Групно патување за ЕП 2013 - Словенија, Јесенице

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298


Епа момци и девојки, како што знаете, Европското првенство во кошарка оваа година се одржува во земја која ни е (релативно) блиска. Со тоа, се отвара можноста повеќе навивачи да ги бодрат македонските кошаркари. И сега сигурно ќе речете „чекај, рано е“, но навремената организација е клучна, па затоа предлагам со време да почнеме да ги разгледуваме сите можности поврзани околу патувањето, сместувањето и картите. Секако, ќе треба и да се заштеди нешто до септември. Нормално, од помош ќе ни бидат информации првенствено од луѓе што веќе патувале во Словенија, Јесенице, Блед или слично.



Кој ќе биде најисплатливиот превоз? Автобус? До Јесенице има пруга, ама не знам дали до таму оди директна линија. Можеби ќе треба прво до Љубљана, па од таму до Јесенице? Или пак, прво до Белград? Кои се цените за авионските карти? Или пак најдобро е да се патува со кола?

Да се обидеме да најдеме и некои цени околу сместувањето. Нормално, ништо луксузно, најдобро ќе биде да се најдат хостели, преноќишта или приватно сместување. Ако најдете некаква информација, слободно споделете ја тука.

Колку што видов, се уште не е објавена ниту цената на билетите на официјалниот сајт.

Планира некој да оди?

Распоред на натпревари
Јесенице, Википедија
Јесенице, Еуробаскет
Официјален сајт на Јесенице

Панорама од Јесенице (ја гледате салата?) :)
 

Fiend

смут џезер
Член од
29 март 2012
Мислења
947
Поени од реакции
1.074
Da da mene mi e u plan da idam ako se organizira grupno samo cenata da bide prifatliva,otprilika kolku bi me kostalo mene kako poedinec so prevoz, smestaj i karti za natprevarite? Ima nekoja informacija kolku se dvizat kartite po natprevar ?A slucajno dali se kupuva karta primer za site naptervari na makednija,normalno da e poeftino?
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.341
Поени од реакции
7.453
Има македонци по Јесенице и Блед :)

За мене зависи каков договор ќе ми дадат на работа. Ако сум слободен во септември, најверојатно ќе одам бидејќи имам роднини во Јесенице.
 

Fiend

смут џезер
Член од
29 март 2012
Мислења
947
Поени од реакции
1.074
Има македонци по Јесенице и Блед :)

За мене зависи каков договор ќе ми дадат на работа. Ако сум слободен во септември, најверојатно ќе одам бидејќи имам роднини во Јесенице.
Super znaci spienje gaga :P
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.165
Поени од реакции
15.953
Нема озбилни дечки низ кајганава, прво викаат дека ќе идат, после откажуваат :icon_lol:
Со исклучок на двајца-тројца.
 
P

PewDiePie

Гостин
Јас сакав и на Европсково за Шпанија да одам,ама ништо.

За во Словенија дефинитивно сериозно размислувам да одам.

Може некој ако знае да пише нешто повеќе за градчево Јесенице,нешто како наша Битола/Охрид
ќе му дојде или мизерно е ? :icon_lol:
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.922
Поени од реакции
4.370
Јас сакав и на Европсково за Шпанија да одам,ама ништо.

За во Словенија дефинитивно сериозно размислувам да одам.

Може некој ако знае да пише нешто повеќе за градчево Јесенице,нешто како наша Битола/Охрид
ќе му дојде или мизерно е ? :icon_lol:
Мизерија некаде колку Берово ми се чини дека има популација, а и местоположбата им е слична.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.165
Поени од реакции
15.953
Мизерија некаде колку Берово ми се чини дека има популација, а и местоположбата им е слична.
Значи пак македонскиве фанови ќе бидат хит на првенство :)
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Епа момци и девојки, како што знаете, Европското првенство во кошарка оваа година се одржува во земја која ни е (релативно) блиска. Со тоа, се отвара можноста повеќе навивачи да ги бодрат македонските кошаркари. И сега сигурно ќе речете „чекај, рано е“, но навремената организација е клучна, па затоа предлагам со време да почнеме да ги разгледуваме сите можности поврзани околу патувањето, сместувањето и картите. Секако, ќе треба и да се заштеди нешто до септември. Нормално, од помош ќе ни бидат информации првенствено од луѓе што веќе патувале во Словенија, Јесенице, Блед или слично.

Кој ќе биде најисплатливиот превоз? Автобус? До Јесенице има пруга, ама не знам дали до таму оди директна линија. Можеби ќе треба прво до Љубљана, па од таму до Јесенице? Или пак, прво до Белград? Кои се цените за авионските карти? Или пак најдобро е да се патува со кола?

Да се обидеме да најдеме и некои цени околу сместувањето. Нормално, ништо луксузно, најдобро ќе биде да се најдат хостели, преноќишта или приватно сместување. Ако најдете некаква информација, слободно споделете ја тука.

Колку што видов, се уште не е објавена ниту цената на билетите на официјалниот сајт.

Планира некој да оди?

Распоред на натпревари
Бус нај исплатливо.
 
А

Атомската мравка

Гостин
Здравје ако се биде како што треба идам јас 99% се надевам ќе се собереме повеќе, за превоз мислам најисплатливо ќе биде автобус или пак ако сме помалце едно комбе да наполниме.. инаку за тие што учат, студираат или немаат константни приливи на пари еве ви идеја како да „заштедите“ една кутија само затворете ја убаво и ставајте се што ви останува железни до Септември ќе имате (плус) барем некои минимални 150 евра ако не ништо друго мада често испаѓаат и повеќе проверено веќе :D
 

DéJà Vu

hehehehe
Член од
6 мај 2012
Мислења
813
Поени од реакции
446
според мене подобро е да се патува со автобус/воз, стигаш на местото со група и заедно се движите. ако одиш со кола нема да бидиш рает, дали има паркинг, дали е сигурно, па да не дај госпо да ти рикни нешто на сред пат и ако незнајш да го средиш сам проблемот ќе ти искинат сервиси и шлеп службите.
BTW утре ако имам време ќе поминам до железничка и до автобуска и ќе се распрашам за карти, шо пари се од Битола. Ако можи некој нека се јави во WizzAir и нека праша колку пари се „пишман“ карти до Љубљана. Повратните од WizzAir ако се до кај 50-60 евра се исплаќа да се лета.
Ако знај некој шо пари оди смештајот во словенија нека кажи. посовреме да се напрај математика
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Јас од што имам видено на слики од местото е село/град.Според мене најдобро е да се соберете повеќе луѓе и да си изнајмите комбе или нешто такво и да си идете до таму.Ем ќе имате работи кај да оставате + за смештај нема да морате да кинете нерви дека градот е толку мал што и кошаркарите нема да бидат сместени во него дека нема место.Со комбе внатре си чуваш вреќа за спиење и решен проблем.Истото важи и за храна и за пиење што ептен ќе ви помогне со буџет.

Во местото најголем дел од популацијата се Босанци,со тоа и приватен смештај ќе биде тежок за наоѓање дека и Босанци ќе има еден куп 100%.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
Карти со авион под 99 евра со беа во еден правец тешко да најдеш до Љубљана..најдобро е со некој од превозниците Радика е 50е до Љубљана како и другите како Руле и Хисар.
Картите за во сала нема сигурно да бидат евтини како за ракометот како и пиење/јадење и смештај малце потешко пошто Јесенице е премал град :)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Браво за темава. Накратко јас што сум видел Јесенице е индустриски град кој се наоѓа на сама "граница" со Австрија односно до познатиот тунел Караванки. Градот е прилично мал, но населен со иселеници и работници скоро од цела бивша Југославија. Претежно Босанци и Срби овие првиве се доминанти. Салата моментално ја реновираат и е доста голема.
А бидејќи е одлично поврзана Словенија можеш да најдеш смештај и во Љубљана/Крањ и од до таму да патуваш што воопшто не е далеку. Кола е дефинитивно најдобар избор.

Мизерија некаде колку Берово ми се чини дека има популација, а и местоположбата им е слична.
Берово е одсечено од светот, ова Јесенице е главна рута кон западна европа пред се Германија и другите земји, автопатски е поврзан со цела Словенија и со Љубљана.
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Нај исплатливо е да си изнајмите комбе една група од неколкумина луѓе, и сами да си возите натаму. Ке имате и превоз да шетате низ Љубљана, Крањ. Инаку има многу македонци во Јесенице и во Крањ. Крањ - Јесенице мислам дека е околу 40 км. Претходно треба да се снајдете со спиење, проверете на страните за огласување во Словенија. Јесенице е едно ептен мало градче не знам колку жители има ама се наоѓа меѓу два рида стуткано :). Јас ќе одам, но преку Германија Австрија поради други планови. Ќе споделам некоја инфо плус во иднина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom