Груевски - најдобриот премиер

Дали имате доверба во оваа власт?

  • Да

    Гласови: 45 57,7%
  • Не

    Гласови: 18 23,1%
  • Воздржан(а)

    Гласови: 15 19,2%

  • Вкупно гласачи
    78
Член од
20 декември 2005
Мислења
503
Поени од реакции
6
Дома > Вести > Македонија
Граѓаните ја поддржуваат кампањата „Инвестирајте во Македонија“

15.02.2007 Кампањата на владата „Инвестирајте во Македонија“ ја поддржуваат 84,3% од испитаниците, покажува најновата анкета на Институтот за демократија, солидарност и цивилно општество. Само 9,2% се против кампањата.
Дали Премиерот успешно ја врши функцијата?
Одговори%Да58,9Не28,6Не знам12,4
Премиерот Никола Груевски има поддршка од речиси 59% од испитаниците, за начинот на кој ја врши функцијата.
Негативно мислење за успешноста на Груевски имаат 28% од анкетираните.
Во однос на претседателот на државата, за Бранко Црвенковски, поголем е бројот на испитаниците кои се незадоволни од неговата успешност, 47,1%, споредено со 40% од анкетираните, кои сметаат дека Црвенковски добро си ја врши работата.
Дали Претседателот успешно ја врши функцијата?
Одговори%Да40,4Не47,1Не знам12,5
ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, според анкетата, вложуваат повеќе напори за воспоставување на меѓупартискиот дијалог, за разлика од СДСМ и ДУИ.
Колку партиите се залагаат за меѓупартиски дијалог?
Партии%ВМРО-ДПМНЕ3,05ДПА2,21СДСМ2,16ДУИ1,84
kolku poveke komunjarite vrsat opstrukcii! tolku poveke se zgolemuva doverbata na gospodinot GRUEVSKI
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
DALI VLADATA NE PRIBLIZUVA ILI ODDALECUVA OD EU I NATO.

1. EU

Црн четврток за македонската политичка елита по критиките на еврокомесарот Оли Рен

Владата експресно одговори на критиките на еврокомесарот Оли Рен, задавајќи си амбициозен план лошата политичка клима што владее во земјава да ја надомести со брза и ефикасна „акција” за донесување на потребните закони зададени од таканаречената европска агенда.

Премиерот Никола Груевски, по кусата пауза што му ја даде на својот Кабинет во саботата за да одмори од посетата на комесарот за проширување на Европската унија, а, според некои, и да се освести од критиките што ги изрече Оли Рен, веќе завчера, во неделата, итно ги свика министрите на реферирање.

Владината седница, на која Груевски се распрашуваше за фазата во која се наоѓаат „европските” закони и бараше министрите да побрзаат со нивното подготвување, директно беше пренесувана во домовите на македонските граѓани преку националниот ТВ-сервис. На удар се најдоа министерката за евроинтеграции, Габриела Конеска-Трајковска, министерот за труд и социјална политика, Љупчо Мешков, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, министерката за економија, Вера Рафајловска, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Тие трпеливо одговараа на прашањата од премиерот кој им упаѓаше во нивните дискусии, а во еден момент, одговарајќи на забелешката на министерката за евроинтеграции дека претходната влада доцнела со некои од законите, остро ги потсети дека сега тие се министри и тие се одговорни.

Груевски покажа и нервоза поради застојот на законите во парламентот, отворено констатирајќи дека многу закони „чекаат” на усвојување во законодавниот дом, со што индиректно го впери прстот на одговорност и кон опозицијата, од каде што во изминатите денови добива лоши сигнали за меѓусебната соработка.

Првите реакции се дека Груевски ги „построи” министрите пред камерите на државната телевизија во пропагандни цели за да и' покаже на јавноста дека ги сфатил критиките, но, од друга страна, и дека е реалност оти по посетата на еврокомесарот на македонскиот премиер навистина му гори под нозете. Критиките на Рен се однесуваа на реформите во земјава, кои ги оцени како „заглавени” и побара да се забрзаат, и како што рече за политичката напнатост, што не води кон напредок. Рен рече дека земјава не може да си дозволи чекор напред, па чекор назад, и оти му е должност да предупреди дека настаните во последната година во Македонија добиле „алармантен развој”.

Своите оцени и впечатоци тој истовремено им ги соопшти и на власта и на опозицијата, а, според тонот на неговите критики, слободно може да се каже дека македонската политичка елита доживеа црн четврток минатата седмица.

Дали Груевски навистина се нашол во тесно по пораките од Рен или Владата со неделното „влегување” во домовите на граѓаните само прави обид да го поправи впечатокот дека западна во ќор-сокак по успешниот старт во првите месеци од владеењето? Тоа, најверојатно, ќе остане дилема до првите подиректни коментари на оцените на еврокомесарот на кои јавноста се' уште чека.

Во политичката јавност критиките на Оли Рен беа дочекани со воздржаност, но не и со рамнодушност. Нашата држава повеќе од една и пол деценија е под меѓународно набљудување, а на сите досегашни влади практично им беше оставено малку простор да водат самостојна политика. Но, од друга страна, еврокомесарот Рен, сепак, не е случајна фигура и македонската приказна за зачленувањето во европското семејство ќе зависи токму од оцените на такви функционери.

Засега ниту опозицијата не покажува знаци на промена на курсот по критиките од Рен кои се однесуваа и на неа, туку напротив, завчера се огласи со 2.800 амандмани кон предложениот собраниски деловник и се закани со напуштање на парламентот како одговор на предлогот на пратеничката од владејачкото мнозинство Лилјана Поповска за ограничување на парламентарните дискусии на 10 минути. Вчера Поповска го повлече предлогот, а СДСМ ги повлече амандманите.

Сето тоа покажува дека политичките игри меѓу власта и опозицијата продолжуваат со несмалена жестокост, а ако состојбите продолжат по старо, шлаканиците од еврокомесарот ќе останат само лоша епизода што ќе биде искористена во следната рунда меѓусебни препукувања меѓу владејачката десница и опозициската левица.

2.NATO

БРИСЕЛ
Грција го пресели проблемот со името во НАТО

Грција првпат отворено го постави прашањето за неопходноста од промена на името на Поранешната југословенска република Македонија на завчерашната седница на НАТО-амбасадорите, на која присуствуваше и македонската делегација предводена од премиерот Никола Груевски, објави вчера грчкиот електронски весник „Имерисија”, пренесе МИА.

Весникот наведува дека на средбата посветена на напредокот на Македонија за нејзиното членство во Северноатлантската алијанса, грчкиот амбасадор Јоанис Зепас истакнал дека „апсолутно е неопходно да биде решен проблемот со името во согласност со привремената спогодба”, за да се зајакне регионалната стабилност и да се зачуваат добрососедските односи меѓу двете земји.

„Имерисија” наведува дека претставниците на НАТО по вчерашната средба во Брисел оцениле дека Македонија нема да биде подготвена да се зачлени во Алијансата во 2008 година. Во весникот се истакнува дека само Велика Британија, Турција, Словенија и Романија ја нарекувале земјата со нејзиното уставно име - Република Македонија
 
Ѕвер

Перфекционист
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.223
Поени од реакции
28
Шест-седум месеци не се доволни за поправање на грешките кои ја дезориентираа Македонија прошливе 16 години.Но 4 години ќе бидат доволни Македонија да се насочи кон правиот пат и да им се затнат устите на плачковците кои бараат меѓупартиски дијалог :salut:
 
Член од
20 декември 2005
Мислења
503
Поени од реакции
6
Ѕвер напиша:
Шест-седум месеци не се доволни за поправање на грешките кои ја дезориентираа Македонија прошливе 16 години.Но 4 години ќе бидат доволни Македонија да се насочи кон правиот пат и да им се затнат устите на плачковците кои бараат меѓупартиски дијалог :salut:

ustite ke im se zatnat, i nikogas poveke nema da mu se otvorat, neka poglednat samo anketite koja doverba ima premierot i vladeackata partija, a koja dovernba imat bkomun jarskata partija i nivniot precedatel.
A Oli Ren jadi lajna deka teroristite se isvrleni od vlasta, a i toj ke uvidi deka kako Gruevski dosega premier nemala Makedonija
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.234
Поени од реакции
18.055
Хмммммм!

Груевски е дефинитивно најдобриот Премиер што го имала Македонија досега, но за жал сега е станат заложник на борбата за власт на алабанските партии.

И баткиве од Брисел баш ги боли кој со кого коалицира и комуницира, проблемот е во тоа што Премиерот нема Бандинтерово мнозинство и второ има 90% албански градоначалници од ДУИ на локално ниво.

А и по анкетите неможи ДПА да земи поглем дел, така сериозно треба да размисли Груевски, затоа што толку добри потези како на пример Инвестирајте во Македонија можат да пропаднат. Македонија има многу проблеми и малиот данок не е доволна причина да дојдат, а сега има дури и Политичка криза, без разлика каква е вештачка или стварна.

Секој инвеститор не два, сто пати ќе размисли дали да инвестира.
 
lav

Член од
17 март 2005
Мислења
1.203
Поени од реакции
13
Хамлетовската дилема да се биде или не ...сега е на сцена...нели?

teneke напиша:
Хмммммм!

Груевски е дефинитивно најдобриот Премиер што го имала Македонија досега, но за жал сега е станат заложник на борбата за власт на алабанските партии.

И баткиве од Брисел баш ги боли кој со кого коалицира и комуницира, проблемот е во тоа што Премиерот нема Бандинтерово мнозинство и второ има 90% албански градоначалници од ДУИ на локално ниво.

А и по анкетите неможи ДПА да земи поглем дел, така сериозно треба да размисли Груевски, затоа што толку добри потези како на пример Инвестирајте во Македонија можат да пропаднат. Македонија има многу проблеми и малиот данок не е доволна причина да дојдат, а сега има дури и Политичка криза, без разлика каква е вештачка или стварна.

Секој инвеститор не два, сто пати ќе размисли дали да инвестира.
Забелешката оти примарно е дали државата е стабилна најпрво политички...е сосема точна....и затоа битката се води да го тоа согледааат и другите...кој тоа политички ја дестабилизира државата?
Јасно им е и на врапците овдешни...оти дуи е главниот негативен двигател на ова...а дали сдсм е само поттикнувач или пак само „корисник„ од оваа и ваква состојба...ќе се види во мигот кога ќе дојдеме до ѕидот.
Јасно е дека дуи е коската..која Премиерот ќе мора :
1.Да ја голтне
2.Да ја „изгризе„..
3.Да ја држи во „уста„...додека не „омекне„ самата...
:toe:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.234
Поени од реакции
18.055
Точно!

А за СДСМ ти кажав и во друга тема, тие едноставно не се на никаков колосек едноставно така му се местат работите и тие си користат.

СДСМ во моментов не е никаков фактор и не верувам дека ќе зголемуваат политички тензии, затоа што му се тресат нозете од страв да не дојде ситуација за предвремени парламентарни избори, а на такви избори Груевски ќе ги збриши со 3:1.

Но, освен што ќе ги победи СДСМ, на такви избори на Груевски повторно ќе му остане коската наречена ДУИ, затоа што сеуште имаа одличен рејтинг во споредба на ДПА.
 
Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Не стварно се гледа дека дечкиве се трудат,али не може да се среди се набрзина да ги оставиме да си поработат уште малце
:cuc::cuc::cuc:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.234
Поени од реакции
18.055
Joey напиша:
Не стварно се гледа дека дечкиве се трудат,али не може да се среди се набрзина да ги оставиме да си поработат уште малце
:cuc::cuc::cuc:
Мора малце позитивна критика!
 
FromSunWithLove

dance or die
Член од
1 февруари 2007
Мислења
524
Поени од реакции
13
ne e ovaa nekoja politicka reklama ali coekot epten go biva samo sto praj greski eve kako na primer:

se raspravase za prazznicite celi 3-4meseci sto e tolku bitno toa koga ima mn zakoni koj treba da se izmenat

no kako i da e coekov stvarno ja vodi makedonija u pravilna nasoka :zlo:
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
1.196
Поени од реакции
10
зашто сте ја отвориле темава кога сега тука ке има само политички препуцавања. мислам дека треба да се затвори пошто и онака се знае дека груевски е каде каде подобар премиер од бучковски. помалце краде и помалце за неговите интереси се интересира !!
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.234
Поени од реакции
18.055
Затоа што искрено се надевам дека има барем некакви шанси да стигнат овие постови како глас на народот до него.

Зошто?
Баш затоа што знае да згреши, а тоа е нормална работа за човек што многу работи!
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
1.196
Поени од реакции
10
ako ima nekoj bezgesen vo makedonija ja odma ke se zalozam ako treba so zivot da stane premier
 
Ninja

Кајгана на око
Член од
15 мај 2005
Мислења
623
Поени од реакции
9
За секаква генерална оценка за работата на Груевски и неговата Влада, е рано. Имено, заклучоци не се носат врз основа на ветувања за реализација на одредени проекти и отпочнување со реализацијата на истите; заклучоци се носат врз основа на резултати. А за резултати, сеуште не може да се зборува.

Човек треба да има во вид два моменти кога станува збор за оценувањето на работата на владата на Груевски:

1. интензитетот на активностите на опозицијата кои се насочени кон дискредитација на Владата и
2. медумските кампањи со кои е поддржан стартот на секој владин проект и тековната работа на Владата.

Заради првиот момент постои можност да се создаде впечаток дека Груевски и неговите функционери не работат ништо, односно дека не работат во прилог на Р Македонија и нејзините граѓани; заради вториот момент, постои можност да се стекне впечаток за веќе постигнати резултати во услови кога истите всушност отсуствуваат. Каков впечаток ќе стекне човек, зависи од партиската призма низ која гледа на политичките случвања. Објективните луѓе ќе се воздржат од оценки се до моментот кога ќе може да се зборува за резултати - видливи резултати во клучните сфери од општественото живеење - или отсуство на резултати во поодминат мандат на Владата.
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
Ninja напиша:

Dobar post.
Bi dodal samo deka strucen covek duri i od Vmro ce poceka malku.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom