Градење верски објекти заради потреба или од инат?

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.459
Поени од реакции
5.873
За џамиите ви гарантирам дека не се градат од инает , туку од потреба.

Ми споредувате тука Арачиново и Зајас ... заради чив инает градат во овие општини џамии ? Нели 99% се албанци.

Исто така за џамиите во планинските села кај што нема ниеден македонец , и во други општини каде ретко да минува некој македонец , а камо ли да живеат македонци.

Доколку приметувате дека на пример во Желино нема ниедна џамија , а во Долно Нерези има 3 , тогаш може да се констатира дека се градат заради нечиј инает.

Но џамии има и во селата каде што се 100% албанци но и во селата кај што албанците се помалку (иако потешко се добива дозвола)

Џамиите се многу по посетени него црквите , не може да ме убеди некој во спротивното , се гледа тоа.
Но сепак во Македонија има 1842 цркви и 580 џамии.

Сум имал среќа да посетам многу џамии , низ различни градови и села ... Кај и сум присуствувал на петочна молитва , насекаде било претесно. А на некои од нив , повише верници беа надвор од џамијата него ли внатре.

Еве кој не ми верува , во петок во 13 часот нека избере било која џамија и нека помине покрај.

Ако не сакате да влезете по сокаци , еве нека биде тоа старата чаршија во Скопје каде изгледа дека има превише џамии , а сепак пола верници се на улица.

Но прочитав дека централната власт дала наредба на локалната да ги забрзат постапките за изградба на нови цркви и да предвидат во урбанистичките планови повеќе цркви.
Насловот на веста беше : Црквите мора да ги победат џамиите

Ова мене ми изгледа на градење од инает.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Здраво на сите!

Иако сум верник, градење верски објекти без потреба, било џамија, било црква, било како верски објект, без потреба за мене е грев. А уште полошо ако се градат за инает на некого. Јас како муслиманин албанец сум за градење на било што но само ако навистина има потреба за тоа.

Сега вака. За Маџир Маало и Ново Лисиче, не можам да зборам ништо, бидејќи неам појма колку муслимани има таму. Ако има добар број на муслимани во тие места, тогаш редно е да им се овозможи да изградат џамии

Зошто! Ние муслиманите се клањаме 5 пати на ден и плус ја имаме големата петочна молитва во која во ниедна џамија низ Македонија не не собира.

Зошто муслиманите од Маџир Маало или Ново Лисиче да поминат голем пат до Чаир 5 пати на ден и да дојдат во централните Џамии? Ако има малку муслимани во тие места, 50-60-тина, тогаш не мора со минаре да се напраат. Доволно е некој објект за клањање да се направи за да им биде блиску на тие верници и да можат да ги извшуваат нивните секојдневни верски обврски без мака.

А за џамија во Центар, признавам, тоа е мојот сон. Не дај Боже, не го велам за инает на никого, но поради лично персонална потреба. Вие не сте свесни колку ни е потребна џамија во Центар. Јас персонално често фреквентирам низ Центар. И кога доаѓа време за клањање, немам нигде каде да се обратам и да ја извршувам таа верска обврска. Истотака кога излегувам со друштво, морам да станам, па да пешачам до Чаршија и да се клањам таму. Замислете колку време ми зима тоа. Во зависност од тоа каде сум во Центар, да идам до најблиската џамија и да се вратам ми требат минимално 30 минути. Немам кола, затоа пешачам. Замислете уште колку муслиманите така прават.

Дај да не ги заборавиме и многуте муслимани кои работат во државна администрација, министерства, банки. Моментално не зборувам за 5 пати клањање, туку само за Петочната молитва. Навистина на нив им е потребна една џамија во Центар, каде би можеле на брзина да ја извршат петочната молитва и да се вратат на работното место. и не мора да има МИНАРИЊА. Нека биде магацин, некоја мала сала, било што, само да имаме каде да се клањаме, да не шетаме по град да бараме џамии. Неколку пати сум бил принуден да препуштам молитва, и тоа е грев во Ислам.

Нејсе, тоа е све што имав да кажам за ова тема. За ничиј инает туку за моја потреба, јас сакам да има џамија во Центар.

Поздрав до сите

Јас повеќе би сакал да видам корисни и практични објекти отколку проектили од 6 век.

Уште нешто-зарем само за џамии градење ве бива?Не ви текнува да дадете пари за болници,паркови,фабрики и други објекти кои се 10000000000000000000000000 пати покорисни од џамии?
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Не ми смета да прават, ми смета тоа што на секој 2 сати го пуштаат звучникот до даске
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
За џамиите ви гарантирам дека не се градат од инает , туку од потреба.

Ми споредувате тука Арачиново и Зајас ... заради чив инает градат во овие општини џамии ? Нели 99% се албанци.

Исто така за џамиите во планинските села кај што нема ниеден македонец , и во други општини каде ретко да минува некој македонец , а камо ли да живеат македонци.

Доколку приметувате дека на пример во Желино нема ниедна џамија , а во Долно Нерези има 3 , тогаш може да се констатира дека се градат заради нечиј инает.

Но џамии има и во селата каде што се 100% албанци но и во селата кај што албанците се помалку (иако потешко се добива дозвола)

Џамиите се многу по посетени него црквите , не може да ме убеди некој во спротивното , се гледа тоа.
Но сепак во Македонија има 1842 цркви и 580 џамии.

Сум имал среќа да посетам многу џамии , низ различни градови и села ... Кај и сум присуствувал на петочна молитва , насекаде било претесно. А на некои од нив , повише верници беа надвор од џамијата него ли внатре.

Еве кој не ми верува , во петок во 13 часот нека избере било која џамија и нека помине покрај.

Ако не сакате да влезете по сокаци , еве нека биде тоа старата чаршија во Скопје каде изгледа дека има превише џамии , а сепак пола верници се на улица.

Но прочитав дека централната власт дала наредба на локалната да ги забрзат постапките за изградба на нови цркви и да предвидат во урбанистичките планови повеќе цркви.
Насловот на веста беше : Црквите мора да ги победат џамиите

Ова мене ми изгледа на градење од инает.

Додека во САД,Јапонија,Јужна Кореја и други прогресивни земји се вложува во објекти за општа корист на човештвото,во Македонија ќе си правиме реконструкција на Саудиска Арабија и средовековна Шпанија.
--- надополнето: 23 јули 2012 во 14:47 ---
Не ми смета да прават, ми смета тоа што на секој 2 сати го пуштаат звучникот до даске
Бар да пуштат нешто од Блек Сабат,ај не мора метал,техно таман за летото.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.035
Поени од реакции
83.469
"Ама нас ни е преко потребно и неопходно да се изгради џамија у спална кај каурите.
Не е никаков инат. Стварно треба да бидеме поблиску до вашите каурски жени коа се у хоризонтална положба."

Ај сеа у хор амебите да ги чујам како балансираат и изедначуваат!

Ја викам отворено да го покажеме нашето кукавичко лице и да им дозволиме да градат џамии кај секој од нас у стан по една.

Они нас за Велигден ни скинаа каурчиња, ние нив ќе им овозможиме коа ќе ни дојдат на гости да не пљачклаат, да има кај да се помолат.

Отсекад сум викал дека треба да сме фер.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
За џамиите ви гарантирам дека не се градат од инает , туку од потреба.

Ми споредувате тука Арачиново и Зајас ... заради чив инает градат во овие општини џамии ? Нели 99% се албанци.

Исто така за џамиите во планинските села кај што нема ниеден македонец , и во други општини каде ретко да минува некој македонец , а камо ли да живеат македонци.

Доколку приметувате дека на пример во Желино нема ниедна џамија , а во Долно Нерези има 3 , тогаш може да се констатира дека се градат заради нечиј инает.

Но џамии има и во селата каде што се 100% албанци но и во селата кај што албанците се помалку (иако потешко се добива дозвола)

Џамиите се многу по посетени него црквите , не може да ме убеди некој во спротивното , се гледа тоа.
Но сепак во Македонија има 1842 цркви и 580 џамии.

Сум имал среќа да посетам многу џамии , низ различни градови и села ... Кај и сум присуствувал на петочна молитва , насекаде било претесно. А на некои од нив , повише верници беа надвор од џамијата него ли внатре.

Еве кој не ми верува , во петок во 13 часот нека избере било која џамија и нека помине покрај.

Ако не сакате да влезете по сокаци , еве нека биде тоа старата чаршија во Скопје каде изгледа дека има превише џамии , а сепак пола верници се на улица.

Но прочитав дека централната власт дала наредба на локалната да ги забрзат постапките за изградба на нови цркви и да предвидат во урбанистичките планови повеќе цркви.
Насловот на веста беше : Црквите мора да ги победат џамиите

Ова мене ми изгледа на градење од инает.
Прашање за тебе:
1. Дали желбата на албанци христијани, турци христијани, и роми христијани за градење на црква е од инает или од потреба?

"Ама нас ни е преко потребно и неопходно да се изгради џамија у спална кај каурите.
Не е никаков инат. Стварно треба да бидеме поблиску до вашите каурски жени коа се у хоризонтална положба."

Ај сеа у хор амебите да ги чујам како балансираат и изедначуваат!

Ја викам отворено да го покажеме нашето кукавичко лице и да им дфозволиме да градат џамии кај секој од нас у стан по една.

Они нас за Велигден ни скинаа каурчиња, ние нив ќе им овозможиме коа ќе ни дојдат на гости да не пљачклаат, да има кај да се помолат.

Отсекад сум викал дека треба да сме фер.
Прашање за тебе:
1. Дали желбата на македонците муслимани (торбеши) за градење на џамија е градење од инает или потреба? (Оди во Ростуше да видиш, ганц нова џамија си креваат)


Додека во САД,Јапонија,Јужна Кореја и други прогресивни земји се вложува во објекти за општа корист на човештвото,во Македонија ќе си правиме реконструкција на Саудиска Арабија и средовековна Шпанија.
--- надополнето: 23 јули 2012 во 14:47 ---


Бар да пуштат нешто од Блек Сабат,ај не мора метал,техно таман за летото.
1. е јебеш му матер барок.. тоа ти е..

2. not a bad idea..
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
наместо да градат автопати.....тие зеле цркви да прават. Во постоечките прават чуда само да привлечат народ
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.035
Поени од реакции
83.469
Прашање за тебе:....
Прашање за тебе:
Кога ќе престанеш да ги изедначуваш џелатот и жртвата, потокот и океанот...?

Не испаѓаш ниту објективен, ниту либерален, ниту космополит, кога тоа го правиш. Напротив.
--- надополнето: 23 јули 2012 во 15:22 ---
наместо да градат автопати.....тие зеле цркви да прават. Во постоечките прават чуда само да привлечат народ
Иди бре фотокопирај се.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Доколку приметувате дека на пример во Желино нема ниедна џамија , а во Долно Нерези има 3 , тогаш може да се констатира дека се градат заради нечиј инает.

.
....доклку приметуваш....даваш неточни податоци.....

Ако не се гледа од автопат не значи и дека нема.....http://wikimapia.org/#lat=41.9829513&lon=21.0628306&z=18&l=0&m=b

....ако ова не ти е доволно....нареден пат кога ќе одам ќе ти пуштам слика и од надвор и од внатре

но тоа не е се...доколку нарачате во следните 10 минути....ќе ја добиете и втората бесплатно
http://wikimapia.org/#lat=41.9783245&lon=21.0635897&z=19&l=0&m=b
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Прашање за тебе:
Кога ќе престанеш да ги изедначуваш џелатот и жртвата, потокот и океанот...?

Не испаѓаш ниту објективен, ниту либерален, ниту космополит, кога тоа го правиш. Напротив.
.
Оној пат кога ќе престанеш да ставаш се и сешто во калап...

А иначе џелатот и жртвата, потокот и океанот, тоа ти се само страни на една иста паричка..

Впрочем и паричките си имаат и џелат и жртва, и поточе и океанче, зависи кој каков калап ќе направи, нели секоја држава различни калапи за пари прави..

Така да не гледам причина зошто не би те изедначил и тебе со еден прост калап за штанцање парички.. всушност тоа и го правиш цело време.. Пљампаш т.е. се штампаш ко пара, а не даваш никаков одговор..

П.С. кога сме веќе кај одговорите, да се вратиме на актуелнава тема, .... Ти поставив прашање, каде ми е одговорот?
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.459
Поени од реакции
5.873
....доклку приметуваш....даваш неточни податоци.....

Ако не се гледа од автопат не значи и дека нема.....http://wikimapia.org/#lat=41.9829513&lon=21.0628306&z=18&l=0&m=b

....ако ова не ти е доволно....нареден пат кога ќе одам ќе ти пуштам слика и од надвор и од внатре

но тоа не е се...доколку нарачате во следните 10 минути....ќе ја добиете и втората бесплатно
http://wikimapia.org/#lat=41.9783245&lon=21.0635897&z=19&l=0&m=b
Не си ми го разбрал примерот.

Знам дека Желино има две џамии и тоа исти се или слични

Реков : Доколку во Желино каде албанците се 100% нема ниедна џамија , а во Долно Нерези има 3 џамии ( моментално има една) ... тогаш може да помислиш дека ете за инает во мешаните средини градат еден куп џамии ... а таму кај што се мнозинство не градат ниедна.

Целта ми беше дека џамии има и во Шипковица и во Танушевци и во Долно Нерези ... секаде каде има потреба , не од инает на македонците.

Поинаку не знам да ти објаснам.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Реков : Доколку во Желино каде албанците се 100% нема ниедна џамија , а во Долно Нерези има 3 џамии ( моментално има една) ... тогаш може да помислиш дека ете за инает во мешаните средини градат еден куп џамии ... а таму кај што се мнозинство не градат ниедна.

Целта ми беше дека џамии има и во Шипковица и во Танушевци и во Долно Нерези ... секаде каде има потреба , не од инает на македонците.
.

И што со тоа?
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.459
Поени од реакции
5.873
Прашање за тебе:
1. Дали желбата на албанци христијани, турци христијани, и роми христијани за градење на црква е од инает или од потреба?
Ако во близина има црва а таа цело време стои празна ... и сега им текнува ајде уште една ќе градиме на 100 метра делечина... тогаш очигледно дека не е од потреба за молење.

Знам населби каде живеат македонци но во близина немаат црква , нема ни барање за црква. Ова се должи на како што реков проширениот агностицизам кај македонците.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Ако во близина има црва а таа цело време стои празна ... и сега им текнува ајде уште една ќе градиме на 100 метра делечина... тогаш очигледно дека не е од потреба за молење.

Знам населби каде живеат македонци но во близина немаат црква , нема ни барање за црква. Ова се должи на како што реков проширениот агностицизам кај македонците.
Брат, како и ти ги ставаш работите во калап тоа е чудо нешто.. ам ај..
не знам зошто, но имам впечаток дека алудираш на она зборче наречено - „реципроцитет“.. нели е тоа малку смешно?

А еве и зошто.. затоа што тоа е софистициран модел на она праисториското - „Око за око, заб за заб“..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom