Гркот толчи, Македонецот молчи...

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Ако сите размислувале Мац како тебе, ќе немавме со што да се гордееме...

Ада сама неможе да се бори за Македонија, како што е таа, и јас и многу други, составуваме дел од ЦЕЛОТО. ЦЕЛОТО кое е сржта на Македонија. Ако дозволиш со скрстени раце да ги пречекуваш нападите кои се константни према тебе како индивидуа и на твоето огниште...Зошто воопшто се бориш за било каква цел во животот?
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Јас не реков да не се бориме.
Реков да не се летаме цело време,да застанеме и убаво да размислиме кој е најдобриот чекор за нас.

Аиде ако не,ќе ги тужиме у ХАг,ќе добиеме политичка правда,и пак нема да сме у НАТО.

И што сме добиле,фиктивно нешто...
 
MK

Член од
17 јули 2007
Мислења
117
Поени од реакции
1
Грчкото министерство за надворешни работи остро реагирало на изјавите на помошник државниот секретар на САД, Даниел Фрид, за македонскиот идентите, јавуваа грчките медиуми.
Министерот за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани, изјавила дека вакви коментари воопшто не се полезни. Вчера Фрид изјави дека постои македонски народ и македонски јазик.
“Предметот на преговори е конкретен и се однесува на изнаоѓање на взаемноприфатливо решение за името“, потенцирала Бакојани и повторила дека Атина е целосно подготвена за преговарање.

E mnogu stanuva jasno deka pregovorite nemaat svrha i deka ne e imeto vo prasanje tuku identitetot.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Добро бе,како самосвесни граѓани на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА,дај ми ти план за искористување на целава ситуација во наша полза,бидејќи факт е дека Грција зема преголем залак со ветото.

Што мислиш,два протести се доволни,комбинирани со твоите 20 години и бабини приказни за угнетување,да станеш комптетентна да се бориш за Македонија?
За почеток, да прекинеме да се караме, делиме и препукуваме меѓу себе...Раздели, па владеј, е тактика со која не трескаат од земја со векови.
Потоа, да прекинеме да мислиме дека ветото значи крај, нестабилност, апокалипса...И тоа е само еден од начините преку кој не контролираат. Демек, изборот ви е нато и поинакво име, или наебавте.
Проѕирна манипулација, која е тотална невистина.
Исто, да ни се извади од глава дека геноцидот е бабино приказна за некое таму угнетување. Убиени, раселени, мачени, понижувани луѓе не се бабини деветини. Тоа се крв и солзи на твои браќа и сестри...На кој му е сеедно за нив, нека се засрами и нека молчи.
И над се, да сфатиме дека не е името проблемот, туку нашето постоење. Не сакаат да има Македонци и Македонија.
Ако си ти спремен сам да се збришеш...Стварно не знам што да ти кажам.

Јас не се ставам у улога на спасител, ниту сметам дека сум компетентна. Во мене само збори здравиот разум, кој ми вели дека на мојот народ(а со тоа и на мене и сите кои ми значат)му нанесуваат невидена неправда и го лажат во очи. И неможам, ниту пак сакам да се помирам со тоа. Макар и последна на светов, али ќе зборам и ќе се трудам да направам се што е во моја моќ.
А, знам дека не сум сама. Има уште луѓе кои се Македоници. Ова е начин да се пронајдеме и сплотиме.
Јас не реков да не се бориме.
Реков да не се летаме цело време,да застанеме и убаво да размислиме кој е најдобриот чекор за нас.

Аиде ако не,ќе ги тужиме у ХАг,ќе добиеме политичка правда,и пак нема да сме у НАТО.

И што сме добиле,фиктивно нешто...
Има само еден чекор...Сите Македонци решени да не го даваат својот идентитет и своето име. Ништо друго.
Во тоа ни Европа, ни Хаг, ни САД, ни никој не може да ни помогне. Само ние можеме, како народ Македонски. Затоа што тоа е НАШ интерес, не нивни.
Не ја заборавај моќта на народот и прифати дека сите моќници се ништо без моќта која им ја дава народот. Он ги создава.

За крај, кој преферира нато пред идентитет и име, уште одма нека си се пресели во Албанија, Бугарија, Грција...ма кај сака. Ако не може да помогне, нека не одмага.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Дозволувате омразата да ве заслепи.
И јас ги мразам,и тоа што зборам да размислиме малце,вие го калкулирате како да сум предавник.

Можеби живееме во илузијата дека ние сме крајната линија,но ние како народ,односно Македонци,ништо не можеме сами.
Ни треба поддршка,и следните наши чекори ќе зависат дали некои земји ќе бидат наклонети доволно кон нас да ни помогнат.

Моќ на народот,можеби во теорија постои,но не и во македонската пракса.

И еве,да речеме јас сум со вас,што предлагате да се стори следно,тоа ме интересира мене?
 
pcjodamaster

:trololo:
Член од
20 мај 2006
Мислења
4.180
Поени од реакции
127
Мац, само да додадам дека НАТО е огромна илузија.

Продолжете си со дискусијата, но имајте го тоа во предвид.
 
Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Дозволувате омразата да ве заслепи.
И јас ги мразам,и тоа што зборам да размислиме малце,вие го калкулирате како да сум предавник.

Можеби живееме во илузијата дека ние сме крајната линија,но ние како народ,односно Македонци,ништо не можеме сами.
Ни треба поддршка,и следните наши чекори ќе зависат дали некои земји ќе бидат наклонети доволно кон нас да ни помогнат.

Моќ на народот,можеби во теорија постои,но не и во македонската пракса.

И еве,да речеме јас сум со вас,што предлагате да се стори следно,тоа ме интересира мене?

Од искуство можам да ти кажам дека со вакви изјави, со кои јас целосно се согласувам ти си маркиран на форумов како предавник.
Сега ќе почнат да ти стигаат приватни пораки со повици да се освестиш, да се убиеш о ти предавничко ѓубре итн итн.:tapp:
Има три вида љубители на државава на форумов
1 Разумни и умерени патриоти
2 Тврдоглави и жестоки националисти
3 Тастатура националисти-според мене најлошиот вид
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
И еве,да речеме јас сум со вас,што предлагате да се стори следно,тоа ме интересира мене?
А инаку не си со нас?

Не треба да бидеш со нас, само затоа што ние викаме на сплотеност, треба да си со сите оние кои трезвено гледаат на ситуацијата во која се наоѓа нашата земја...

А не требаат ни бомби ни радикализам ни ништо. Треба истрајност, и возвраќање на пропагандата! Толку е!
 
B

Borg_Drone

Гостин
А не требаат ни бомби ни радикализам ни ништо. Треба истрајност, и возвраќање на пропагандата! Толку е!
Кога сме веќе кај пропагандата имам еден предлог..
Бугарите и Грците стално работат заедно против нас......
Се здружуваат и си помагаат едни со други........
Јас викам дека македонците треба да преминат на План Б..
Или
Раздели па владеј:wink:
А дека треба нешто да се превземе, треба....само знаете што.....
Бугарите и Грците имаат помош од нивните академии и затоа они се јаки на полето на пропагандата...
Ние немаме поддршка ни од МАНУ , ни од Музејот на Македонија, ни од Државниот Архив....
Тоа е проблемот..

Втор чекор што треба да го превземеме
Треба сите администратори од сите форуми да се договорат и да направат едно добро банирање бугарите што шират пропаганда по македонските форуми
Исклучоците што се дојдени за дружење и пријателство не треба да се банираат...
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Тоа е така затоа што МАНУ нема за што да се правда, а овие играат на принципот „100 пати кога ќе кажеш лага, веќе се презначува во вистина“...Затоа тие имаат академија на фалсификати и пропаганда, насрпоти наука и рационално размислување...
 
Да , ама ние треба да ги побиеме тие лаги со факти...
Зошто ако немаме факти, не сме во право и ќе испадне дека бугарите имаат право.....
А и на крај крајава кога ја играат веќе таа игра...
Треба да се банираат сите бугари од македонските форуми..
Зборувам за оние тврдоглавите и за оние кои се дојдени да шират пропаганда..
Реков исклучоците не треба да се банираат......има загрозени видови.....
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Грчкото министерство за надворешни работи остро реагирало на изјавите на помошник државниот секретар на САД, Даниел Фрид, за македонскиот идентите, јавуваа грчките медиуми.
Министерот за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани, изјавила дека вакви коментари воопшто не се полезни. Вчера Фрид изјави дека постои македонски народ и македонски јазик.
“Предметот на преговори е конкретен и се однесува на изнаоѓање на взаемноприфатливо решение за името“, потенцирала Бакојани и повторила дека Атина е целосно подготвена за преговарање.

E mnogu stanuva jasno deka pregovorite nemaat svrha i deka ne e imeto vo prasanje tuku identitetot.
На Атињаните им смета името Македонци и Македонски јазик.Тоа е јасно ко ден...ама тие се уште во филм од 19 век.Јас и само јас можам да си го сменам доброволно идентитетот.НИКОЈ ДРУГ.
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
На Атињаните им смета името Македонци и Македонски јазик.Тоа е јасно ко ден...ама тие се уште во филм од 19 век.Јас и само јас можам да си го сменам доброволно идентитетот.НИКОЈ ДРУГ.
Па токму тоа бе брат..тие се вековните лажови..но има една мнооогу неповолна ситуација...тие се членка на ЕУ, НАТО ... и ги користат максимално своите позиции за напад а ние единствено што правиме е МОЛЧИМЕ т.е ништо не правиме е тоа е разликата ... требе пропагаторска политика требе дипломатија, Македонија тоа го нема...точно е тоа што Мац кажа, ние сме мала земја и секогаш ќе требе да слушаме секогаш ќе бидеме зависни од некој друг ... но несмееме да слушаме во врска со името..и нацијата...доколку сакат да не примат во нато под име на пример Нова Македонија нека не примат тоа не е голем к.у фактор... но билатерално, уставно да си биде нашето историско и вечно име Република Македонија исто така никој несмеј да ми забрани јас да бидам МАКЕДОНЕЦ ако јас се осеќам како македонец нека биде и гркот македонец ако тој се осеќа како МАКЕДОНЕЦ но тука доаѓа и историјата т.е Александар Македонски - Кралот македонски и господарот на сите грци ! кој тие си го замислуват дека е грчки...се надевам во наскоро време ќе произлезе вистината за Македонија а со тоа ќе сопрат сите глупости и светот ќе разбере еднаш кој е Александар...ние како земја надвор од европа неможеме да ги тераме европските деца да учат дека Александар е Македонец а грците можат и умешно го користат тоа во сите европски книги Александар е ГРК е тоа е тоа од што ние губиме тоа е тоа од што ние само молчиме а гркот не толчи... Ако сакаме да превземеме нешто најдоброто нешто е ФАКТ и ПРОПАГАНДА ... како што грците имаат историја за секое камче така и ние требе да ја соединиме цела историја .. да се трошат огромни средства на маркетинг и пропагирање...
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Кога сме веќе кај пропагандата имам еден предлог..
Бугарите и Грците стално работат заедно против нас......
Се здружуваат и си помагаат едни со други........
Јас викам дека македонците треба да преминат на План Б..
Или
Раздели па владеј:wink:
А дека треба нешто да се превземе, треба....само знаете што.....
Бугарите и Грците имаат помош од нивните академии и затоа они се јаки на полето на пропагандата...
Ние немаме поддршка ни од МАНУ , ни од Музејот на Македонија, ни од Државниот Архив....
Тоа е проблемот..
Втор чекор што треба да го превземеме
Треба сите администратори од сите форуми да се договорат и да направат едно добро банирање бугарите што шират пропаганда по македонските форуми
Исклучоците што се дојдени за дружење и пријателство не треба да се банираат...
Проблемот лежи во тоа колку нашите власти досега побарале помош од акдемијата од музејот или од државниот архив.Властите се тие кој треба да поканат безброј научници од странство во нашите музеи и историјски архиви па заедно со нашите таканаречени експерти (99% вработени со непотизам и врски) да направат заеднички научни трудови во кој ќе ја докажат нашата државност и непобитна самосталност како нација и идентитет.:toe:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Со вас = дека треба нешто одма во моментов да се превземе.
Иначе за национализам и за Македонец,не морам да се согласувам со било кој од вас за да се чуствувам така.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom