-годишниот Грк, Кристијанос Какламанис.
Цела недела талкал по аеродромот во Хановер и околу него, :pos2::pos2:а службите за безбедност сега истражуваат како било можно никој да не го воочи и да согледа во што е проблемот.
„Го видов неколкупати и се запрашав како е можно тој човек секојдневно некаде да патува. На крајот заклучив, дека сепак нешто не е во ред и одлучив да ја повикам полицијата“, рече Сабина Бергер, која работи на аеродромот во една агенција.
Се утврдило дека несреќниот човек не знаел ниту збор од било кој странски јазик и не се осудувал некого да праша како да стигне до терминалот.
Американскиот глумец Том Хенкс, глумеше во филмот на Стивен Спилберг „Терминал“, човек кој поради нестабилни политички ситуации остана без својата татковина и не може да патува на ниту едно друго место, бидејќи нема пасош од ниту една друга држава. Поради тоа тој е принуден да живее на аеродромот.