Група А (CRO, SRB, MNE, BLR) - Грац

Кои 2 репрезентации ќе ја поминат групата

  • Хрватска

    Гласови: 32 100,0%
  • Србија

    Гласови: 11 34,4%
  • Црна Гора

    Гласови: 5 15,6%
  • Белорусија

    Гласови: 13 40,6%

  • Вкупно гласачи
    32
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
19 август 2010
Мислења
3.568
Поени од реакции
8.184
Победите на оваа Хрватска ќе траат се додека не се соочат со топ 5 фаворити. Франција, Данска, Шпанија, Норвешка, Шведска. По мене немаат некои шанси против овие репки. Можда против Шпанија ќе успеат да исчепкаат нешо ама чисто сумњам. Им се погоди групата и начинот на организација на ЕП. Исто така не би им дал сигурни победи и против Словенија и Белорусија, иако имаат улога на фаворит.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
So vakva igra lesno moze i Belorusija da gi nasljaka

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Ќе видиме, Хрватска и не одигра така лошо со Дувњак напред на 5-1. Алтернативните опции секако се само за да не се троши Дувњак премногу против послаби противници, не би кревал премногу врева околу тие минути. Јас мислам дека ќе стигнат до полуфинале, а таму се е можно.
 
Член од
7 ноември 2019
Мислења
2
Поени од реакции
1
Ја потценувате многу Хрватска, треба да се има предвид дека ги имаат 3 од најдобрите 10 бекови во Европа. Имаат одлична школа за вадење на млади играчи. По мене најслаба карика им е Червар и голманите. Червар имаше бар 2 голмани подобри од резервниот голман да викне и имаше бар 2 играчи подобри од резервите кои ќе му направеа разлика на терен. Голманите им се најслаба точка. Ако фатат нешто имаат добри шанси за полуфинале. Клучен натпревар им е против Србија поради политичкиот набој, они секогаш играат тешко со нив, ако тепаат по мене играат 1/2 финале.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.914
Поени од реакции
1.766
Французинките ја судат Хрватска-Белорусија.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Хрватите и без помош на голманите играат доста јако и водат 15-10 на полувреме со Белорусија.

Французинките ја судат Хрватска-Белорусија.
Аууу, овие само нас да не ни судат.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
И Белорусија ќе ги тресне,а ? :kuracc:
Реално, Хрватска шанса за полуфинале има само затоа што им се погоди ждрепката и тоа е факт.Што поради матни игри во сојузот, што поради тоа што не се така доминантни веќе и што конкуренцијата е поголема од кога и да било, арно ама за овие репрезентации од групава сеуште се институција и мислам дека и ќе останат уште долго. Ако најдам време деновиве ќе напишам една подетална анализа на слекцијата и се што приметив до сега.

Инаку поради ждребот реално треба да одиграат само 1 врвна утакмица (Шпанија или Германија) за да стигнат во полуфинале и таму пак ќе ги чека претепана селекција која што ќе мора да крв да измоча за да стигне до полуфинале. Полудиригираниве ждрепки се права катастрофа.:tapp:

p.s Дувњак е дефинитивно најдобар преден играч во 5-1 одбрана на светот.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Поопасно нешто од потценета а здрава ваква репрезентација како Хрватска нема. Ги уништија Белорусите од 1 минута.

Точно е дека многу им помага ждрепката, ама и објективно имаат капацитет, малку е претеран муабетот за нивната слабост. Загубија на ротација со повредите, ама основниот состав првите 10 играчи им се одлични.

Многу работи ќе зависат од здравјето на Дувњак и Циндриќ како и ефектот на Шего. Но во секој случај 5-1 со Дувњак напред е одбрана со која може да одат до медал. Во напад имаат премногу индивидуален квалитет во Карачич и Циндриќ, како и шутерски способности во Степанчиќ за да имаат проблеми против било кого.
 
M

Macedon1um

Гостин
Некој линк за стрим да даде за натпреваров Србија - Црна Гора ?
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Инаку поради ждребот реално треба да одиграат само 1 врвна утакмица (Шпанија или Германија) за да стигнат во полуфинале и таму пак ќе ги чека претепана селекција која што ќе мора да крв да измоча за да стигне до полуфинале. Полудиригираниве ждрепки се права катастрофа.:tapp:
Голем оптимист би бил за Хрватска во евентуален дуел Хрватска - Шпанија. На Шпанците ептен не им лежи Хрватска, можеби единствена репрезентација со која секогаш имаат огромни проблеми.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.568
Поени од реакции
8.184
Ја уште стојам на тоа дека коа ќе им дое некој од Франција, Данска, Норвешка или Шведска на Хрватите го јадат. Е сеа тоа што ждрепката е таква да избегнат некои од овие пред полуфинале тоа е друго. Ќе видиме на крај како ќе биде :D .
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.910
Поени од реакции
84.317
Ја уште стојам на тоа дека коа ќе им дое некој од Франција, Данска, Норвешка или Шведска на Хрватите го јадат. Е сеа тоа што ждрепката е таква да избегнат некои од овие пред полуфинале тоа е друго. Ќе видиме на крај како ќе биде :D .
Франција нема група да помине :D
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Каква комедија се Србиве... Класичен балкански дуел со Црна Гора, многу ќотек, многу емоции, малку глава. Иако е 1 разлика, Црна Гора многу повеќе знаеше што сака и делуваше многу поуиграно и тактички подготвено, иако капацитетот им е лимитиран. Србија по првите два натпревари наликува како една од најслабите екипи на првенството.... Не дека не се борат, толку борбена Србија одамна не сум видел, ама џабе е борбеност кога се игра без разум, исклучиво само на желба и емоции...

