Група Д ( DEN, SPA, HUN, CZE ) - Вараждин

Кои репрезентации ќе ја поминат групата?

  • Данска

    Гласови: 33 97,1%
  • Шпанија

    Гласови: 33 97,1%
  • Унгарија

    Гласови: 28 82,4%
  • Чешка

    Гласови: 3 8,8%

  • Вкупно гласачи
    34
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Вараждин ќе ја има улогата да биде домаќин на групата Д. Натпреварите ќе се играат во за нас добро познатата „Вараждин Арена“ која има капацитет од 5200 седишта.



Данска:


Тешка задача го очекува актуелниот олимписки шампион. Данска е репрезентацијата со најголема колекција на освоени медали од европските натпреварувања. Два златни медали (2012; 2008), еден сребрен (2014) и три бронзени медали (2002; 2004 и 2006). Екипа предводена од добро познатиот Ландин Јакобсен кој го превзема кормилото по неуспехот на Гудмундсон на светското првенство во Франција претходната година, кога беа елиминирани уште во осминафиналето од страна на Унгарија. Нема сомнеж дека амбициите на Данците на ова првенство ќе бидат високи, поткрепени со квалитетен и длабок состав на играчи.

Левата и централната бековска позиција е составена од Расмус Лауге од Фленсбург, Менсах Ларсен од актуелните германски шампиони РНЛ и Мортен Олсен од Хановер. Сите тројца доаѓаат во топ форма со одлична полу-сезона на клупски план. Секако тука се и Микел Хансен од ПСЖ (за кој нема потреба да се трошат зборови) и Дамгард од Магдебург како два класични леви бекови-шутери. Десната бековска позиција е малку осетлива по повлекувањето на искусните Сондергард и Кристијансен од репрезентацијата, па на нивно место се повикани Петер Балинг од данскиот прволигаш Холстебро и Никлас Киркелоке од ГОГ за кои се очекува да превземат дел од товарот.

Како леви крила ги имаат Каспер Мортенсен од Хановер и како негова замена Магнус Ландин Јакобсен од Колдинг. За оние кои не знаат станува збор за помалиот брат на голманот Ландин Јакобсен кој ќе му прави друштво во Кил од следната (2018/2019) сезона. Десната крилна позиција ќе ја покриваат Ханс Линдберг од Берлин и Ласе Сван од Фленсбург.

Браќата Тофт Хансен од Кил и Фленсбург како и Андерс Захариесен како пикери. Рене Тофт Хансен и Мелгард со сигурност ќе го сочинуваат тоа централно дефанзивно дуо на 3-ка и 4-ка, а позади нив на гол Ландин Јакобсен од Кил и Јаник Грин од Магдебург.

*играчи на кои сметам дека треба се обрне внимание: Никлас Киркелоке; Магнус Ландин Јакобсен


Шпанија:


Репрезентацијата која поседува два златни медали од СП (2005; 2013) четири сребра (1996; 1998; 2006 и 2016) и две бронзи (2000; 2014) од ЕП силно посакува и првиот златен медал да се најде во нејзината колекција. Селекторот Жорди Рибера се обидува да го обнови тимот кој својот врв треба да го достигне на ОИ 2020.

Голманската позиција ќе ја сочинуваат веќе добро познатите Перез де Варгас од Барселона и пајакот Родриго Коралес од ПСЖ. Леви бекови се: Жоан Кањељас од Вардар, Иоуси Гони кој настапува во француското првенство за тимот на Аикс, а тука е и Даниел Душебаев (помалиот брат на Алекс) кој одигра доста добра полусезона во дресот на Целје и кај кого се забележува сериозен напредок. Ветеранот Раул Ентрериос од Барселона и Даниел Сармиенто од Сеинт Рафаел ќе ја сочинуваат централната бековска позиција. Левораки бекови се Едуардо Гурбиндо од Нант и поранешниот вардарец Алекс Душебаев кој сега настапува за тимот на Киелце.

За мене, големо изненадување е изоставувањето на десното крило и капитен на Барселона – Виктор Томас. На негово место е повикан Феран Соле од Тулуз, како и Давид Балаугер од Нант за кој што верувам и дека ќе биде прва опција на десно крилната позиција. Како леви крила се повикани Валеро Ривера од Барселона и Ангел Фернандез од Ла Риоха.

Пикерската позиција ќе ја сочинуваат Гидеон Гвардиола од РНЛ, Хулен Агинагалде од Киелце и Адриа Фигуерас од Гранолерс. Да не го заборававам и Виран Морос од Барселона кој заедно со Гвардиола ќе ја сочинуваат таа касапска одбранбена двојка.

Се на се, Шпанците поседуваат добро избалансиран состав помеѓу младост и искуство, останува да видиме колку добро ќе успеат да ги вклопат тие две карактеристики.

*играчи на кои сметам дека треба се обрне внимание: Даниел Душебаев


Унгарија:


Маџарите, како што би ги нарекол нашиот поранешен репрезентативец Наумче Мојсовски се спремаат за почеток на една нова ера под водство на Љубомир Врањеш кој од летото 2017 седи на клупата на Веспрем. За Унгарците ова ќе биде 11-то учество на европските ракометни првенства и ќе се обидат да го надминат својот најголем успех од 1998 кога го освоија шестото место.

Искусниот Габор Часар од Шафхаузен, Мате Лекаи од Веспрем (кој игра феноменално овие неколку месеци) и младиот Адам Јухаш од Татабања ќе бидат задолжени за организација на нападот. Јухаш е играч кој одлично се снаоѓа и како лево крило, каде што и би требало да е повеќе користен со оглед на тоа што Врањеш патува само со едно класично лево крило во името на Давид Фекет од Будакалаш. Левата бековска позиција е доста млада со Иман Џамали и Патрик Лигетвари од Веспрем, како и бомбардерот Ричард Бодо од Сегед. Легендата на унгарскиот ракомет Ласло Наѓ се повлече од репрезентацијата па така на десната бековска позиција на Врањеш на располагање ќе ги има Жолт Балог од Сегед, Габор Анчин од Веспрем како и младиот Донат Барток кој настапува за бундеслигашот Лемго.

Повикани се дури четири пивоти меѓу кои се: Тимушин Шух од Веспрем, Бенце Банхиди од Сегед, Жаболч Жолоси од Татабања како и Урош Виловски кој настапува за романски Одорхеи.

Позицијата десно крила ќе ја сочинува дуото Петер Хорнак од Балатон и Адам Орзаг од Дабас. Унгарците ги краси добра 6-0 одбрана, најчесто само со една измена во транзиција. Голмани се Адам Борбели од Висла Плоцк и Роланд Миклер од Веспрем.

Што ќе успее да направи Врањеш за толку кратко време останува да видиме. А, да унгарскиве имиња се смрт за читање и изговарање така да сигурно сум направил некаков лапсус :).

*играчи на кои сметам дека треба се обрне внимание: Адам Јухаш; Донат Барток


Чешка:


За нас позната репрезентација, против која играме редовно во последниве неколку циклуси. Ова ќе биде осмо учество на ЕП за составот на Јан Филип и Даниел Кубеш чиј најголем успех е шестото место во 1996 во Шпанија. Морам да кажам дека од цело ЕП Чешка е најверојатно репрезентацијата со која сум најмалце запознаен бидејќи најголем дел од играчите им играат во лиги кои не се лесно достапни за следење.

На голманската позиција ветеранот Томас Галиа кој настапува за полскиот Горник Забрзе како и Томас Мрква од Балинген.

Голем пех за Чесите е повредата на централниот бек на Бергишер Томас Бабак. Роман Бечвар од германскиот Елбефлоренц, Јакуб Свитак од Дукла Прага се повикани на оваа позиција, како и Андреј Здрахала од Сент Гален кој по подолга пауза се враќа во составот. Павел Хорак од Мешков, Михаил Касал од Татран и Јан Ланда од чешкиот Лосовице како леви бекови. Станислав Кашпарек од унгарскиот Балатонфуреди, Јан Штелик од Талент Плзен и Диеудоне Мубензем од Дукла Прага како десни бекови.

На десно крило Томас Чип од Татран и Јан Собол од Дижон, Франција играчи кои на македонската публика и се добро познати. Јакуб Хрстка од Татран и Милан Котрч од Бергишер на лево крило.

Во улога на пикери Леош Петровски од Бергишер, Петр Шлахта од унгарски Дабас и Штепан Земан од чешкиот Зубри.

Според мене (а и сите останати) убедливо најслаба селекција во оваа група, но шансите за изненадување на вакви првенства каде што еден меч и една топка решаваат, секогаш постојат.

*играчи на кои сметам дека треба се обрне внимание: Диеудоне Мубензем
 
Последно уредено:
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Само да напоменам околу играчите наведени со болдирано. Тоа се играчи кои се млади во поглед на години или во поглед на репрезентативни настапи (или пак и двете), за кои јас лично сметам дека се талентирани и доколку добијат шанса дека ќе се покажат во добро светло.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Веројатно најтешката група на првенството. Шпанија и Данска стандардно фаворити за медал. Унгарија, многу сериозна репрезентација која ќе проба да се вмеша во борбата за висок пласман. Чешка е тотален аусајдер во ваква конкуренција. Ајде една по една...

Шпанија - постепено Шпанците го подмладуваат тимот и одржуваат резултатски континуитет. Иако се меѓу фаворитите за медал, на ова ЕП јас сепак повеќе би ги сместил меѓу фаворитите од сенка, отколку меѓу главните фаворити. Солидна стабилна екипа, која не би требало да киксира нешто посебно и гарант ќе бдат во топ 5-6 екипи, но и C и D групите се такви што квалитетни репрезентации ќе мора да отпаднат од битката за медал.

Данска - Имаат одредена "дупка" на десен бек, но во принцип Данците се доста длабока и сериозна екипа, особено на клучните позиции - лев и среден бек каде имаат многу разноврсни опции. Во принцип во слична ситуација се како Шпанија, но ако морам да бирам јас би типувал на Данска дека ќе заврши на првото место во групата и со тоа да влезе со поголеми шанси за полуфинале.

Унгарија - Подмладената Унгарија водена од еден од најдобрите тренери Врањеш е можеби најпотценета репрезентација на цело ЕП. Имаат комплетна екипа, млада, со желба и енергија за надигрување. Воопшто нема да ме изненади ако се пробијат на повисока позиција и шокираат некои од фаворитите. Еден куп млади двометраши диригирани од Мате Лекаи на среден бек кој игра во животна форма.

Чешка - Нема многу што да се коментира. Тотален аутсајдер во оваа група. Се пробиваат на првенства повремено бидејќи одлично играат дома, но на самото првенство ќе ја немаат таа поддрша и не гледам реална можност за посерозен резултат.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Кањелас распали:boksix:.
П.С.
Каспарек, десниот бек на Чешка, добар, добар копиљакот, топ у руката има.:aplauz:
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.228
Поени од реакции
6.709
Чешка тепаа со Данска,и тоа последните 2 минути му исклучија 2-ца играчи судиите :vozbud:. Голманов на Чешка ги отпиша идиотиве,17 одбрани имаше,и зицер на крајот на Расмус Лауге. Последно коло Шпанија-Данска,ако тепаат Шпанија,Данците си одат дома :icon_lol:
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Чешка тепаа со Данска,и тоа последните 2 минути му исклучија 2-ца играчи судиите :vozbud:. Голманов на Чешка ги отпиша идиотиве,17 одбрани имаше,и зицер на крајот на Расмус Лауге. Последно коло Шпанија-Данска,ако тепаат Шпанија,Данците си одат дома :icon_lol:
Ne tresi zeleni.. danska nema teorija doma da odi... posto ungarija 0 bodovi imaat a megju sebe igraat ceska ungarija.. teoretski ako tepa madzarska 3 ekipi po 2 boda ke imaat a u toj skor danska vleguva so +6 .... (tepaat 7 razlika izgubija 1)
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.228
Поени од реакции
6.709
Ne tresi zeleni.. danska nema teorija doma da odi... posto ungarija 0 bodovi imaat a megju sebe igraat ceska ungarija.. teoretski ako tepa madzarska 3 ekipi po 2 boda ke imaat a u toj skor danska vleguva so +6 .... (tepaat 7 razlika izgubija 1)
Најголемиот тресатор на зелени ми вика да не тресам зелени :D Моја грешка,денес мислев нерешено завршила Шпанија-Унгарија
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Најголемиот тресатор на зелени ми вика да не тресам зелени :D Моја грешка,денес мислев нерешено завршила Шпанија-Унгарија
Informiraj se pred da pises
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Ова го надминува и поразот на Норвешка од Литванија, во квалификации мислам беше. Го пробија дното.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.214
Поени од реакции
4.958
Некој убо се опарил од бет365 :D После не местеле, ај бе гитла таму, Шпанија ги избуши како сака Чешка, демек овие не можат, ептен матна утакмица, сега Данска ќе ја тепа Шпанија, а Унгарија ќе ги добие Чешка и ќе одат понатаму, Данска со 4 бода, Шпанија со 2 и сите среќни весели....
МАФИЈАШИ !
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Ова го надминува и поразот на Норвешка од Литванија, во квалификации мислам беше. Го пробија дното.
После и Франција ги изнамачија што се испостави дека сепак тие Литванците не биле толку слаби :D...мене ме чуди како Романија на толкави вложвања во ракометот сеуште нема капацитет да учествува на едно големо натпреварување..Романија од нас се светлосни години понапред во поглед на општите услови за ракомет како што се спортски сали,финансиски стабилни клубој,организирана лига во секој можен сегмент,ракометни школи....не знам што се случва со нив искрено .
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.206
Поени од реакции
7.992
После и Франција ги изнамачија што се испостави дека сепак тие Литванците не биле толку слаби :D...мене ме чуди како Романија на толкави вложвања во ракометот сеуште нема капацитет да учествува на едно големо натпреварување..Романија од нас се светлосни години понапред во поглед на општите услови за ракомет како што се спортски сали,финансиски стабилни клубој,организирана лига во секој можен сегмент,ракометни школи....не знам што се случва со нив искрено .
Романија и организирана лига не идат никако у иста реченица. Каша попара им се лигите во секој можен спорт, не само ракомет.Матни игри и корупција на секој чекор. Клубови никнуваат и згаснуваат преку ноќ. Исфрлаат тимови од лига поради матни трансфери, беспарица, местење и други чуда и врагови. Дно се Романија на ова поле.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Финансиски стабилни клубови во Романија, немој да ме јебеш бре. Што вика Бјанконеро денес го има клубот, утре му ставиле катанец.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Романија и организирана лига не идат никако у иста реченица. Каша попара им се лигите во секој можен спорт, не само ракомет.Матни игри и корупција на секој чекор. Клубови никнуваат и згаснуваат преку ноќ. Исфрлаат тимови од лига поради матни трансфери, беспарица, местење и други чуда и врагови. Дно се Романија на ова поле.
Финансиски стабилни клубови во Романија, немој да ме јебеш бре. Што вика Бјанконеро денес го има клубот, утре му ставиле катанец.
А па ние сме Германија за нив богами...нема поголемо дно од нас ..Романија ако ништо друго имаат топлификација во салите и клубовите му се професионални со редовни плати(барем тие што имаат),додека кај нас играчите играат рекреативно.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom