Гробот на Александар Македонски?

  • Креатор на темата Креатор на темата VaZoLjIN
  • Време на започнување Време на започнување
Околу геоглифот:

Воопшто не е битно што ќе се најди на тоа место.Битен е принципот,т.е. антипринципот која провејува во цела држава.Никогаш никаде неможи да се направи успех со унапред негирање во контекст-тука нема ништо,тој е будала не одете по него,кои сме ние па кај нас да има нешто значајно....

Сега не е битно што ќе се пронајдело.
Никој не оди под тој принцип кој го опишуваш, ти пишав погоре кој има истражувано (сериозен научник и институција; баш специјалност антика) а тие другите "алтернативци" немаат такво звање или се аматери. Псевдоархеологија.
 
1.Целиот концепт на археологија се губи коа сосила се тера една идеологија наместо фактите кои зборат во име на истражувањата. Под факти секако на последно место се ставаат муабетите рекла казала, додека матерјалните артефакти се директна комуникација со минатото на тлото по кое казиме, не за „крвта“ која ја имаме.
 
Луѓе-ни научници ни квазинаучници не смее да се попречуваат во својата работа нити пак да се исмејуваат за нивната поставена цел,па и во случај ништо да не пронајдат.Историјата не памети само успеси.

Стојам на тврдењето да во среден век ако не постоеле кочничари и хајки на наушниот свет,денес науката ќе беше толку далеку што вероватно за викенди ќе шетавме по планетите.

Долго траеле мрачното време на сатанизирање и палење на ломачи на луѓе кои различно размислувале од останатите
 
Што подразбираш под „попречување“? Ако тие сами си ја финансираат работата нека копаат колку им душа сака. Ако очекуваат да бидат финансирани од буџетот, т.е. сите ние да ги плаќаме нивните авантури, тоа е друга работа.
 
Која е логиката унапред да се спречува некој човек или група која сака нешто да открие?И да ненајде ништо-па што.Не се на матура па да паднат.

Логиката е системот и образованието што уште од многу мали не учат дека кај нас ништо нечини и се е подобро одколку дома. Истото откритие и начин на истражување да се случеше надвор тогаш ќе ни течеа лиги и тоа ќе беше супер, но сега бидејќи се работи за Македонија по дифолт нечини а уште не се презентирани ниту првичните резултати. За среќа мислам дека кај помладите оваа перцепција се менува и полека спознаваат кој се и колку вредат.
Инаку за гробот на Александар има многу преданија и легенди. Интересно е што една од нив ја посочува Беласица како потенцијална локација.Повеќе во подолниот текст:

Дали гробот на Александар Македонски е на планината Беласица, како што кажува една струмичка легенда?

„Сакам патот кон мојот гроб да се покрие со моите богатства за да видат сите дека она што тука ќе го стекнеме, тука и ќе остане! Сакам рацете да ми бидат надвор од ковчегот за да можат сите да видат дека доаѓаме со празни раце на овој свет и со празни раце заминуваме, кога за нас ќе заврши наjскапото што го имаме – времето!’’ – наводно ова се зборовите на Александар Македонски упатени кон генералите кога почувствувал дека е на прагот на смртта.

aleks2.jpg


Иако поминаа многу векови од смртта на големиот освојувач и војсководец, легендите за неговото неоткриено гробно место и богатството што го сокрива, и денеска ја скокотка човечката фантазија.

И помеѓу струмичани кои ги сакат ваквите приказни, можете да слушнете една легенда која кажува дека вечното почивалиште на Александар Македонски се наоѓа во планината Беласица, сокриено во пештера.

1579817_657534117647127_724317756_n.jpg


Како би се полесно пронашол гробното место, уметници, по погребот, имале задача да во близина на пештерата на различни камења исклесат знаци карактеристични за периодот на Александровото владеење– шеснаестокрако сонце, риба, коза и лавови, а во пештерата – орел во лет кој фаќа зајак.

1779607_657534794313726_1298866807_n.jpg


Среќниот пронаоѓач, како што вели легендата, би го нашол саркофагот на Александар Македонски и вредни предмети кои наводно биле закопани со него.
http://www.strumicacity.com/2014/02/05/dali-grobot-na-aleksandar-makedosnki-e-na-planina-belasica/

Оваа легенда многу добро е опишана во книгата на Александар Донски „тајните на бакарната книга„. Се работи за роман кој е многу лесен за читање и кој како основа зима многу преданија и легенди. Она што навистина е интересно е дека луѓето во Струмичкиот крај се убедени дека Беласица крие огромни богатства , така што дивите копачи се многу чести посетители на падините на ова апрекрасна планина. Онаа што исто така е интересно е се и муабетите од луѓе кои ја познават планината кои кажуваат за пештери кои се недостапни. А како што ми кажувале во некој се верува дека има и вештачки направени стапици и слични работи. Ова секако се муабети од пред кооперација , но секогаш во овие муабети има многу вистина и често тие се пренесуваат од колено на колено преку многу генерации.
 
За Беласица имаше повеќе емисии,а целата работа се врти околу сторијата дека грчката војска копала од нивната страна на планината ,и тоа долг тунел.каде водел тунелот останува тајна засега.Нивното копање било прекинато од одрон на карпи при што се затрпани неколку `рудари`.Претпоставката е дека имале точни сознанија за нешто што се наоѓа од нашата страна на планината и сакале низ планина да дојдат до тоа.

Но за ова никој не фрла со дрвја и со камења.а гледаме дека и нивниот премиер прави светска слава од тоа.

Не дај боже Грујо ова да го направи,медиумски ќе го линчуваат(за вадењето на статуите пред владата си го доби,а не за ова)
 
Што подразбираш под „попречување“? Ако тие сами си ја финансираат работата нека копаат колку им душа сака. Ако очекуваат да бидат финансирани од буџетот, т.е. сите ние да ги плаќаме нивните авантури, тоа е друга работа.
И ова до некаде не е точно. Пример јас не сум етаблиран научник археолог и појма неам од археолошката фела како и начинот на истражување. Ако имам кеш, тоа не значи дека имам легитимно право да почнам ископување. Пошо, археолошкото ископување не е само лопата и метален детектор. Тука се занемарува голем дел од лабораториската археологија а не па и читањето на стратиграфија. Ако немам познавање на луѓето кои ги вршат овие истражувања професионално, како и самите се етаблирани научници, тогаш правам кривотворење во научната студија на тој потенцијален локалитет.
 
Методологијата е таа и важи низ цел свет (не како погоре што читам нас не учеле така погрешно а другите како што треба или обратно).
Обично таквите луѓе кои бараат пирамиди во обични брда, гробови на Ѕе и Големата Мајка (кои се фиктивни т.е. религиозни култови) итн немаат познавање од методологија на истражувањето. Да не зборуваме за анализата и толкувањето на резултатите...

Поентата кај тие батки е профитот, бестселерче.
(how romantic)
 
едно прашање до змајот-едно прашање до тебе.Што мисиш дека е она пронајденото во Високо?дека се пирамиди не ми се верува,а дека е природна творевина-исто не ми се верува пошто негде убаво се гледа изработка на рака.
 
едно прашање до змајот-едно прашање до тебе.Што мисиш дека е она пронајденото во Високо?дека се пирамиди не ми се верува,а дека е природна творевина-исто не ми се верува пошто негде убаво се гледа изработка на рака.

Каде е тоа Високо (да не мисиш Висока, Пелагонја) и што е пронајдено?
Дај линк.
 
Кој беше оној човек кој гостуваше кај Јанко пред месец дена? Предвидел дека во рок од 10 години ќе има трета светска војна, но Македонија нема да учествувала... исто така спомна дека ќе биде пронајден гробот на Ацета наш во Македонијава, а Скопје 2014 било само спремање за тој голем чин :-D

Само крајот на емисијата го фатив, ама колку што можев да видам за тие 10 минути, Јанко беше готов да сврши во гаќи :D
 
Јас мислам дека насекаде по тогашната негова империја има зекопано по некој дел од неговото тело..чисто за да имаат спомен сите народи од него, ...а кај нас сигурно е закопан ,,ташакот,, :icon_mrgr:
 
Мислев на Високо во Босна со пирамидите на Семир Османагиќ.Дека се пирамиди не ми се верува,но дека ова го создала природата како што тврдат `вистинските` археолози и тоа не ми се верува:
img_pictures.20070227_1248272509_dscf0695gk-is-184.jpg


http://piramidasunca.ba/bs/naslovna-bs.html?view=featured
 
Мислев на Високо во Босна со пирамидите на Семир Османагиќ.Дека се пирамиди не ми се верува,но дека ова го создала природата како што тврдат `вистинските` археолози и тоа не ми се верува:
img_pictures.20070227_1248272509_dscf0695gk-is-184.jpg


http://piramidasunca.ba/bs/naslovna-bs.html?view=featured
Сите сериозни научници отфрлаат дека постојат некакви пирамиди во Високо, а тој Босанецо е досега фатен многу пати во лажни изјави или лажни цитирања, а инаку местото високо си има своја археологија, од праисторија до денес, тука биле илири, со свои тврдини и населби, биле римјани со свои патишта, тврдини, населби, биле турци, била ЈНА... така да вакви камени блокови не се ништо посебно ни спектакуларно.
 
Да ,ама званичните научници тврдат дека се тоа облици создадени од природата.А така не се оспорува нечие тврдење кое вака наизглед дава поинаква слика
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom