Грбовите на Македонија - Македонска Хералдика!

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]63 години со социјалистички амблем[/FONT] [FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]

Деновиве се навршија 63 години од донесувањето на Грбот на Народна Република Македонија.
При неговото составување, за разлика од повеќето социјалистички држави и републики, историскиот грб не го најде своето место во новиот социјалистички амблем, создаден по урнек на „грбот“ на СССР. Наместо историскиот и земски грб, новиот грб на Н.Р. Македонија поприма чисто пејзажна композиција, и со тоа влегува во иста категорија со Романија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Авторството на грбот му се припишува на Василије Поповиќ – Цицо, кој веројатно е авторот на ликовното решение на преtставата на грбот од законот, кој се употребувал до крајот на истата година. Тој знаел за земскиот грб на Македонија. Има мислење дека автор на денешниот грб е Ѓорѓе Андреевиќ – Кун кому му се припишува и авторството на грбовите на другите републики на ФНРЈ, кој всушност стилски ги унифицирал.
Грбот на Н.Р. Македонија е усвоен на Второто вонредно заседание на народното собрание одржано во Скопје на 26 јули 1946 година, каде што е донесен законот за Грб на Н.Р. Македонија, а членот 1 од овој закон го дава описот (блазонот) на овој грб:
Грбот на Народна Република Македонија е поле опкружено со житно класје испреплетено со плодови афион и листови тутун кои на долната страна се поврзани со лента исшарана со народни мотиви. На лентата е напишано „Н. Р. Македонија“. Меѓу врвовите на класјето се наоѓа ѕвезда петокрака. Во средина на полето се оцртува планина во чие подножје тече река. Зад планината изгрева сонце.
Весникот „Нова Македонија“, два дена подоцна, го објавува овој закон заедно со прикажан грб и објаснување:
Грбот на Народна Република Македонија е симбол на слободата и братството на Македонскиот народ и богатството на Македонската земја. Житното класје, плодовите на афионот и листовите тутун го претставуваат богатството на Македонија и разновидноста на нејзината економија. Петокраката ѕвезда ја симболизира народноослободителната војна со која Македонскиот народ ја доби слободата. Народниот мотив на лентата го изразува богатството и убавината на народниот бит. Во средината на полето се наоѓа планината Пирин, најголемата македонска планина која била центар на народноосободителните војни во минатото, а реката која тече е реката Вардар, најпознатата Македонска река во Републиката. Пирин и Вардар истовремено ги преставуваат единството на сите делови на Македонија и идеалот на нашиот народ за национално обединување. Сонцето го претставува слободниот и творечки живот во Македонија.
Интересно е да се забележи дека дизајнот и објаснувањето на грбот е различен од грбот кој се користи подоцна. Во првиот устав на Нардона Република Македонија во член 3 е дефиниран грбот на НРМ:
Државниот грб на Народна Република Македонија претставуе поле опкружено со житни класја испреплетено со плодови од афион и тутунови лисја кои што се поврзани на дното со лента прошарана со народни мотиви. Меѓу врвовите на класјата има петокрака ѕвезда. Среде во полето се оцртуе планина, во подножјето на која што тече река. Зад планината изгрева солнце.
И во овој опис, како и во претходниот, не се споменува ни една боја. Единствената разлика е што во Уставот го нема текстот на лентата. На печатот со кој е оверен овој документ, е претставен грбот на НРМ со првиот дизајн објавен во „Нова Македонија“, додека отпечатокот во восок со кој е запечатен емственикот, го содржи новиот дизајн на грбот.
Во член 4 од овој Устав, стои:
Државното знаме на Народна Република Македонија е црвено со петокрака ѕвезда. Звездата е црвена со златен/жолт/ раб, и има правилна петокрака форма. Односот на широчината и должината на знамето е еден спрема два.
Со распадот на СФР Југославија, се постави прашањето за грб на Република Македонија. Така, Владата формира комисија за утврдување на грб и знаме на Република Македонија во 1992 г. во состав: Анета Светиева-етнолог, Александар Цветковски- ликовен уметник, Коста Балабан историчар на уметноста, Димитар Кондовски-ликовен уметник. Во комисијата е вклучен и Матковски. На распишаниот конкурс пристигнуваат преку 3000 трудови, од кои најголемиот дел е инспириран од грбот претставен во книгата на Матковски, која е преиздадена во 1990 година. За жал, Матковски умира непосредно пред ставањето на законот во собраниска расправа, но остава своја порака која е прочитана во Собранието, во која Матковски го изразува својот став дека за грб на Република Македонија треба да се прифати историскиот грб. Комисијата не успева да се согласи околу еден предлог кој би го претставил пред Собранието. Прашањето премногу се политизира.
Поради необезбедено мнозинство, овој закон никогаш не влезе на собраниска расправа, и покрај тоа што според уставниот Закон, овој закон требаше да се донесе до крајот на 1992 година. Македонските пасоши се издаваат без грб, со цел тој да биде дополнително втиснат веднаш штом истиот ќе биде донесен. Ова трае до 2006 година, кога се воведени новите пасоши и на нив е втиснат стариот грб на НР Македонија.
Покрај ова, Rепублика Mакедонија нема претседателско знаме што ја става повторно во една категорија во која има многу малку земји.
[/FONT]
 

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
Јоновски според тебе како или кој би требал да биде изгледаот на грбот на Македонија? И ако може слика да ставиш.
Мое мислење е дека грб на Македонија треба да биде лав(златен) на штит со брвена подлога нешто како грбот на вмро-дпмне.
 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150



Најголемиот дел европски и повеќето земји во светот имаат знамиња на позиција, особено на највисоката, Претседател на државата, освен Македонија.
Чудно како СРМ не ја наследи и оваа вообичаена категорија од СФРЈ, како што ја усвоија сите поранешни републики?
Така кога претседателот на РМ се вози во службениот автомобил, на него е истакнато само знамето на РМ, како да се работи за некој министер или амбасадор.

Република Македонија не доби грб ни по 18 години. Но, барем знае дека и треба еден. А досега никој не се сетил дека и треба и претседателско знаме.
Како никој до сега не се сетил на тоа кога во овие 19 години дека странските претседатели, кои ако барем ништо, го имаат претседателското знаме на лимузитите од десната страна додека на левата се виори националното знаме? Да не зборуваме дека тоа е секогаш присутно во нивните кабинети?
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Да навистина Македонија нема претседателски амблем/знаме.

Гледам дека некои од државтите ги прилагодуваат грбовите од земјите (нешто како грбот на знаме) и го прогласуваат како знаме за претседателот. Србија пак гледам дека кралскиот амблем го преименувале како претседателски.

Поентата е дека македонија неможе да го користи својот грб како знаме за претседател бидејки... па бидејки да бидеме реални тоа би било еден вид пародија.

Едноставно треба да се усвои соодветен грб, за да може да се направи знаме за претседателот.

Ако пак неможе тоа да се направи дали би било соодветно, знамето на РМ да се стави во таква 1:1 форма со (како што гледам по другите знамиња) рамка?

Друго нешто е што некои од земјите имаат големи сличности помеѓу знамето на армијата и знамето на претседателот.

Впрочем зошто сите се во 1:1 формат?
 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
Претседателските знамиња имаат квадратна форма бидејќи всушност тие се еквивалент на банерот на владетелот. Банерот, пак, преставува престава на грб на квадратно платно. Оттука е стандардниот однос на страните. Подоцна се користи штандартот, кој на континентот е со квадратна форма и покрај елементи од грбот содржи и додатни елементи. Во земјите од некогашната Австро-унгарија, како и во оние во непосредната околина, се јавува рамка од тријаголници.

Знамето на Р. Македонија е со димензии 1:2 и изгледа непристојно кога ќе се изведе во квадрат. Оригиналниот предлог на Грчев со златната пропорција, 10:16 изгледа симетрично кога ќе се „отсече“ во квадрат.

Употребата на „грбот“ на НРМ на претседателското знаме ќе не стави во категоријата на раритети, и повторно би биле единствени во светот. Особено заедничката комбинација на двете ќе биде ептен неумесно, и слободно речено , грдо и непримерно.

Постои можност на враќање на „традицијата“, така, претседателското знаме да биде вистински штандарт на претседателот, кој потекнува од симболот (грбот) на позицијата (office) на претседателот.
 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
Напис од Форум

Преземено од forum.com.mk

Објавено на: 06.08.2009 11:07:57
Ревизија: 1


Грбот - полу орел, полу лав?!



Грифонот како кројка



Глава на орел и тело на лав, поставени на црвена основа, во форма на земски грб т.е. штит би претставувале едно компромисно решение за државниот грб кое би било прифатено и од албанските партии кои инсистираат симболот да има мултиетнички карактер. Воедно новото животно, воопшто не е ново. Станува збор за грифон кој како симбол – грб се употребувал на територијата на Македонија во текот на 13 и 14 век, а многу потсетува и на ламјите од македонските народни приказни што, пак, содржат многу симболи на националниот идентитет

Пишува: Катерина НЕШКОВА



Домашната задача не значи само да се сработи она што ни го дале учителите надвор од дома. Напротив, има одредени работи кои државата треба да ги направи без разлика на тоа дали некој тоа од неа го бара или не. Дури и да ги исполни сите одредници кои ни ги зададе Европската Унија, Македонија нема да стане повеќе држава отколку што би била кога би имала државен грб. Државата и натаму нема да може ја заокружи својата државотворност оти е единствената европска држава која нема еден од трите основни државни симболи што го одразуваат нејзиниот суверенитет и идентитет. По речиси 19 години од референдумот за самостојна и независна држава, ниту една политичка гарнитура не собра сили да исцрта и да го донесе државниот симбол кој недостасува.
Но, ако во претходната деценија имаше неколку, иако никогаш докрај
дефинирани предлози за избор на симболот, политичкиот дијалог за државниот грб сосема замре пред повеќе од една година. Последните разговори поврзани со него беа кога ДУИ во 2007 г. успеа некој иден закон за државен грб да го вметне во листата на закони кои би се носеле со Бадентерово мнозинство, т.е. со мнозинство од гласовите на пратениците кои припаѓаат на етничките заедници.
По тоа, премиерот Никола Груевски се обиде да почне некаква постапка за избор на државниот грб со тоа што предложи од стариот грб од времето на СРМ и СФРЈ да се извади петокраката. Но, дури и вакво решение не доби поддршка и не влезе во собраниска процедура.
Во недостаток на консензус меѓу политичките партии и стручната јавност, Форум истражуваше што би можело да биде кројката на која би се темелело едно идно, прифатливо решение за државниот грб.

СТАРИОТ ГРБ НЕЗАКОНСКИ УПОТРЕБУВАН


Неделникот и пред една година се обиде да го покрене прашањето околу државниот грб, но партиите единствено беа расположени да разговараат само за пропаднатите обиди да се смени т.е. изгласа нов државен симбол. Она што е пострашно е дека законски не важи ни стариот грб. Тој практично е укинат со уставниот закон за спроведување на Уставот од 1991 г. И покрај тоа, неговата употреба е задолжителна во институциите и на личните документи. Извесен период, со цел да се избегне употребата на стариот грб на кој е изразена комунистичката симболика, грбот беше целосно запоставен. На пасошите наместо грб беа поставени две митски суштества едно наспроти друго кои личеа на мали ламји, односно, како што други објаснуваат, лебеди кои пијат вода. Тој знак денес е симболот на македонското Министерство за надворешни работи. Стариот грб е вратен во употреба на личните документи со биометриските пасоши оти е невозможно на патната исправа, според меѓународните стандарди, да не стои државен грб. Но, како Македонија остана без државен симбол?
Со Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија во 1991 г., Собранието се обврза државните симболи на Македонија да се донесат во рок од шест месеци од прогласувањето на Уставот на Република Македонија.
“Уставната комисија на Собранието на Република Македонија распиша конкурс за државните симболи на Македонија, меѓутоа, за жал, процедурата за нивното донесување во рок од шест месеци од прогласувањето на Уставот на Република Македонија не се испочитува”, се потсетува Тодор Петров, (претседател на Светскиот македонски конгрес и пратеник во првиот собраниски состав) за неделникот Форум пред една година.
Во илјадниците идејни решенија за грб и знаме што пристигнаа на конкурсот доминираа лавот и сонцето, како и жолтата и црвената боја. Експертска група на Уставната комисија на Собранието на Македонија тогаш заклучи дека не било никаква грешка доколку за државен симбол на Македонија се употреби еден од нив, но конкретно решение не даде.
“Договорот меѓу пратеничките групи беше сонцето да биде утврдено и за грб на државата, на триаголен штит со вметнување на буквата М, како иницијал на името на државата. Меѓутоа на денот на гласањето пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја повлече својата поддршка за сонцето за грб на Македонија, со нов предлог, златножолтиот двоопашест лав на црвена основа”, раскажува Петров.
По иницијатива на СДСМ, Петров повторно предложи закон за грбот на Македонија со златножолтиот двоопашест лав на црвена основа, идејно решение на Мирослав Грчев, меѓутоа до крајот на мандатот на првиот парламентарен состав не се постигна согласност, а по законот воопшто не се гласаше во Собранието. Нов и последен сериозен обид за донесување државен грб е оној на Никола Поповски во мандатот од 1998 до 2002 г. Тој предложи да се избере истиот државен грб што се употребуваше до 1991 г., само без петокраката. Но, и овој предлог не беше прифатен. Истото пет години подоцна, но само во изјава, го побара и Груевски. Во меѓувреме, СМК имаше и една неуспешна граѓанска иницијатива за донесување закон за државен грб по идејното решение на Грчев.

ПРЕМОЛЧЕНИ ИЗМЕНИ

Во меѓувреме, стариот грб без соодветна законска поткрепа доживува секојдневни модификации. Различни државни институции користат различни варијанти на грбот. Најголема разлика има во петокраката што се наоѓа на врвот на грбот. Некаде таа е полна, некаде со двојна линија, некаде празна. Има разлики и во бојата на пченицата, тутунот, памукот и афионот кои се исцртани на амблемот.
Но, промената не е ништо ново. Грбот на НР Македонија (оној на кој денес се повикуваме) е усвоен на Второто вонредно заседание на Народното собрание, одржано на 26 јули 1946 г., каде што е донесен Законот за грб на НР Македонија. Во првиот член од Законот се дава описот (блазонот) на овој грб:
“Грбот на Народна Република Македонија е поле опкружено со житно класје, испреплетено со плодови од афион и листови тутун, кои на долната страна се поврзани со лента исшарана со народни мотиви. На лентата е напишано: НР Македонија. Меѓу врвовите на класјето се наоѓа ѕвезда петокрака. Во средината на полето се оцртува планина во чие подножје тече река. Зад планината изгрева сонце”.
Весникот Нова Македонија, два дена подоцна, го објавува овој закон заедно со прикажан грб и објаснување:
“Грбот на НР Македонија е симбол на слободата и братството на македонскиот народ и богатството на македонската земја. Житното класје, плодовите на афионот и листовите тутун го претставуваат богатството на Македонија и разновидноста на нејзината економија. Петокраката ѕвезда ја симболизира Народноослободителната војна, со која македонскиот народ ја доби слободата. Народниот мотив на лентата ги изразува богатството и убавината на народниот бит. Во средината на полето се наоѓа планината Пирин, најголемата македонска планина, која била центар на народноослободителните војни во минатото, а реката која тече е Вардар, најпознатата македонска река во Републиката. Пирин и Вардар истовремено ги претставуваат единството на сите делови на Македонија и идеалот на нашиот народ за национално обединување. Сонцето го претставува слободниот и творечки живот во Македонија”.
Јасно е дека дизајнот и објаснувањето на грбот е различен од грбот кој се користи подоцна. Извадена е лентата, а планината Пирин станува Кораб. Модификации се прават и на петокраката, но и во боите што се користат на грбот.
Иако не се знае кој е авторот на ваквите измени, делумно причината за тоа е тоа што го нема т.н. изворник односно еталон на грбот кој е опишан во стариот закон. Првиот примерок го нема ни во Собранието на Република Македонија, ни во Државниот архив, каде вообичаено и според прописите треба да се чува. Се претпоставува дека е изгубен во времето на белградската администрација.

КАКОВ ГРБ НИ ТРЕБА

Стариот грб спаѓа во т.н. пејзажни грбови. Овој амблем претставува опис на пејзажните карактеристики на Македонија: планините, реките, полињата и сонцето. Венецот ги преставува културите кои се одгледуваат во Македонија: пченица, тутун, памук и афион. Црвена петокрака ѕвезда на врвот е симболот на тогашната социјалистичка владејачката идеологија. Пејзажните грбови биле типични за социјалистичките држави. Македонскиот грб, како и оној на СФРЈ се под директно влијание на грбот на СССР. Според експертите за хералдика, овие грбови често немале никаква историска заднина, туку само идеолошка. Дури и во описот: афион, жито... се бара поврзаност со системот на планирано индустриското производство типично за државите со комунистички режим.
Оттука, експертите предупредуваат дека идниот државен грб не може како мостра да го има стариот грб. Ако се направат некакви измени (како што е вадењето на петокраката), тоа би значело само привремено решение додека државата не го изнајде соодветниот амблем.
“Новиот државен грб треба да има две особини, пред ликовно да се осмисли. Тој мора да биде хералдички и да биде историски, односно да има историска заднина во грбовниците”, вели Јован Јоновски, претседател на Хералдичкото здружение на Македонија.
За новото решение, Јоновски вели дека во никој случај не смееме повторно да одбереме некој пејзажен грб.
“Да не правиме кипарско решение кое подразбира на бела основа, исцртани границите на државата. Или, пак, босанското решение кое подразбира триаголник што ги симболизира федералните единици на Босна. Тоа се грбови на конфликт”, предупредува Јоновски.
Форум се обиде да принајде основа на која може да се темели некое идно решение за државниот грб. Притоа беа земени предвид два фактора: хералдичката документација и објаснувања на експертите за досегашните македонски грбови и барањата на партиите особено на албанскиот фактор кој инсистира новиот грб да биде одраз на граѓанскиот аспект.
Од она што мое да се открие, како добра кројка за грб би претставувал грифонот т.е. суштество со глава и канџи на орел и тело на лав. Грифонот како дел од амблем бил користен на македонската територија во текот на 13 и 14 век. Грб од македонско потекло со вакво суштество неодамна бил предаден од баварската библиотека на грбовници. Грбот го има регистрирано Хералдичкото здружение на Македонија.
“Се работи за грб на македонски крал. Датира пред грбовите за лавовите од 1590 г., примерокот што го имаме е од 1448 г. Тоа е едно од поновите откритија. Грифонот го има како симбол на најмалку уште два амблема од овие простори”, објаснува Јоновски.
Инаку, грифонот не е нов симбол во Македонија. Станува збор за митско суштество со тело од лав и глава и крилја од орел. Лавот како крал на животните и орелот како крал на птиците ја симболизираат моќта и величественоста на грифонот. Во некои објаснувања грифонот се толкува како пределемент на ламјите од македонските приказни. Во нив, пак, содржани се илјадници симболи на националниот идентитет на народите кои живееле на овие простори. Грифонот го има и во христијанските храмови. Во Македонија, на пример, го има во црквата Св. Кирил и Методија односно Параклис во Прилеп. Таму, потпирките за рацете од Владичкиот престол ги држат резбани грифони.
“Тој грб е легитимно поврзан со Македонија”, констатира Јоновски.
 

jonovski

Хералд
Член од
24 јуни 2009
Мислења
127
Поени од реакции
150
Во грбовите на Македонија покрај грбовите од илирските грбовници, спаѓаат и грбовите од вонилирските грбовници и припишаните грбови на Александар Македонски. Се надевам дека „Македонцки“ ќе смогне сили да ги разгледа фактите и да ја откире, најнапред за себе, богатата македонска хералдика, за потоа да може да ја прикаже и актуелизира кај народите што ги спомнува и подалеку во светот, онака како што го прави тоа МХЗ.

Пред да се приклучам на групава, не успеав да забележам дека во неа се користи ваков тон. Во спротивно, немаше да се вклучам. Доколку овој форум има намера серизно да се занимава со Македонската хералдика и нејзино популаризирање, онака како што го правеше до сега, се надевам дека постови од ваков вид нема да се практикуваат.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Македонцки без политизирање и етикетирање.

Грифинот ни е познат нам Македонците, а “албанизирањето“ во текстот погоре се прави со очигледна намера - да изнуди токму таква реакција од тебе (нас) и да се наставиме против евентуалниот таков предлог под претекст дека има “албански“ елемент во него.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Во грбовите на Македонија покрај грбовите од илирските грбовници, спаѓаат и грбовите од вонилирските грбовници и припишаните грбови на Александар Македонски. Се надевам дека „Македонцки“ ќе смогне сили да ги разгледа фактите и да ја откире, најнапред за себе, богатата македонска хералдика, за потоа да може да ја прикаже и актуелизира кај народите што ги спомнува и подалеку во светот, онака како што го прави тоа МХЗ.

Пред да се приклучам на групава, не успеав да забележам дека во неа се користи ваков тон. Во спротивно, немаше да се вклучам. Доколку овој форум има намера серизно да се занимава со Македонската хералдика и нејзино популаризирање, онака како што го правеше до сега, се надевам дека постови од ваков вид нема да се практикуваат.
Станува збор за грифон кој како симбол – грб се употребувал на територијата на Македонија во текот на 13 и 14 век, а


- зошто не ЛАВОТ , симбол кој влече многу подлабоки корени, корени кој на многумина им сметаат, згодно избран период нели?

-под кој грифин која македонска војска војувала и гинела, за лавот ке ти кажам

-дали грифинот е македонски збор воопшто?

-дали е општоприфатен од Македонскиот народ...дали некој знае што е грифин освен неколкумина тука малце пољубопитни

-албанизација на лавот, раскинување на македонското ткиво, по смената на сонцето и на недонесениот национален грб подржан од одредени медиуми и т.н. екперти а не вистинска загриженост и експертиза по прашањето.

еве ја смирувам топката под претпоставка дека зад никот стои истоимениот екперт а не некој падобранец...очекувам контра аргументи
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
...............raka na srce...do sega ne sum sretnal narod koj tolku uporno i postojano se prasuva DALI E NAROD...verojatno zaradi svojata neubedenost DALI E...???
 

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
Jonovski мислиш дека ова е решение за грбот? Јас не!
 

f91

Член од
12 мај 2008
Мислења
338
Поени од реакции
27
Вакво решение пред да се разреши проблемот со Грците е прејудицирање и апсолутно не се сложувам. Всушност хералдичарите не би требало да се бават со компромиси.

А за предлогот ми изгледа како Скендербег решение од Оксиморонштината на Бранко Црвенкоски што не би требало да се дозволи. До сега имавме чист хералдички знак лав за земскиот грб кој што не може да биде оспоруван.

И ако нешто ќе треба да се направи тоа да се уоквири Лавот со иста форма како кај златните маски .Да прекинеме да откриваме топла вода,таму каде што ја има.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Златен лав на црвена позадина со ѕвездата од Кутлеш,или ѕвездата со златно жолти рабови на црвена позадина - во неа златниот лав исто така на црвена позадина,ама каква и да е комбинацијата најарно да почекаме да не примат како Македонија па да си го смениме грбот,пошто ако го смениме сега ќе биде проблем плус пошто гејците ќе го сметаат како провокација.:oeoeoe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom