Група Д (Германија, Австралија, Србија, Гана)

Статус
Затворена за нови мислења.

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Две од овие гледав па може да прокоментирам.

Ретко давам вакви коментари ама ако Италија помине 1/4 финале имаш 3 пива од мене. Не можат вол да убодат од пола матро, таква ретардирана игра немам видено од национална селекција на Куровмојстан а за жабарите беше жива срамота. Подобро во геријатрија нека одат отколку во ЈАР. Комотно можеше Мексико 3-4:0 да победат. Толку за Италија.

Германија гледаше или онака си прокоментира? Напред играта е празник за очи. Озил, Милер, Марин, Кроос, Подолски, Какау, Швајни... Проблем е единствено неискуството. Ако си гледал и сам си видел што зборувам а ако си се тешиш или ако оставаш коментари колку да билдаш постови тогаш... :jaj:

--- надополнето ---

:music5:
Геријатрија, светски прваци.
 
Член од
26 август 2009
Мислења
215
Поени од реакции
41
Чита, читам и неможам даверувам какви коментари а со тоа воедно и какви луѓе има кај нас. Јас сум навивач на Србија и објективно гледам на работите иако се надевам дека Србија ке заврши на 1 место во групата. Германија е фаворит пред се поради славата. Но многу е далеку од тоа дека Србија неможе да ја победи Германија. Зборувате само некои глупости па еве напрајте ја наједноставната пресметка споредувајте еден по еден играч на секоја позиција и тогаш кажете дали Германија е толку надмоќна во однос на Србија што некој од тука ги праќаат дома уште не пристигнати Србите. Доста интересна група ќе биде интересно и се надевам дека Србија ќе помине позз.
 
Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Германија губи на полувреме ама тоа е сепак Германија и игра до крај,сакам да ти кажам не избрзувај со реакциите:smir:
Не ми беше намерата да се исмејувам на пораз на било која репрезентација на пријателски меч, само на некој начин ве потсетувам дека резултатот од пријателски натпревар немора да значи ништо, бидејќи вистинското знаење на земјите учеснички на СП допрва ќе го гледаме и тогаш може да даваме коментари :helou:
 
Н

'Никола'

Гостин

Епа другар, јас колку што прочитав, никој од навивачиве на Германија не пиша прв ништо за вечерашниов натпревар тука на оваа тема, туку други одма почнаа со коментари "еј губите хахах". И јас цело време кажувам не се никаков фактор пријателскиве утакмици, тие се само за тренерите да увидат како се уиграни и што треба да се корегира пред големиот настан.
Кај Германија тоа се видело вечерва, нема тука да замарам со тоа, кој го интересира има во фан клуб Германија.
И пак ќе кажам, не туку се препукувајте со глупости, дајте нешто поцивилизирано да пишуваме, а не "не може нам нико ништа" или "дојче убер алес".
Не знам дали имам пишано али ај еве, моментално Германија со овој состав што го има е многу опасна и не треба да се отпишува за титулата. Сите овие деца се одамна уиграни во младинската репрезентација и беа прваци во категориите до 17 и 19 години. Опасен тим имаат.
И Србија го има можеби најдобриот состав досега што го имала, но сепак мислам дека нема да слават над Германија, и дека ќе завршат второ место во групата. Нормално тоа е мое мислење и не мора ништо да значи. Тука си и Гана и Австралија кои што ептен се запоставени во коментарите, а не треба, од проста причина што не се воопшто слаби и секако дека барем една од нив ќе им посмета на "фаворитиве" за првите две места. Затоа оваа е една од најинтересните групи.
 
Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Епа другар, јас колку што прочитав, никој од навивачиве на Германија не пиша прв ништо за вечерашниов натпревар тука на оваа тема, туку други одма почнаа со коментари "еј губите хахах".
Да, да... не пишаа за вечерашниот, но 10 страни напишаа за поразот на Србија од Нов Зеланд... тој пост ми беше со сарказам, незнам дали си ме разбрал доволно... се сложувам за другото :wink:
 
За тоа и другиве не заостануваат, така да израмнети се силите.:pos:
Туку да не знае некој, мислам дека 15 пати прашав, никој не ми одговори, дали Есиен се опорави или нема да го игра Светсково?
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Нема да игра. Со него типував на Гана од Африканците ама без него сега веројатно останува на БСК...

--- надополнето ---

Геријатрија, светски прваци.
Колку играчи има од тој состав кој славеше пред 4 години?

И Германија на пример има многу млад и неискусен состав но тоа што го прикажуваат тие играчи по клубовите цела сезона како и успесите кои ги имаа заедно на младински нивоа (ги држеа во еден момент сите титули светски прваци во младински категории) ветува доста. Од најдобриот италијански тим нема ниту еден Италијанец во репрезентација додека костурот на германската репрезентација игра за Баерн.
 
Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Нема да игра. Со него типував на Гана од Африканците ама без него сега веројатно останува на БСК...

--- надополнето ---

Колку играчи има од тој состав кој славеше пред 4 години?

И Германија на пример има многу млад и неискусен состав но тоа што го прикажуваат тие играчи по клубовите цела сезона како и успесите кои ги имаа заедно на младински нивоа (ги држеа во еден момент сите титули светски прваци во младински категории) ветува доста. Од најдобриот италијански тим нема ниту еден Италијанец во репрезентација додека костурот на германската репрезентација игра за Баерн.
Што има врска ако не игра Есиен бе па пак се кадарни барем до 1/8 финале ако ништо повеќе...
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Прашање е. Физички се секако екстремно спремни ама треба и лидер на теренот. Не знам дали имаат таков во отсуство на Есиен. Сепак е екстремно важен играч за нив и не сум баш сигурен како ќе се снајдат без него. Гана беа светски прваци сега во у20 мислам ама не ми се верува дека ќе има некој од тој состав во ЈАР.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Еве, да претставам еден играч од селекцијата на Србија, можеби нивниот клучен играч, еден од најдобрите плејмејкери и техничари во светот, Милош Красич.

Член од
9 ноември 2009
Мислења
326
Поени од реакции
56
Еве, да претставам еден играч од селекцијата на Србија, можеби нивниот клучен играч, еден од најдобрите плејмејкери и техничари во светот, Милош Красич.

А бе што да ти кажам, новиот Кристиано Роналдо :pos2::pos2::pos2:
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
А бе што да ти кажам, новиот Кристиано Роналдо :pos2::pos2::pos2:
Красиќ е престар за да биде било чиј наследник, следните 3 сезони ќе му бидат најзрели и најдобри во кариерата.
Во врска со глупавата споредба што ти ја направи, јас лично би рекол дека во обичен тим Красиќ е покорисниот, Роналдо е поатрактивниот играч, иако воопшто не ни играат на исти позиции.
Роналдо е далеку поофанзивно ориентиран од Красиќ, Роналдо би го дефинирал како Advanced Playmaker, а Красиќ како Box to Box Midfielder, со оглед дека е доста солиден и во дефанзивни задачи и знае одлично да повлече акција длабоко од своја половина во напад, ќе го забележеше тоа ако го видеше клипот.
Али, јебига, не игра дечкото у Реал Мадрид или Манчестер па ти да му маваш респект, шо знаат клинци од фудбал кога пораснале со Роналдињо, а јас со Бергкамп.
Поздрав.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Овој Красиќ требапе да биде замена за Рибс ако овој не потпишеше па мора да го бива за нешто. Дека имаат најдобар тим во последниве 20тина години Србите - имаат, само тоа не е никаква гаранција...
 
Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Овој Красиќ требапе да биде замена за Рибс ако овој не потпишеше па мора да го бива за нешто. Дека имаат најдобар тим во последниве 20тина години Србите - имаат, само тоа не е никаква гаранција...
Подобра беше генерацијата со Стојковиќ, Савичевиќ, Михајловиќ, Мијатовиќ и компанија само што во зенитот бевме под санкции.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Како што кажа Милојко имаа Србите и подобра генерација,оваа некако ми е јака во одбранта.Мислам дека имаат меѓу најјаките одбрани на СП но нападот им е рупа.И самите изјавија дека реализацијата е најголем проблем.Сите акции се одвиваат преку Красиќ ако тој не игра 50% натпреварот завршува без гол за Србија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom