Stefus Corp.
Рационална Коза
- Член од
- 22 август 2012
- Мислења
- 2.097
- Поени од реакции
- 1.821
Груевски најави зголемување на минималната плата на 10.080 денари
Етапно зголемување на минималната загарантирана плата од сегашните 8.050 денари на 10.080 денари до март 2016 година, најави во понеделникот премиерот Никола Груевски.
Тој во обраќањето пред синдикалните движења во Македонија најави дека покачувањето ќе започне во март годинава, кога минималната плата ќе се зголеми на 8.800 денари, во март наредната година предвидено е загарантираната минимална плата да се зголеми на 9.500 денари, за да во март 2016 година се стигне до 10.080 денари.
Со поинаква динамика ќе се зголемува платата за вработените во текстилната и кожарската индустрија, каде што и сега минималната загарантираната плата отстапува и изнесува 6.859 денари
Предвидено е во овие гранки минималната загарантирана плата да се изедначи со останатите во март 2018 година, со тоа што во 2014 година ќе се зголеми на 7.500, во 2015 на 8.050, во 2016 година на 9.000, а во 2017 на 9.590 денари.
Груевски потсети дека минималната загарантирана плата беше воведена за прв пат во Македонија во на почетокот на 2012 и тоа без никаков притисок или штрајкови.
Загарантираната минимална плата од 8.050 денари се применуваше во сите гранки на стопанството, освен во текстилната и кожарската индустрија, каде заради спецификацијата на дејноста, минималната плата беше утврдена на
6.226 денари.
„Со оваа мерка ќе се зголемат примањата на околу 65.000 работници во државата“, изјави премиерот Груевски.
Тој информираше дека за оваа мерка биле извршени неформални консултации со раководството на коморите, работодавачите и со раководствата на синдикатите и подвлече дека ова е голем успех на синдикалното движење.
Мерката треба да помине на владина седница за десет дена, по што би влегла во собраниска процедура.
Груевски, пред раководството и дел од членовите на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и на Конфигурацијата на слободни синдикати (КСС), потврди дека сите вработените во јавниот сектор ќе добијат покачување на платите од пет отсто, кое ќе започне да се применува со септемвриската плата.
Во подолгото обраќање, Груевски се осврна на низа мерки кои владата ги презела во изминатиот период за подобрување на работничките права, но истакна дека остануваат уште проблеми и предизвици кои треба да бидат решени и за кои владата е подготвена да соработува.
Груевски изрази уверување и дека новиот закон за вработени во јавниот сектор и државни службеници, со кој ќе бидат опфатени и здравствениот сектор, културата и образованието, ќе придонесе Македонија да стане помодерна, понапредна и поефикасна држава.
Претседателите на ССМ, Живко Митревски и на КСС Виолета Спасова изразија задоволство од начинот на кој што се води социјалниот дијалог во Македонија во последните години. /крај/