Која е логиката унапред да се спречува некој човек или група која сака нешто да открие?И да ненајде ништо-па што.Не се на матура па да паднат.
Логиката е системот и образованието што уште од многу мали не учат дека кај нас ништо нечини и се е подобро одколку дома. Истото откритие и начин на истражување да се случеше надвор тогаш ќе ни течеа лиги и тоа ќе беше супер, но сега бидејќи се работи за Македонија по дифолт нечини а уште не се презентирани ниту првичните резултати. За среќа мислам дека кај помладите оваа перцепција се менува и полека спознаваат кој се и колку вредат.
Инаку за гробот на Александар има многу преданија и легенди. Интересно е што една од нив ја посочува Беласица како потенцијална локација.Повеќе во подолниот текст:
Дали гробот на Александар Македонски е на планината Беласица, како што кажува една струмичка легенда?
„Сакам патот кон мојот гроб да се покрие со моите богатства за да видат сите дека она што тука ќе го стекнеме, тука и ќе остане! Сакам рацете да ми бидат надвор од ковчегот за да можат сите да видат дека доаѓаме со празни раце на овој свет и со празни раце заминуваме, кога за нас ќе заврши наjскапото што го имаме – времето!’’ – наводно ова се зборовите на Александар Македонски упатени кон генералите кога почувствувал дека е на прагот на смртта.
Иако поминаа многу векови од смртта на големиот освојувач и војсководец, легендите за неговото неоткриено гробно место и богатството што го сокрива, и денеска ја скокотка човечката фантазија.
И помеѓу струмичани кои ги сакат ваквите приказни, можете да слушнете една легенда која кажува дека вечното почивалиште на Александар Македонски се наоѓа во планината Беласица, сокриено во пештера.
Како би се полесно пронашол гробното место, уметници, по погребот, имале задача да во близина на пештерата на различни камења исклесат знаци карактеристични за периодот на Александровото владеење– шеснаестокрако сонце, риба, коза и лавови, а во пештерата – орел во лет кој фаќа зајак.
Среќниот пронаоѓач, како што вели легендата, би го нашол саркофагот на Александар Македонски и вредни предмети кои наводно биле закопани со него.
http://www.strumicacity.com/2014/02/05/dali-grobot-na-aleksandar-makedosnki-e-na-planina-belasica/
Оваа легенда многу добро е опишана во книгата на Александар Донски „тајните на бакарната книга„. Се работи за роман кој е многу лесен за читање и кој како основа зима многу преданија и легенди. Она што навистина е интересно е дека луѓето во Струмичкиот крај се убедени дека Беласица крие огромни богатства , така што дивите копачи се многу чести посетители на падините на ова апрекрасна планина. Онаа што исто така е интересно е се и муабетите од луѓе кои ја познават планината кои кажуваат за пештери кои се недостапни. А како што ми кажувале во некој се верува дека има и вештачки направени стапици и слични работи. Ова секако се муабети од пред кооперација , но секогаш во овие муабети има многу вистина и често тие се пренесуваат од колено на колено преку многу генерации.