Во перформанси е ~ 8600GTS само без DX10 т.е. DX9. Fan-от на 100% е прилично бучен (доколку имаш добро ладење во компјутерот рачно конфигурирај на колку RPM да оди fan-от и нема да имаш никаков проблем). Инаку оваа картичка е референтен NVIDIA модел. Претходната недела земав 2 вакви за тестирање (сеуште не ги пробав), ги ставив само една по една да видам дали се во ред, сега барам SLI мост за истиве па доколку не си во брзање наскоро можам да постирам резултати. Инаку доколку не играш на поголема резолуција од 1280x1024 картичкиве се солиден избор.
Тапа е од поглед на перформанси, кои игри ги играш и колкав монитор имаш?
Доколку не се игра на поголеми резолуции, картичкава е солидна за цената за која е понудена. Две вакви во SLI (доколку се има можност) се солидни за ценовниот ранг во кој се поставени т.е. без конкуренција

Како за споредба 9500GT (која е ~8600GT е малку послаба од горенаведенава картичка, а цената и е 2539 ден. (во SET)) 2x7900GS =2x8600GTS (-DX10)
btw доколку некој има да понуди SLI мост нека пише порака
