По подолга пауза, повремениот наш младински репрезентативец Горан Славковски повторно се враќа на зелените терени сега во обид да се наметне во германскиот бундеслигаш Бохум.Кариерата на 20-годишниот Славковски, кој низ настапите во милански Интер пред две години се наметна како еден од најголемите таленти на Стариот континент, се реализира со далеку послаб интензитет за сега конечно преку вклучувањето во работата со Бохум да се обиде повторно да се врати во препознатливата форма.Македонскиот напаѓач кој има и шведско државјанство сега настапува за тимот до 21 година на Бохум...
"Вклучен е активно во нашиот младински тим. Несомнено се работи за талентиран фудбалер, меѓутоа очигледно е дека има подолго отсуство од терените.Потребно е сега прво фудбалерот да се врати во форма на физички план, а потоа ќе видиме и колку реално ќе се наметне и за првиот тим", истакна околу Славковски за германските медиуми, членот на раководството на Бохум, Томас Ернст.
Горан Славковски, кој потекнува од младинската школа на Малме, својата вистинска промоција ја доживеа со натпреварите во младинскиот тим на Интер, како и со дебито на 17 години за првиот тим на Интер во Калчо лигата, има и три официјални натпревари за нашата млада репрезентација.
:smir::helou: