Ќе се зголеми..... супер, сега ги покачија плативе и со една плата џип ќе купуваме.
На некој многу ќе му значи покачувањево, но веќе кога сме тргнале на пат Европа да глумиме, минимална плата не треба да биде 10.000 денари
Така е далеку сме од нормална плата за просечен живот, но и реално кажано сите сакаат преку државна врата да зимаат плата или преку ноќ без многу мака да "напраат пари"ко божем магионичари се, со кои ке ја подобрат економијата во земјава. Мнозината немаат претприемачки дух. Затуцани сме од времето на Југославија, и нашите родители го немаат тој ментален склоп да не насочат кон усовршување на нешто што тие го започнале приватно на млади години, бизнис, идеја, производ услуга... било што.
Откако се осамостоивме како држава дојде еден вол, направи приватизација испродаде се што постоеше од технологија за џабе пари, се што беше организирано 40 години наназад го растури и лугето поима немаат како сами да го изградат тоа од ново, пошто до тогаш никогаш не се сретнале со такво нешто, откако се родени државата се грижела за нив и убаво им било, и сега што праиме понатаму, бељата е напраена?
Треба труд, треба иновации, креативност, и уште еднаш труд и работа. Мислите туку така една Германија ке дозволи една педа народ да направи Мерцедес и да им биде конкуренција?
Нека не ве лажат со празни реторики за патриотизам и славни истории и култури, гледајте денес на што сме и зошто сме на ова ниво.
ТРЕБА ДА СИ ПРИЗНАЕМЕ ЕДНАШ... ДРУГИТЕ СЕ ПОРАЗВИЕНИ ОД НАС ПОШТО СЕ ПОИНТЕЛИГЕНТНИ, ПОВРЕДНИ И ИМААТ КОТИНУИТЕТ ВО РАЗВОЈОТ НА ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА.
Ние дури сега почињаме да учиме зошто тие се успешни а ние не, и полека, многу полека се придвижуваме на подобро, (најмногу поради интернетот и забрзаниот развој на технологијата за комуникации) но многу сме ментално заостанати во споредба со најразвиените.
Ако сега со ова темпо на развој сме 50 години поназад во развојот на најразвиената држава во светот тоа значи дека ке треба двојно побрзо да се развиваме почнувајки од денес, за да го достигнеме истото ниво на развој со истата таа земја, по 50 години. За тоа да се случи ни треба чудо што значи и дека е скоро невозможно.
Заклучок, заостанати сме ментално и никогаш нема да го достигнеме нивното ниво на интелигенција, на ниво на нација, гледајки го народот како една целина, еден организам со една интелигенција. Поединци кои што се издвојуваат како луѓе со надпросечна интелигенција секогаш има, но најчесто тие бегаат од државава бидејки се соочуваат со љубомора, уцени и закани од оние кои се глупи и кои цицаат државни пари бидејки тоа е единствен начин на кој тие можат да преживеат, едноставно кажано, глупи се, и премногу такви има за да еден интелигентен кој се одвојува од стадото глуперди да може овде да опстои. На крај овде продолжува да преовладува маса на затуцан народ такозвани "крлежи", а паметниот кој има потенцијал да создаде нешто интелигентно во својот живот, бега од таквите паразити кои сакаат да му ја испијат крвта и оди онаму каде живее групата на луге кои имаат потенцијал, го искористуваат и живеат среќен и здрав живот.