Груевски ќе гради три 50-катници

jon

Член од
20 јуни 2007
Мислења
287
Поени од реакции
0
ABC јас тоа го напишав како предлог како да се подобрат состојбите бар во IT секторот, а не вака само со бројки да се мавта.
Што е проблем и од домашните фирми да си се земе провизија . Нема да му дадат доволно на тој што ја бара?
Па ако владата ја контролира комисија за јавни набавки и првостепена и второстепена тогаш си се кажува процентот и готово. А мислам дека и не се толку скржави нашите IT фирми кон мноштвото мали Титовци кои викаат јас крадам ама и ви давам работа. Незнам зошто сега ги направи циции нашите компјутеџии.:wink:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
jon напиша:
ABC јас тоа го напишав како предлог како да се подобрат состојбите бар во IT секторот, а не вака само со бројки да се мавта.
Што е проблем и од домашните фирми да си се земе провизија . Нема да му дадат доволно на тој што ја бара?
Па ако владата ја контролира комисија за јавни набавки и првостепена и второстепена тогаш си се кажува процентот и готово. А мислам дека и не се толку скржави нашите IT фирми кон мноштвото мали Титовци кои викаат јас крадам ама и ви давам работа. Незнам зошто сега ги направи циции нашите компјутеџии.:wink:

Голем проблем е од наши фирми да се земат провизии,затоа што многу брзо ќе се дознае колкави се тие провизии.Токму затоа и Бучко купуваше панцири од Миле Драгиќ во Србија иако имаше наполу поевтини и многу поквалитетни во 11 Октомври во Прилеп.Се разбира дека Прилепската фабрика ја затворија откако ни сопствената влада не вршеше набавки од неа,како што ќе затворат и многу градежни фирми низ Македонија откако владата на Гвујо нема да им дава ангажмани во сопствената земја.
 

jon

Член од
20 јуни 2007
Мислења
287
Поени од реакции
0
Ова е од пред малку :

<H2>Кинеската „Хајер компани” ќе испорача компјутери за училиштата
22.06.2007 Кинеската „Хајер компани” го доби тендерот за набавка и инсталација на 100.000 компјутери во средните и основни училишта. Понудата е во висина од 24 милиони евра.
Допрва ќе се утврдуваат деталите од договорот меѓу набавувачот и понудувачот, меѓу другото и динамиката на инсталација. Предвидено е најпрво инсталацијата да се врши во средните, па потоа и во основните училишта.
На тендерот кој го објави Владата во рамки на проектот „Компјутер за секое дете” се пријавија пет понудувачи, а само три влегоа во вториот круг - „Хајер” од Кина, „Нет ај си” од Бугарија и „Комарч” од Полска.
Најевтината понуда на „Хајер” е за цели осум милиони евра повисока од парите што првично Владата сакаше да ги одвои за оваа намена.
</H2>Честито нови компјутери за најмалите. Денес вероватно Република Кина ќе се заблагодари на донацијата од Република Македонија во износ од 24,000,000 ЕУРА, а си најде бесплатен отпад за thin клајантите (вака ги изговара министерот за образование) и на секој 100-ти доаѓа Серверот кој ќе ги опслужува. Единствено не прочитав дали се испорачува амфибија за оние училишта каде што кровот полека почнало да го снемува, па да не се случат некои немили сцени од хорор филмовите вода во допир со електрична енергија.
 
Член од
29 октомври 2005
Мислења
26
Поени од реакции
1
Хихихихи Каква ударно-бригадирска вест. Груевски ќе гради 50 -катници. И кој друг ќе ни ја објави на форумов, ако не хроничарот на славната контрареволуционерна епопеја? Хихихихи
Инаку ми се допаѓа насловот. Баш е онака сликовит, асоцијативен, веднаш можам да го замислам премиерот на дневникот од МТВ од половината нагоре разголен како во овие летни жешки денови на градилиште со лопатата в рака го исполнува својот сон. И така после дневникот неговиот рејтинг, по брзо спореведеното тестирање ќе биде зголемен од проста причина што нашиот премиер со еден удар две муви би отепал. Додека жените би воздивнувале заради неговото секси стомаче, мажите би му се восхитувале на неговата решителност и сила. Хихихихихи
 

Kajgana Shop

На врв Bottom