Картите ќе бидат 15,25 и 35 евра во зависност од положбата во салата. За разлика од другите првенства, нема блок карти за цел ден, туку секоја влезница е за една конкретна утакмица.
За превоз, доколку одат 4ца со кола би требало да биде 70 - 80 евра, со сите работи, гориво, патарини.
Сместување веројатно најдобро е во Блед, но можеби и во Крањска Гора, а и Љубљана не е премногу далеку - 65 км.
За спиење мислам дека може да се најде за 10на евра смештај.
Јас гледав некоја ваква комбинација да направам, и да седам цела прва фаза за што би требале околу 300 - 350 евра.