П.С. Неверојатно во каков пикер прерасна Грбовиќ, многу потценет играч.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Голем оптимист би бил за Хрватска во евентуален дуел Хрватска - Шпанија. На Шпанците ептен не им лежи Хрватска, можеби единствена репрезентација со која секогаш имаат огромни проблеми.
Хмм 3-4 пати по ред да се добие оваа незгодна Шпанија? Не би се кладел толку на тоа. Германија е должник од минатиот пат и последните 2 пријателски што ги тепаа со по 1 разлика. Ќе видиме, ќе биде кланица со кого и да се сретнат.

Инаку малку повеќе околу Хрватска.

Backstory за тоа како се составуваат екипите прво. Во Хрватска ракометот си има еден свој Мамиќ, а тоа е Гобац директорот на ППД Загреб. Тој ја користи репрезентацијата како алатка да донесе играчи во тимот. Логиката е ако дојдеш да играш за Загреб барем еднаш-два пати ќе бидеш и репрезентативец на големи натпреварувања. Тоа значи дека Загреб може да понуди помал договор ( и понередовни исплаќања на истиот) и разликата да биде компензирана со настап за репрезентација. Тој настап со себе повлекува хонорари од ракометниот сојуз за месец дена поминати со репрезентацијата и покасно пензија како заслужен спортист. После пензионирање исто така значи и мање-више сигурно работно место во Загреб или во сојузот. Ако го одбиеш Гобац и Загреб вратата од тимот ти е целосно затворена освен ако не станеш баш некоја светска класа што не може да се игнорира.
Од 16 играчи што се на списокот секогаш барем 2-4 играчи се таму поради Загреб, а на пошиорикиот многу повеќе. Обично тоа функционира солидно, имаш 11-12 играчи од голем калибар што ќе играат и носиш 3-4 загребаши да пополнат кадар. Проблем има како на ова и претходното првенство кога Загреб е полн со стварно неквалитетни играчи и кога имаш доста повреди. Најдобар пример е невикањето ниту на списокот од 28 играчи на Шиме Ивиќ. Ивиќ е моментално играч на Ерланген во Бундеслигата и има солидна сезона позади себе. Претходно има играно во Плок и Мешков доста успешно во ЛШ. Шиме своедобно го одбива Загреб и него како и на Слишковиќ и Јагањац лани им е затворена вратата од репрезентацијата. Лани беше повикан Бичаниќ,а годинава Шебетиќ кој што се повреди. Поради повреда на Мартиновиќ тимот е оставен само на 1 десен бек.

Тоа ме води до следната точка,а тоа е огромните дупки на позициите десен бек, лево крило и голман. Голманот немаше да е проблем да беа повикани или Пешиќ или Шуњиќ (брани одлично во Франција мислам дека е голман со најголем процент на одбрани во лигата?) туку повикан е вториот голман на Загреб - Ашанин. Ај да се работи за некој светски талент, но станува збор за 26-27 годишен втор голман на најлошата екипа во ЛШ.
Има само 1 десен бек - Степанчиќ кој што во нападот е целосно еднодимензионален и ќе треба да игра по 60 минути цело првенство и напад и одбрана.
На лево крило пак исфрлен е единствениот играч од светска класа кој што не е среден бек поради несогласување со тренерот. На негово место игра 25 годишниот Равниќ кој што за Загреб во ЛШ има постигнато цели 6 гола!

Тренерот е следната слаба точка. Лино покрај сите негови заслуги го има поминато времето. Инат магарешки кој што не сака воопшто да се смени и кој што кога планот А не оди како треба целосно се погубува. Лино во последните 2 години има повеќе натпревари изгубено со неговите ротации од колку што ги има добиено. Ќе биде жално за гледање како ќе реагира кога ќе налета на појак противник.

Хрватска сеуште е доста силна репрезентација. Веројатно сеуште топ 6 екипа. Далеку најјака репрезентација на среден бек, Дувњак е правилно дозиран. Шего е солиден голман, Хорват е стар, но е квалитетно крило. Мандиќ не е Штрлек во нападот, но неговата игра во одбрана го прави тактички многу корисен играч. Ротацијата Мариќ-Муса-Шипиќ на пивот е топ 5. Сепак, покрај сите тие работи има огромни дупки оваа екипа и мислам дека полифиналето е реална опција чисто поради лесниот пат до таму. Уште поинтересно е што Србија е веќе испадната, па може Лино и да ги одмори уште повеќе носителите.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom