Групно патување за ЕП 2013 - Словенија, Јесенице

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Најубаво ви е мислам, да најдете сместување во Крањ, кој е одалечен некои 35 км од Јесенице. Возови возат скоро на секој саат на релација Крањ-Јесенице и кошта околу 7€ повратна. За преноќување ептен тешко да најдете поефтино од 15€ на ноќ. Обично бараат околу 20€.

Иначе карти за утакмици, ќе почнат да продават за 2-3 месеца.
 
Зависи од цените зошто да не,не ќе биде лошо барем еден меч од групна фаза минимум да се погледне па понатаму зависи од играта на кошаркарите :)
 
EuroBasket_2013_logo.jpg

Епа момци и девојки, како што знаете, Европското првенство во кошарка оваа година се одржува во земја која ни е (релативно) блиска. Со тоа, се отвара можноста повеќе навивачи да ги бодрат македонските кошаркари. И сега сигурно ќе речете „чекај, рано е“, но навремената организација е клучна, па затоа предлагам со време да почнеме да ги разгледуваме сите можности поврзани околу патувањето, сместувањето и картите. Секако, ќе треба и да се заштеди нешто до септември. Нормално, од помош ќе ни бидат информации првенствено од луѓе што веќе патувале во Словенија, Јесенице, Блед или слично.

yeah.jpg

Кој ќе биде најисплатливиот превоз? Автобус? До Јесенице има пруга, ама не знам дали до таму оди директна линија. Можеби ќе треба прво до Љубљана, па од таму до Јесенице? Или пак, прво до Белград? Кои се цените за авионските карти? Или пак најдобро е да се патува со кола?

Да се обидеме да најдеме и некои цени околу сместувањето. Нормално, ништо луксузно, најдобро ќе биде да се најдат хостели, преноќишта или приватно сместување. Ако најдете некаква информација, слободно споделете ја тука.

Колку што видов, се уште не е објавена ниту цената на билетите на официјалниот сајт.

Планира некој да оди?

Распоред на натпревари
Стај уште некоја слика другарче , нема да е на одмет :)
 
Крањ има еден тон македонци па така да може ќе се најде и поповолен смештај :)
--- надополнето: 24 јануари 2013 во 22:58 ---
Зависи од цените зошто да не,не ќе биде лошо барем еден меч од групна фаза минимум да се погледне па понатаму зависи од играта на кошаркарите :)

за ова потешко да најдеш само за еден меч пошто ќе одат блок карти за цела група
 
за ова потешко да најдеш само за еден меч пошто ќе одат блок карти за цела група
Е ова не сум знаел.
Ама добро ако ја повториме играта од последното ЕП не би требало да имаме проблем за квалификување во следната фаза :)
 
Најдобро би било првата тура да оди на првите 3 натпревари (после тоа има ден пауза) со 2 ноќевања.
Фино е да се пристигне на 4-ти (кога е првиот натпревар), да се преспие, да се гледа натпреварот на 5-ти, да се преспие, да се гледа на 5-ти и да се тргне накај Македонија... Најповолна варијанта за тие што не можат финансиски (а и службено) да останат за сите натпревари. Нормално, за еден натпревар не се исплати да се оди. Мислам дека 3 се таман. Па здравје, може да се отиде пак во понатамошниот дел од натпреварувањето :)
 
Мизерија некаде колку Берово ми се чини дека има популација, а и местоположбата им е слична.
јас колку шо знам не е баш така. иам патувано 2-3 пати во словенија и кај шо поминаф не беше нигде пусто за разлика од берово. не ме сваќајте погрешно словенија е земја далеку поразвиена од македонија така да нормално е катастрофа да сме спрема нив
 
Е ова не сум знаел.
Ама добро ако ја повториме играта од последното ЕП не би требало да имаме проблем за квалификување во следната фаза :)

така е секогаш едино препродавачи ако има па да ти дадат само за еден меч или ако некој не оди на тој меч па да ти продаде
 
Го надополнив првиот пост со неколку линкови и и панорамска фотографија од градот.
Се надевам дека така полесно ќе добиете слика за тоа каде ќе се играат групните натпревари. Само, каде ли ќе бидат сместени кошаркариве? Типувам на Блед :)
 
Сместувачките капацитети во Јесенице се толку мали што дури и репрезентациите што ќе бидат дел од групата Б од европскиот шампионат нема да бидат сместени во овој град.

„Ние ќе бидеме сместени во Крањска Гора, скијачкиот центар што се наоѓа на 12 километри од Јесенице. На 15 километри оддалеченост се наоѓа Блед, каде што исто така има поголеми сместувачки капацитети. Како што реков, изборот на Јесенице ја компликува ситуацијата, но може да се најде начин, доколку постои желба да се бодри Македонија“ - порачува Мерџановски.
 
Нема ништо страшно во тоа да се сместиме во околината на Јесенице. И онака утврдивме дека и нема баш многу што да се види тука (освен ако не направат некаква фан зона), претпоставувам дека повеќето фанови ќе се сместат во околината (не подалеку од 30 км) и ќе патуваат со бус/воз до салата пред натпреварот. Најверојатно тоа ќе биде во Блед, кој е оддалечен некои 15 км од Јесенице. Блед е доста популарна туристичка дестинација и располага со многу повеќе сместувачки капацитети од Јесенице. А богами, има и што да се види таму :)

Само, таму цените ќе бидат сигурно посолени... Ама ајде, за 2 ноќевања ќе се издржи! :)
 
Дечки, можно е и во Австрија да најдете поефтин смештај отколку во Словенија. Возови/бусеви до Јесенице имате еден куп бидејќи е главен коридор. Ова како идеја. Гуглајте ги и околните градови во Австрија. Сестра ми кога беше таму летото 2011 на шопинг идеше во Австрија.
 
пошто не сум многу по кошаркава, поточно кога е ова?
прочитав дека е во септември, ама кој датум поточно?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom