Грбовите на Македонија - Македонска Хералдика!

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.585
Грб може да има „правен ентитет“: функција(позиција), територија, корпорација. (група на луѓе со заедничка поврзаност), административна управа...
Моето семејство има грб. Региони (значи не држави) имаат свои грбови, потоа градови, семејства, дури и поедини личности.

Македонија со времената спогодба се откажа од ѕвездата од Вергина (Кутлеш) и зеде обврска никогаш да не јакористи. Во истиот момент Грција го регистрира во 6тер во многу различни комбинации. Со тоа правно, не може да биде дел од официјални симболи.
Времена е спогодбата но обврската била засекогаш. Така ли?

Спогодбата можеме и треба да ја откажеме, поранешната турска провинција не ја ратификувала истата таа спогодба ниту пак се придржува кон неа.

Види го прашањето погоре “по стоти пат’’...
 

f91

Член од
12 мај 2008
Мислења
338
Поени од реакции
27
Знамето беше наше,ама сме се откажале и тие ...... го регистрирале,Бугариве грбот ни го зеле и правно тие ќе не тужеле за своина.Некако крива правдина...а?
Или нешто не штима во основата,базата на пристапот кон правото или нешто не е во ред со нас ментално та дозволуваме да се поигруваат .
Одавна велам дека само дибек и кретен можат да преговараат за себепостоењето и своето име затоа што тоа е единствен крунски начин на само идентификација.Се ова со идентификациониве знаци и проблематиката е буквално производ на политичката проституција на нашите политичари со нашата мајка МАКЕДОНИЈА.
Сакате име,знаме и грб?Каков грб...Македонски?Е таков не може!Крастав лав со рогови што ќе ги набиваат можеме да очекуваме,затоа што сме ептен демократи,кооперативни...како селска задружна продавница каде што се е на распродажба по багатела цена и ништо не е свето.
Туку на овој грбов што ни е се уште да ставиме по некој компир,домат и пиперка
за да се знае дека сме сељачко-соровско општество зашто во граѓанското нормално општество не може да има вакви идиотизми против себе.Инаку овој предлогов за Грифин,ма колку хералдички да е издржан и додржан во ваква констелација е еднаков на карикатура затоа што и на најглупавото магаре јасно му е што тоа денес симболизира и значи.Македонија обилува со мноштво симболи и вадење ваква патка е пробен балон,а објаснувањата дека нема друг излез се за полесен влез на друго мало патче.Ова се вика манипулација со јавното мислење.Нас ниту можеле ниту можат нешто да ни земат ако ние не го дадеме .
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Море да го вметнеме ние во преговорите со Грција и враќањето на 16 кракото сонце како они што го вметнаа во прашање нашиот идентитет,туку не...пак ќе се смета како провокација.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Сметате дека проект за државен грб се прави во стилот, „нацртај ми нешто тука на форумот“?

Веќе неколку пати дадов блазони. Емблазонирањето е работа на хералдички уметник.



Меѓународното право, за најсилните, е растеглива категорија. За нас останатите останува да ги почитуваме тие правни механизми. Освен ако и ние не прејдеме во категоријата на најсилните.
Te читам по цела тема но неможам ништо да те разберам... незнам зошто така... :toe:

Инаку јасно ни е дека хералдичар треба да го направи тоа, но не ми е јасно зошто ние неможеме да си нацртиме еден грб а после хералдичар да го адаптира. Сепак знам дека Американскиот грб (кој своевремено бил двостран) го правела комисија и си го направила по директива на десетина луѓе (односно 3 комисии) од кои само 1 бил хералдичар, другите биле да одлучат што треба да стои на грбот... т.е. нешто што ќе ја означува новата нација.

Па така јас (можеби грешам) мислам дека иако хералдичарот треба да нацрта и да запазува хералдички принципи, сепак народот или тие одбраните од народот одлучуваат (преку историчари, научници...) што ја означува една држава/нација.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Сметате дека проект за државен грб се прави во стилот, „нацртај ми нешто тука на форумот“?

Секако дека не, тука на форумов сите сме саде корави сакати и ретардирани, одлуките за народот и држабвата треба да ги носат исклуливо А1 ФОРУМ АЛСАТ со екпертите кој ете знаат се...

3начи во интерес на дискусијата пак ќе се повторам, нема да ти објаснувам дека народот се идентификува САМО СО ЗЛАТНИОТ ЛАВ НА ЦРВЕНА ПОЗАДИНА! Други ке ти објаснат за времената спогодба кој како што ти потенцира Мисирков е времена не бесконечна...

МОЕТО ПРАШАЊЕ НА КОЈ ШТО УПОРНО ОДБИВАШ ДА ДАДЕШ КРАТОК ОДГОВОР Е - КАЖИ ОБЈАСНИ СКИЦИРАЈ ...НАСОКА ИЛИ ДОДАТЕН ЕЛЕМЕНТ СО КОЈ БИ СЕ ОВОЗМОЖИЛ ВОВЕДУВАЊЕ НА ЗЛАТНИОТ ЛАВ НА ЦРВЕНО ПОЛЕ, КОЈ ПРАВНО ХЕРАЛДИЧКИ КЕ ПОМИНЕ КАКО РАЗЛИЧЕН ОД БУГАРСКИОТ а по пример на скандинавските земји.

Ние имаме тука на форумов, графичари, уметници и луге со контакти кој ќе оценат што ќе помине а што не.

Те молам удости не со два реда конкретен одговор, како што го удостои форумот и нас со 100 страни општење зошто не треба да биде лавот.....

Ајде поупростено: додатен елемент со кој би правнохералдички би поминал златниот лав е ____________ (ѕвезда, копје, поинаква форма на штит, три опашки, мач, итн. итн.)

Дај конкретен одговор за да спремиме нацрти.

Р.Ѕ.




1. Што правиме сега со црвениот лав ??? (црниот, белиот жолтиот зелениот...сите бои во даден период кај циганине бииле содржани во грбот...и???)

2. Жолтиот лав на црвен штит е само елемент како што читам во бугарскиот грб, а не грб сам по себе. :helou:
 
Член од
15 март 2008
Мислења
546
Поени од реакции
63



Како што можете да видите има разлика , односно македонскиот лав има 2 опашки.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Јоновски, земја ли те изеде од едно прашање....те молам удостои не со одговор

ппс..онака правно херладички и регионално



 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Лавот ќе за'рже ако собере потписи
Хералдичарите децидни дека македонскиот земски грб од Белградскиот грбовник II може да биде добра основа за решението за државен грб на Република Македонија, зашто тој претставува еден од естетски најубавите илирски грбови на земјата Македонија

Иницијативата на ВМРО-Народна партија, земскиот грб на Македонија од 1620 година да го предложи за државен грб на Република Македонија, не ја вознемири политичката јавност. Партиите од власта и опозицијата и од македонскиот и од албанскиот блок ќе го почекаат прво конечниот исход од најавеното собирање 10.000 граѓански потписи, па дури потоа евентуално ќе ги градат своите ставови. Хералдичарите, пак, сецдецидни дека македонскиот земски грб од Белградскиот грбовник II може да биде добра основа за решението за државен грб на Република Македонија, зашто тој претставува еден од естетски најубавите илирски грбови на земјата Македонија.

Република Македонија е единствената земја од некогашниот источен блок, која се' уште во употреба го има стариот социјалистички грб, кој ни содржински ни концептуално апсолутно не ја изразува реалноста во која живее државата. За разлика од неа, сите некогашни членки на бившиот СССР и државите од Југоисточна Европа, со прифаќањето на плурализмот и демократијата, ги сменија своите државни симболи, меѓу кои и грбовите.

Дведецениското каскање е резултат на постојани идеолошки, политички и меѓуетнички несогласувања, но, пред се', на отсуство на вистинска желба и волја да се дојде до општоприфатлив консензус, што е суштинско прашање за политичките партии. А, кога станува збор за измени на државен грб, треба да се напомене дека има држави во кои за тоа прашање се спроведува референдум, зашто се работи за идентитетот не само на државата, туку и на нејзините граѓани. Злите јазици кај нас вулгарно забележуваат дека ни е потребно решение од типот три во едно - лав, сонце и орел.

Добра основа за решение

Јован Јоновски, претседател на Друштвото на хералдичари на Македонија, смета дека македонскиот земски грб од Белградскиот грбовник II може да биде добра основа за решението за државен грб на Република Македонија. Според него, тој е еден од естетски најубавите илирски грбови на земјата Македонија и ја претставува земјата, а не државата или народ.

- Народ не може да има грб, туку само држава или територија како нејзин составен елемент. Сепак, како таков, во изворна форма, тој не може да се аплицира, туку треба ликовно да се преработи и да се стандардизира во согласност со хералдичките правила и естетските критериуми, со верзиите за соодветните негови употреби. Лентата со натписот не е составен дел на грбот, туку е легенда својствена за грбовниците - вели Јоновски.

Во владејачката ВМРО-ДПМНЕ се воздржани за иницијативата на „народњаците“. Велат дека со внимание ќе ги разгледаат сите иницијативи за ова прашање, како и ставовите на сите политички партии и во наредниот период ќе се произнесат за нив. Иста е реакцијата и во ДУИ. Потпретседателот Рафиз Алити вели дека својот став ќе го градат откако иницијативата ќе стане и официјално предлог и притоа не сака ништо да коментира за понуденото решение.

Од СДСМ велат дека не навлегувајќи во коментирање на конкретниот предлог, иницијативата на ВМРО-НП е легитимна. Но, според нив, ова прашање не е приоритетно и треба да се фокусираме на исклучително важните прашања за иднината на земјата со кои се среќаваме. Истовремено сметаат дека евентуалната иницијатива за донесување нов државен грб мора да биде покрената и водена на начин што ќе гарантира широк меѓупартиски и меѓуетнички консензус. Тие не се сигурни дека покренувањето ваква иницијатива од која било политичка партија може да го гарантира тоа.

Флора Кадриу од Нова демократија вели дека според партиските програма и статут, тие ја гледаат Македонија како рамноправна членка на НАТО и ЕУ и на европската цивилизација. Враќањето назад, според неа, ќе ни отвори многу непотребни теми како антиквизацијата, на пример, но и редица други. Напротив, нагласува Кадриу, треба сите заедно да гледаме и да одиме напред и да се залагаме за иднината на нашите деца. Притоа, таа не сакаше да коментира што значи враќањето назад, дали годината кога е регистриран земскиот грб, неговата содржина или воопшто или отворањето на прашањето за државниот грб.

Поле за надмудрувања

Државниот грб до ден-денес остана отворено прашање и поле за дневнополитички надмудрувања и натфрлања кој е поголем или помал Македонец, или поголем или помал патриот. Постојаното циклично тестирање на јавноста само потврдува дека никој не сака или не може сериозно да загризе. Во првиот собраниски мандат, по распишаниот конкурс на Уставната комисија се дојде до извесно решение. Беше избран стилизираниот лав произлезен од земскиот грб на Македонија од 1620 година подготвен од професор Мирослав Грчев. Писмена согласност за него дадоа сите пратенички групи со исклучок на тогашната ПДП.

- За жал, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се испокараа за сосема трета работа и иако предлогот влезе во собраниска процедура, пратениците завршија со мандатот, а точката за државниот грб не дојде на дневен ред - вели Тодор Петров, тогашен пратеник, кој имаше улога на линк и по препорака на Тито Петковски требаше да го излобира земскиот грб или македонскиот лав за државен симбол на Македонија.

Стлизираното решение на професор Грчев сега како свој амблем го користат Светскиот македонски конгрес и Агенцијата за спорт и млади. Петров во средината на 90-тите се обиде да собере 10.000 потписи и повторно да го врати лавот во игра, но во тоа не успеа и граѓанската иницијатива пропадна.

Во вториот парламентарен состав државниот грб ниту еднаш не беше предмет на расправа. СДСМ поради бојкотот на изборите од опозицијата, лагодно владееше и не се ни обиде самостојно да го реши прашањето. Во третиот парламентарен состав пратеникот од СДСМ, Николче Поповски, предложи да се редуцира изгледот на државниот грб со бришење на петокраката како идеолошка одредница. Но, и тоа не помина кај пратениците од другите пратенички групи. Забелешката, главно, се сведуваше на тоа дека не е во прашање само петокраката ѕвезда, туку целиот концепт на грбот, што е правен по примерот на бившите советски социјалистички грбови.

Последниот обид да се смени грбот датира од пред две години. Во пролетта 2007 година, Министерството за правда доби налог од Владата да подготви нов закон за државниот грб, кој повторно предвидуваше само отстранување на петокраката ѕвезда. И повторно експертските забелешки беа исти - спорен е целиот концепт, а не само социјалистичкиот симбол, односно петокраката.
Предраг Димитровски


А1
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Јован Јоновски, претседател на Друштвото на хералдичари на Македонија, смета дека македонскиот земски грб од Белградскиот грбовник II може да биде добра основа за решението за државен грб на Република Македонија. Според него, тој е еден од естетски најубавите илирски грбови на земјата Македонија и ја претставува земјата, а не државата или народ.

- Народ не може да има грб, туку само држава или територија како нејзин составен елемент. Сепак, како таков, во изворна форма, тој не може да се аплицира, туку треба ликовно да се преработи и да се стандардизира во согласност со хералдичките правила и естетските критериуми, со верзиите за соодветните негови употреби. Лентата со натписот не е составен дел на грбот, туку е легенда својствена за грбовниците - вели Јоновски.

Oвој e нашиот Jоновски кој го снема како мачка да му го изела јазикот?
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Eве нешто од мене...

Знам дека не е хералдички прописно ама еве...

Значи грбот (во изведба за нас веќе позната) + Источна круна + некои „скапоцени камења“ (симболи вметнати во неа).



:salut:
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Грбот на Република Македонија

ЛАВОТ Е ДОБРА ОСНОВА ЗА ДРЖАВЕН ГРБ НА МАКЕДОНИЈА

Симнувањето на петокраката од државниот грб нема да го промени неговиот социјалистички карактер, вели за Сител хералдичарот Јован Јоновски.

Според него, целокупниот концепт на грбот е во духот на минатиот систем и поради тоа треба ново, потрајно решение. Според него, двоопашестиот златен лав е добра основа за тоа.

Со идентичен став и во ВМРО – Народна Партија. Предлагаат со закон земскиот грб од 1620 година да биде државен грб на Македонија. Во вторник официјално ќе ја достават иницијативата до Собранието и ќе побараат поддршка од 10.000 граѓани.

Од партијата на Додовски предлагаат доколку лавот стане државен грб, сите партии што го имаат содржано во своите партиски симболи, веднаш да ги променат.



Интересна идеа од Додовски , нема лутење и мајтапење , Лавот би бил симбол на сите Македонци. А партиите би можеле со некои модифицирани лавови. Супер инцијатива е ова, се надевам дека ќе го промениме грбот во рекордно време.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Слушам грбот ќе го менувале? :)
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Слушнав една кул идеј да не се менува петокраката=ѕвезда од грбот тука само да се офрба во жолата нали ЕУ и булшит има симболика. Инаку сосема е ОК Лавот да се стави за грб на Македонија и да се врати Сонцето од вергина на знамето. Но откако МК ќе влезе во ЕУ за да уценуваат уште циганите од Југ и нивните жутокљунест татаро-монголски газолижачи од Исток.
Инаку новиот грб изгледа вака: Малку е ко јајце ама нема везе
 

Kajgana Shop

На врв Bottom