Грбовите на Македонија - Македонска Хералдика!

Член од
24 октомври 2008
Мислења
215
Поени од реакции
11
cezar,a?

dvoglav orel na Kleopatra 7

Coin of Ptolemy VI (180-164 B.C.)

Coin of Ptolemy II (285-246 B.C.)

rim uste bil selo-veselo....

koj krade,toj i lazhe,i ima voshki.....
site okolu nas lazhat,kradat....
Сигурно си ја знаеле многу добро својата македонска историја и легендата за раѓањето на Александар Трети:

“ Во една есенска луња , кога блескале молњи и татнеле громови , Олимпијада донела на свет син, Александар. Додека била леунка, два орли седеле на покривот на кралицата како предзнак, кој се чини навестувал дека еден ден детето ќе владее со две крластва.“
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
215
Поени од реакции
11
Добро де Хомер немам ништо јас против твоите оценки и импресии.
Но што е проблемот и што те буни со легендата за раѓањето на Александар. Така пренесуваат и пишаните книги за Александар од англиски и германски автори. Мислам дека изворот е Псевдо-Калистен.
Добро е што двата орли (а потоа претставени како двоглав орел) ги среќаваме на монетите во македонските кралски династии и истовремено еве имаме и пишан текст како потврда за македонскиот карактер. Пишан текст + монети, тоа се наши јаки аргументи. Не знам што ти е забелешката.
 

Homer MakeDonski

*Матриот
Член од
14 јуни 2005
Мислења
823
Поени од реакции
86
Lavec братче
она што не треба да го правам,секогаш го повторувам на ист начин и на тој начин пример сум како не треба да се дискутира.
Јас братче брзам.И кога пишувам и кога исчитувам...и притоа грешам..честопати.
Мојата последна грешка е ова :
бротхер + анавено = алл рест оф ју
:cuc:
Треба да стои вака
бротхер + анавено + алл рест оф ју
:cuc:

Се извинувам

Навистина е чест да се прочитаат истите факти што досега сме ги читале ,но подредени како што треба.

Лавец ти благодарам што преку легендата за двата орла, двоглавоста повеќе не ја гледам како почетна точка на симболите на христијанството...(една глаа власта,втората духовната власт)...туку согледувам и за ... отпорано...

Уште еднаш прости за грешките во претходниот ми пост..


Мајку му иперијалистичку знаците за + и = дури стојат на исто копче на тастатурата..

Поздрав
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Грбот на Македонските востаници 1876 година!:helou:

 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Социјалистичкиот симбол наполни 60 години
Македонија и понатаму без хералдички грб


Иван Блажевски

Пратеникот во Собранието на Народна Република Македонија Димче Беловски на 27 јули 1946 година го поднесол предлог-законот за грбот на новата социјалистичка држава. Како што му личело на тоа време, сите пратеници еднодушно ги прифатиле класјето, петокраката, реката, афионот и планината на новиот државен симбол на НР Македонија. Токму денеска поминаа шеесет години од донесувањето на државниот грб на модерната македонска држава.

По осамостојувањето на Република Македонија во раните деведесетти години беше донесен закон за државните симболи, односно за знамето, грбот и химната. Пратениците го одбраа шеснаесеткракото сонце од Кутлеш за знаме на државава, одлучија да ја задржат химната од времето на СРМ, а новиот грб не го донесоа до ден денеска. Вековниот земски симбол на Македонија - лавот, во текот на изминатите 16 години не го поддржуваа претставниците на албанската заедница, но и од СДСМ.

Според Албанците, лавот би се врзувал само за Македонците, а од СДСМ оценуваа дека грбот мора да биде прифатлив за сите и затоа не го поддржуваа.

Од Владата во заминување на СДСМ, пред два месеца за „Време“ најавија дека извршната власт е подготвена да донесе закон за хералдика (наука за грбовите).

Но, дали сега, откако се конституира новото Собрание, ВМРО-ДПМНЕ и неговите коалициски партнери сметаат дека е потребно Македонија за време на овој мандат конечно да иницира донесување нов државен хералдички грб?

Претседателот на ДПА вчера се изјасни дека е подготвен со ВМРО-ДПМНЕ да покрене иницијатива за нов грб на Македонија.

- Согласни сме да покренеме иницијатива со ВМРО-ДПМНЕ за донесување нов грб. Македонија повеќе не е комунистичка држава – изјави Џафери за „Време“.

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера немаа официјален став дали во овој момент би покренале таква постапка, но повторија дека нивен генерален став е оти Македонија треба да добие нов грб.






Како го снема врвот Пирин?

На првиот грб што го донело Собранието на Народна Република Македонија во 1946 година е опишано дека планината што се гледа во заднината е Пирин, „најголемата македонска планина“, додека реката во подножјето била Вардар. „Пирин и Вардар го симболизираат единството на сите делови на Македонија“. (преземено од „Нова Македонија“, недела, 28 јули, 1946 година). Тој грб подоцна графички бил променет и истата форма ја има до ден денеска.

- Официјално не се знае кога е стилизиран првиот грб со денешната форма - вели Јован Јоновски од Македонското хералдичко здружение.

Од промената, во ниту еден законски акт повеќе не се споменува дека планината во грбот е Пирин, а реката - Вардар.






Последниот обид за нов грб пропадна во 2001 година

Последниот обид да се донесе нов грб на државата заврши без успех во есента 2001 година. Тогашните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се обидоа пред уставните промени и воведувањето на „бадентерово мнозинство“ да протуркаат предлог со златниот лав на црвена основа. Предлог-законот не доби зелено светло уште во собраниските комисии. Не го поддржаа претставниците на ДПА, СДСМ и на ПДП.






Хералдичарите бараат да се донесе нов грб

Од Македонското хералдичко здружение сметаат дека новата влада и новиот парламентарен состав мора да најдат сили и конечно на Република Македонија да и изгласаат хералдички грб каков што и прилега на секоја сериозна држава. Според нив, актуелниот грб бил остаток од еден поранешен систем, а згора на тоа, бил и хералдички погрешен.

- За еден грб навистина да биде грб треба пред се да биде поставен во штит. Тоа не е случај со актуелниот амблем, кој е направен врз основа на грбот на СССР. Македонија е единствена од поранешните социјалистички држави што и понатаму го чува таквиот амблем. Дури и Русија го промени - велат оттаму.

Според Јован Јоновски, претседател на здружението, најадекватен симбол за Македонија е исправениот жолт лав на црвена основа, односно земскиот грб што со векови во континуитет ја симболизира Македонија.

Хералдичарите тврдат дека ако не постојат политички пречки, прашањето за грбот би се решило за едно попладне.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=813&ArticleID=53776
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Време е браќа,гнасниот грб е гордиот грб на ФИРОМ,а грбот на Македонија е еден од памтивек.





<-------------------------
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584

0 - 48" sec.

Фактот дека најраниот зачуван грбовник од 1394 година е со Александар Македонски, многу говори.

Навистина одлични информации.

Во 1992 година, лично бев кај Тодор Петров во неговиот кабинет и тој ми ги покажа сите предлози во Собранието за враќање на грбот со двоопашест жолт лав на црвена основа како државен грб.

Но ѓубрињата од СДСМ кои го продадоа името и знамето, исто така не заклучија во пат позиција по прашањето на грбот додека се создаделе политички услови (тие може никогаш да не се создадат), што е голема срамота за една држава.

Сепак, добро е што грбот е официјално зачуван преку СМК и се надевам наскоро ќе биде прифатен. Заради настанатата ситуација, Единствено што мислам дека мора да му се додаде е 16-кракото сонце од Кутлеш.




“...Вековниот земски симбол на Македонија - лавот, во текот на изминатите 16 години не го поддржуваа претставниците на албанската заедница, но и од СДСМ. Според Албанците, лавот би се врзувал само за Македонците, а од СДСМ оценуваа дека грбот мора да биде прифатлив за сите и затоа не го поддржуваа. ...’’

Сем заради непријателска настроеност, нема ниту еден единствен аргумент против вековениот симбол на Македонија.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Македонскиот лав со опис во книга од 1876 година:


 
А

Адриано

Гостин
овој грб што е сега МОРА да се смени а тоа со каков ке се промени нека се дадат предлози до собрание па по пат на референдум ке се одлучи народот што сака!
 

@@@@@@

MAKEDONEC
Член од
15 мај 2008
Мислења
539
Поени од реакции
33
Според мене ако некој е против лавот за грб, тој не е МАКЕДОЕЦ или има тотално непознавање за нашите вековни симболи, но сепак со ваква "поддршка" која ја има македонија тешко.
 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
Поставка за македонската хералдика во Музеј на Македонија

Ме интересира дали некој од вас успеал да го посети Музеј на Македонија и да ја разгледа поставката за хералдиката на Македонија.

Некакви коментари, забелешки?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Добре ни дојде Јоновски, реткост би било некој да го посетил музејот, а камо ли поставката за хералдиката.

Доколку поставката е сеуште дел од експонатите во музејот, се надевам некој ќе ја посети после оваа информација.

Дали би можел повеќе да ни кажеш или да ни ја надополниш збирката со грбови, доколку сме пропуштиле нешто?


Поздрав
 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
Da , postavkata za heraldika e del od postojanata ekzibicija
 

Kajgana Shop

На врв Bottom