TpH_Bo_OkO
Трноризец
- Член од
- 18 мај 2005
- Мислења
- 11.537
- Поени од реакции
- 878
Превземено од ВЕСТ
Владата сака да гради три облакодери од по 50 ката спроти хотелот "Холидеј ин", во центарот на Скопје. Според првичните замисли, облакодерите би ги граделе странски инвеститори на потегот од постоечкиот паркинг спроти хотелот, во правец на новата железничка станица. Точно на колкава квадратура ќе се простираат 50-катниците дополнително ќе се утврдува, иако, како што велат од Владата, првична анализа на земјиштето потребно за реализација на планот е веќе направена.
Зградите ќе бидат повеќе наменски и доколку се оствари владиниот план, комплексот ќе содржи станови за домување, деловни простории, катни гаражи, конгресни и спортски сали, угостителски објекти, галерии... Постои варијанта трите облакодери да бидат поврзани меѓусебно со специјални мостови во воздух или со приземни дополнителни објекти.
Владата се одлучила на ваков чекор бидејќи, како што велат, главниот град конечно мора да добие модерен изглед како што и доликува на една метропола, па веќе на шега во Владата новиот проект го нарекуваат Менхетн во Скопје.
Министрите веќе донеле одлука да се обезбедат услови за распишување меѓународен тендер, а направени се веќе и почетните подготовки и анализи заедно со Општина Центар, на чија територија е локацијата што Владата ја одбрала за градба. Нема прецизен план за тоа како ќе изгледа скопскиот Менхетн. Деталите ќе бидат познати во втората фаза од подготовките кога Владата ќе распише меѓународен тендер. Она што до сега е направено е од доменот на првична анализа на земјиштето од аспект на издржливост и подобност за ваков вид градби, а пред да се распише тендерот за инвеститор, Владата ќе ги испита сите имотно правни прашања за да нема проблеми со нерасчистени имотни односи кога ќе се одбере инвеститорот, велат во Владата. Градежните работи ќе ги вршат странски фирми, а предност ќе имаат оние што граделе во САД или во Јапонија, со оглед на тоа дека Скопје е трусно подрачје и комплицираноста на градбите. Според информациите од Владата, се работи за среднорочен проект за кој се потребни барем 7-8 години за целосно да се реализира.