Градежен факултет

Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
фала друже, да се надеваме дека за брзо ќе пишат...
Пишаа

НА 15 СЕПТЕМВРИ ВО 10 ЧАСОТ ВО АМФИТЕАТАРОТ НА ГРАДЕЖНИОТ ФАКУЛТЕТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ИНФОРМАТИВНА СРЕДБА СО БРУЦОШИТЕ ЗА НАЧИНОТ И УСЛОВИТЕ НА СТУДИРАЊЕ.

НА 19 СЕПТЕМВРИ ПОЧНУВА НАСТАВАТА ЗА СИТЕ ГОДИНИ СПОРЕД РАСПОРЕДОТ ИСТАКНАТ НА ОГЛАСНИТЕ ТАБЛИ И НА WEB СТРАНАТА.

НА 6 ОКТОМВРИ - ДЕНОТ НА ГРАДЕЖНИОТ ФАКУЛТЕТ СВЕЧЕНО ЌЕ БИДАТ ДОДЕЛЕНИ ИНДЕКСИТЕ И СЕРТИФИКАТИТЕ ЗА СТИПЕНДИСТИТЕ ОД ФОНДАЦИЈАТА ЗА СТИПЕНИДИРАЊЕ НА СТУДЕНТИ ПО ГРАДЕЖНИШТВО И ГЕОДЕЗИЈА.
 
А

Анноун

Гостин
ај нека пише некој што веќе запишал семестар . Колку треба да се уплати партиципиација ?

1 6200 денари + за презапишување предмети

2 според кредитите помножено по 3.33 евра + за презапишување премети

многу ми е збркано напишано на веб страната некако
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
На мене математика ми оди , брзо сфаќам но не седам многу над книга . Значи учам во една од најдобрите гимназии во Македонија СОУ Јане Сандански Струмица и досега сите ми се 5ки . Геометрија и логичките ми се единствена слаба точка од математиката , другото ми е боза . Физика не учам оти ја мразам професорката инаку од 1 година па се до 3-та ми беше 4 на крајот . Сега у 4та пак ке ми е 4ка оти старата пак ми предава .
Се мислам за градежен или архитектура ама велат на архитектура многу тешко било а и приемен треба таму како што сум запознаен . Видов Алгебра и Линеарна треба многу а мене тие предмети ми беа 5ки и ми одат но проблемот е што јас не учам континуирано математика туку ќе седнам пола саат ќе извежбам од секоја лекција по 1-2 задачи и спремен сум за тест т.е. брзо ги сфаќам . Паметно ли би било да одберам Градежно ?
 
Член од
15 август 2011
Мислења
125
Поени од реакции
40
Да не има некој да си ги продава книгите од прва година прв семестар?
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Да не има некој да си ги продава книгите од прва година прв семестар?
Копирај ги исто ќе те фатат. Треба да копираш математика и физика. Нацртна не ти треба, информатика земаш од кај професорот практикум а и Англиски професорката ќе ви каже
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Математика не сум генијалец ама добро се снаоѓам, освен логаритми такви чуда другото го сфаќав,а како што слушам на Градежен не се бара кој знае каква математика.. да прашам оваа Физикава каква пошто со неа сум скаран малце:) и какви искуства имате со овие предмети пошто не сум од тие што можат да дремат над книга нон стоп.

п.с Кои предмети ги идбравте на државната, гледам има доста на Градежен што сте??
--- надополнето: Nov 20, 2011 2:05 PM ---
И ова физичка култура што правите??
--- надополнето: Nov 20, 2011 2:17 PM ---
И да читајќи понарпед гледам некој напишал геодезија и геотехника биле полесни гранки во рамките на овој факултет.Зошто слушам луѓе кои викаат дека геодезија е потешко, и дека многу студенти се префрлаат од таму на друга насока?
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Aко е геодезија потешко од градежништво-конструктивна јас се фрлам од 14ти
--- надополнето: Nov 20, 2011 2:29 PM ---

Не ти оди математика, не ти оди физика, а сакаш на Градежен :tapp:
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Aко е геодезија потешко од градежништво-конструктивна јас се фрлам од 14ти
--- надополнето: Nov 20, 2011 2:29 PM ---

Не ти оди математика, не ти оди физика, а сакаш на Градежен :tapp:
Така слушнав бе мадридиста не се нафрлај одма, и да не реков дека математика не ми оди, сега гледам каква математика имало, не би требало да имам проблем, а за физика прашав каква физика е, ако знаеш ако не не изигравај дека знаеш нешто.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Така слушнав бе мадридиста не се нафрлај одма, и да не реков дека математика не ми оди, сега гледам каква математика имало, не би требало да имам проблем, а за физика прашав каква физика е, ако знаеш ако не не изигравај дека знаеш нешто.
Физика како предмет во прва не е страшна. Но сите други предмети се поврзани со физика, односно се физика.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Физика како предмет во прва не е страшна. Но сите други предмети се поврзани со физика, односно се физика.
И на конструктивна и на геодезија ова... слични се овие две насоки или има некои покрупни разлики
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
И на конструктивна и на геодезија ова... слични се овие две насоки или има некои покрупни разлики
Голема разлика.

ГЕОДЕЗИЈА

Геодезијата како наука се занимава со дефинирање, димензионирање и организирање на просторните конструктивни форми (парцели, катастар).
Студиите по геодезија се организирани во шест семестри, а во секој наставен предмет се застапени и динамички се следат развојните правци и достигнувања на најсовремените информатички технологии, системите за глобално позиционирање (GPS), гео информационите системи (ГИС), како и обработката на сателитски и друг вид дигитални слики.
Во целиот овој процес се користат најнови софтверски пакети и решенија, а нашите студенти имаат можност да програмираат и прават надградби во нив.

КОНСТРУКТИВНА НАСОКА

Градежниот конструктор има знаење, смелост, но и привилегија да создава и да му дава димензија на времето и просторот во кое живее. Конструктивната насока ги едуцира идните градежни конструктори и ги поттикнува нивните идеи во насока на проектирање и градење на објекти кои ќе го подобрат квалитетот на секојдневното живеење.
Дела на градежниот конструктор се: станбените објекти, индустриските објекти, објектите за спорт и култура (стадиони, спортски сали, базени, театри, кина, музеи, изложбени павиљони), мостовите, вијадуктите, водните кули, резервоарите, силосите и др.
На конструктивната насока се изучуваат теоретските и практичните проблеми на проектирањето, градењето, одржувањето и ревитализацијата на армирано-бетонските, челичните и дрвените конструкции, но и специфичните проблеми на геотехничкото и асеизмичкото инженерство, следејќи ги притоа новитетите во компјутерското проектирање и во индустријата на градежни материјали.
Проблематиката што ја опфаќа конструктивната насока поделена е во четири програмски целини, покриени со соодветни катедри, а тоа се:
катедрата за техничка механика и јакост на материјалите;
катедрата за теорија на конструкциите;
катедрата за дрвени и бетонски конструкции;
катедрата за челични конструкции.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom