Група 2 (MKD, ESP, DEN, GER, CZE, SLO), главна фаза - Вараждин

Кои две селекции ќе одат во полуфинале?


  • Вкупно гласачи
    137
  • Гласањето е завршено на .

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Дали со 2 победи над Шпанија и Чешка ке бидеме сигурни за полуфинале(со Данска ни е последна) , направил некој некоја математика ?
100% da.... u toj slucaj danska 8 mkd 7 spa 6(dokolku tepa so nemacka i slo) ger 4 slo 3 ceska 2[DOUBLEPOST=1516403395][/DOUBLEPOST]Btw mislam deka slovencite se kadarni da i otkinat bod na spanija
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.698
@Colt Willcox дај напрај им калкулации на луѓево и да завршиме со тоа.
:icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:

Моментална ситуација:
1. Данска 4
2. Германија 4
3. Македонија 3 (-1)
4. Шпанија 2 (-1)
5. Чешка 2
6. Словенија 1

Дали Македонија оди понатаму со две победи од трите натпревари?
Да, ОСВЕН ВО ДВА СЛУЧАИ.
Словенија и Чешка ги отпишуваме со две победи. Ако ги тепаме Данска и Чешка, тогаш ќе имаме 7 поени. Ако изгубиме од Шпанија, Шпанците ќе имаат 4. Да речеме дека ќе ја тепаат Словенија и со Германија одиграат нерешено, а Германците ја добијат Данска. Тогаш, сите ќе имаме по 7 поени, ама ние сме најслаби во меѓусебни дуели.

1. Македонија ги тепа Данска и Чешка, губи од Шпанија. Единствен начин да отпаднеме е да Шпанија ги тепа и Словенците, а одигра нерешено со Германија, која ќе ги добие Данците исто така. Реално, мали се шансите да отпаднеме со овие две победи, која е веројатноста да одиграат нерешено Германија и Шпанија и да се поклопат сите резултати контра нас? :D

2. Ги тепаме Шпанија и Данска, губиме од Чешка. Тогаш нема дилеми, нема начин на кој би отпаднале.
3. Ги тепаме Шпанија и Чешка, губиме од Данска. Може да отпаднеме ако Данска одигра нерешено со Швабите, а претходно Германците ја добијат Шпанија. Тогаш сите ќе имаме по 7 бода, а ние ќе отпаднеме во минитабелата од трите тима.

Со други зборови ако добиеме две утакмици одиме понатаму со сигурност во случај 2, па може да се каже дека треба да сме огромни малери да не отидеме понатаму во случај 1 и случај 3.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.221
Поени од реакции
4.122
Добро е тогаш што пред нас во недела во 18.15 играат Германија - Данска , само нерешено значи да не биде .. Не би требало да играат на нерешено може на некој бодот да не му одговара ..

Значи најдобро е ние во недела да дадеме 200 % со Шпанија ако тука успееме со една нога сме во 1/2 ке ни треба само победа со Чешка после тоа ..
Овие две опции се најдобри да завршат во наша полза како и резултатот на Данска - Гер ..

По што ја не гледам начин ако изгубиме од Шпанија како би ја тепале Данска кога 20 часа претходно играме со Чешка а Данците башка имаат слободен ден ептен педерски ..

За нас со Шпанија и Чешка се мечеви на векот , па со Данска нека изгубат и 10 разлика :toe::)
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.072
Поени од реакции
11.057
Немој да се залетувате вака бе.Немаме изиграно ни еден меч од групава вие математики.Демек готово тепаавме ние 2 па сеа дали ни се поклопија резултатите. :facepalm:
Реално вака пред почетокот на мечевиве е да пружиме отпор на Шпанија,ама сеуште шансите за пораз се поголеми и пореални отколку да победеме.
Победа против Чешка и пораз против Данска.ОВА Е РЕАЛНОСТА И СООЧЕТЕ СЕ СО НЕА.
И јас сигурно како и вас се надевам дека ќе ги здрвиме шпанциве,ама треба да бидете подготвени и за пореалната варијанта од погоре.Огромни фаворити се.
Со шпанциве ми дава надеж едно нешто.Тоа што лани не не здробија како магарина, се држевме колку толку а игравме со Червар на клупа и можеби едно од најмизерните првенства.Никаква организација немавме ни хемија во тимот ни ништо.Е сеа со Раул и еуфоријата што не има фатено можеби ќе успееме да направиме чудо.Тоа е тоа што ми влева надежи.
 
T

Terroir

Гостин
3. Ги тепаме Шпанија и Чешка, губиме од Данска. Може да отпаднеме ако Данска одигра нерешено со Швабите, а претходно Германците ја добијат Шпанија. Тогаш сите ќе имаме по 7 бода, а ние ќе отпаднеме во минитабелата од трите тима.
Ако се прави мини табела гол разликата ли ќе одлучува помеѓу нас и Германците ?
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Многу е заебано, не знаеш за кој да навиваш да победи, дали Чешка или Германија, дали Словенија или Данска... Најубаво ќе биде да си ги тепаме ние сите и да не се замараме :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.698
Ако се прави мини табела гол разликата ли ќе одлучува помеѓу нас и Германците ?
Вo минитaбелите oд три тимa кoи имaaт истo бoдoви, рaнгирaњетo нaјпрвин се прaви пo мемусебните дуели.
Првиoт би имaл три бoдa, Гермaнијa би имaлa 2, ние 1 и зaтoa oтпaѓaме.
 
P

PewDiePie

Гостин
Колку е глуп овој Борко,јаде гомна за Червар индиректно го прави жртва пред хрватскиве медиуми и спортисти и сеа од инат за него ќе земат ќе ги победат Норвешка и Франција а да не зборам дека ќе играат како будали против нас во евентуално полуфинале :tapp:, До сеа беа клинички мртви хрвативе и по игра и по атмосфера овој куртонот ги оживува со вакви ретардирани изјави :гомце:

Пу бе да ти ебам телето кратковидо.
 
Член од
4 декември 2014
Мислења
313
Поени од реакции
259
Дечки мое мислење е дека клуечен меч е утре против Шпанија,извадиме ли поволен резултат со нив (нерешено) тогаш 95% играме полофинале,очекувам Чешка да ја добиеме иако ќе биде доста тежок меч,а со Данците мислам би биле задоволни и со бод,реално со нив тешко,летаат по теренот..
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Колку е глуп овој Борко,јаде гомна за Червар индиректно го прави жртва пред хрватскиве медиуми и спортисти и сеа од инат за него ќе земат ќе ги победат Норвешка и Франција а да не зборам дека ќе играат како будали против нас во евентуално полуфинале :tapp:, До сеа беа клинички мртви хрвативе и по игра и по атмосфера овој куртонот ги оживува со вакви ретардирани изјави :гомце:

Пу бе да ти ебам телето кратковидо.
Зашо инаку немаа доволно голем мотив да ги победат Франција и Норвешка, ама Борко ефект, од инат сеа :D
А па за евентуалното полуфинале да не зборам, планираа да ни ја пуштат, ама овој нашиов многу коментира, сеа крв ќе плукаат да не тепаат.
 

placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.357
Поени од реакции
3.132
P

PewDiePie

Гостин
Не битно,нека си ги решава неговите лични проблеми со Червар приватно,не да привлекува непотребно внимание и да влијае на тимското расположение во ваква ситуација кај што имаме и бодови и игра не треба вакви глупи изјави на сред првенство да се даваат.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ете го и Трендо копукот, дај бе луѓе не туку ширете негативна енергија и да додавате значење на гниди. Што луѓе ќе бевме негативни
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Не смееме да одиме во мечевите со девизата АБЕ НИЕ СО ГЕРМАНИЈА ЗА МАЛКУ ЌЕ ТЕПАВМЕ, не пак со Чешка, тоа ќе е автогол.
Да не прајме муабет за првокласни репки како Шпанија и Данска..
Да не се лажиме, Данска на ова ЕП во секој поглед е посилна од Германија.
Германците се или тотално прочитани, или навистина не се таа класа за која сите мислевме дека се.
Шпанија е веќе друга приказна, но и тие не ми се верува да се послаби од Швабите, баш напротив, не смееме да се залетуваме со нив, а ако не бидеме концентрирани и со Чесите како што се палат со нас ќе биде многу заебано.
Тоа што Словенија и Германија го играа со нас, технички грешки, безидејност во напад, ова сигурно нема да го играат Шпанците и Данците ( дај боже да грешам), иако лесно може да се предвиди дека нема да имаат толку многу фрлени топки во аут, или дека нема да ни направат вишок, посебно Данците, која школа се овие:shook:, од пионери сигурно уште од старт ги тренираат брз проток на топка и правење ситуација за чист шут кон гол, страшно нешто.
Мене ме плаши нашиот променлив пристап кон мечевите, речиси на секое првенство (од 2009 досега) ќе изигравме еден меч во висок ритам на наредниот како сосема други играчи да излегуваа на терен, и губевме од кој стигниме, променливост во игра и пристап кон меч -левел експерт.
Се надевам дека тие времиња се зад нас.

Сега ќе се види во Вараждин дали сме ја научиле лекцијата, дали сме заслужиле да седиме на масата на големите или ќе се задоволиме со трошките.
Да не скокаме дека вредиме, мора на терен да се покажеме, играме против играчи кои освојувале ЕП, СП, ОИ, ракометари кои играат во најсилните екипи во светот со милион утакмици зад себе како оние нашите со Словенија и Германија .
Па и за Чесите чии играчи играат во Ловосице, Талант Плзен, Татран и компанија ќе треба максимум да дадеме.
Се надевам, уствари сигурен сум дека добро работеле овие дена, дека тактичката подготвеност нема да не изневери, па на терен да се пробаме.
Шпанците кој и да дојде за селектор играат речиси исто, широка ротација, по некој шаблон на делење минутажа на играчите по некои 30ина минути.
Во одбрана стандард, двајцата киклопи-Гедеон Гвардиола и Виран Морос, добро е што сеуште не ги менуваат овие, и мора да забават за да се заменат, што нема да е случај со Данците кои далеку помалку ротираат одбрана-напад и имаат повеќе можност да ни направат брза транзиција.
Чесите им влегоа во машината и за само 10 минути беа сомелени, Унгарците на пример дадоа далеку посилен отпор.
Мора да се пронајде некое чаре да ги забавиме, да ги натераме да грешат, немаат такви бекови како Данците, пробивни , брзи на прв чекор, кои ќе распалат од било која позиција, имаат техничари да, но немаат такви опасни шутери како Данците па би требало полесно да се справиме со нив, освен можеби со Алекс кој добро не знае, но и ние го знаеме него, да ги натераме да се мачат за головите, ако им дозволиме лесни голови многу потешко ќе оди во напад да компензираме, посебно ако ги разбраниме нивните голмани, нападот не ни е сјаен, сигурно немаме некои добри офанзивни статистики.
Значи не е само Борко да има 10 одбрани ако процентот е низок, мора тие одбрани да бидат добро распределени за да има некој ефект,а нападот да го подобриме, барем за неколку процентни поени за да има некој ефект.
Добра одбрана, збиена, чести прекини, да ги принудиме на технички грешки и неизградени шутеви, паметно да се одигра, или да се избере некоја тактика, или да се затворат бековите, па да се остави повеќе простор за крила, или пак да се остават да дишат бековите со развлечена зона околу линија од 6 и да се затворат Агинагалде и крилата, многу од ова ќе зависи и ефектот на БОРЕТА наш.
Би требало и тој да фати нешто повеќе од неговиот просек, сепак добро ги познава и тој, го знае нивниот менталитет, нивниот стил на игра, ваљда ќе знае кај треба да се постави.
Со паметна игра, и се надевам на некое тактичко изненадување од страна на Раул да пробаме да видиме до каде сме.
Шансата е сега, и којзнае дали и кога пак ќе имаме ваква шанса за полуфинале, во Србија за малку не искористивме, се надевам сега ќе имаме повеќе среќа, тогаш имавме се само не среќа.
Многу работи ќе бидат појјасни утре.:oeoeoe:
 
Член од
13 јануари 2013
Мислења
1.537
Поени од реакции
1.172
Борко 10 години се шлепа во репрезентација благодарение на Кире, кој исто така го прошлепа и во Барселона. Инаку да не беше Кире овој единствено би ги збирал топките на тренинзи, ако и тоа го знае да го прави!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom