Финале: Бразил - Србија
Научно-новинарски тадем ја претстави формулата според која "кариоките" ќе ја освојат титулата светски првак во ЈАР совладувајќи ги "орлите", кои во полуфиналето ќе го елиминираат европскиот првак Шпанија
Репрезентацијата на Бразил на Светското фудбалско првенство во Јужна Африка ова лето (11 јуни - 11 јули) може да ја очекува својата шеста титула, а Србија својот најдобар резултат на мундијалите - второ место. Ова се предвидувањата на новинарот Сајмон Купер и научникот Стефан Симански.
Авторите на книга "Зошто Англија губи" на светот му ја претставија математичката формула според која во финалето на Мундијалот ќе играат Бразил и Србија.
Употребувајќи нестандардни статистички методи, како што се земањето за фудбалски потреби на податоците за бруто-општествениот производ, големината на популацијата и повеќедециниските остарувања на теренот, овој научно-новинарски тандем тврди дека со нивната формула предвидувањата на исходите на меѓународните натпревари може да се погоди во речиси 3/4 случаи.
Користејќи ја оваа математичка формула Купер и Симански дојдоа до заеднички заклучок дека Србија ќе биде втора во групата во која на првото место ќе заври Германија.
Патот на "орлите" по ова станува интересен: Избраниците на Раодмир Антиќ по ред ќе ги совладуваат репрезентациите на САД, потоа Јужна Кореја во четвртфиналето, актиуелните прваци на Европа, Шпанците, во полуфиналето, а потоа во финалето ќе загубат од Бразил во борба за титулата наменета за светскиот првак.
За потребите на ова истражување Сајмон Купер и Стефан Симански истражуваа статистички потатоци од сите држави кои имаат претставник на Мундијалот во ЈАР, а притоа тврдат дека со математичката формула што ја создадоа можат да го погодат исходот на меѓународните фудбалски натпревари во дури 72 отсто стручаи.