Горан Пандев

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Мислам дека детето е на одличен пат да стане најдобриот македонски фудбалер на сите времиња.
 
Wolf Pack

ThE ChieF
Член од
24 јули 2005
Мислења
783
Поени од реакции
5
Лацио - Емполи 3:3

Пандев со одлични дриблинзи и шут во горниот агол дава водство на Лацио во седма минута. Имаше тој уште една 100% шанса кога искочи сам пред голот ама голманот ја фати. Одо од Лацио си даде автогол во 93 минута и со тоа им одзема трите поени на Римјаните.

Еве видео линк со шансите и головите:
http://www.mytempdir.com/568542
 
B

BushMan

Гостин
Отсекогаш од Струмица се излегувале големи таленти по фудбал.На пример Двајцата Пандеви,Двајцата Попови,Горан Стојков и други...
 
Член од
2 јануари 2006
Мислења
325
Поени од реакции
34
фала за головите Wolf:wink:
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
BushMan напиша:
Отсекогаш од Струмица се излегувале големи таленти по фудбал.На пример Двајцата Пандеви,Двајцата Попови,Горан Стојков и други...
Аце Стојков беше... А во минатото:Благој Истатов,Васил Рингов,Панче Стојанов у Работнички што е сега,Георгиев голман беше у Арис,сега у Вардар со подмладокот работи...Не ми текнува сега за други...
 
Bale82

Bwagojce
Член од
22 април 2005
Мислења
227
Поени од реакции
4
BushMan напиша:
Отсекогаш од Струмица се излегувале големи таленти по фудбал.На пример Двајцата Пандеви,Двајцата Попови,Горан Стојков и други...
Да бе да рековме дека од струмица излегувале најдобрите фудбалери во Македонија..... Многу бргу заборавивме дека во времето кога ја имавме најдобрата репрезентација 80% беа од школата на Пелистер.
Милошевски, Ставревски, Мицевски, Стојковски, Тони Савевски сите овие беа лидери во националниот тим не можеше да се замисли настап на репрезентазијата без нив дане го заборавиме Христов нашиот најдобар стрелец. хахахах па вие најдовте да зборате за таленти хехехехехех дали да се смејам или да плачам. ај ај мислам дека нема потреба да коментирам појќе и да набројувам уште доволни се и овие. Од тие сите шо ги набројавте ви вреди само Г.Пандев а се друго ви е еби ветер не можат да се споредат со овие чичковците или пак со дечињата сеа шо играат по клубовите во МКД и на Балканот.
Инаку моментално младинската школа на Пелистер почнува повторно да профункионирва и за 4-5 години ќе извадат некој талентчиња од типот на тие вашите (Стојков, Попов) и ќе битад многу подобри барем така мислам.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
marketar напиша:
а случајно некој да не го има клипчето со голот против емполи оти беше вистинско ремек дело.

п.с.ако го има некој нека го прати или по ПП или нека го стави овде линкот. фала однапред.
ЗОТЕ

Еве ви еден клип од голот на Пандев против Емполи. Само слушнете како го прокоментрира италијанскиот коментатор голот на Пандев.

Desen klik i Save target as
http://on.net.mk/WBStorage/Files/Pandev-%20Una%20Magia.wmv

Тоа коментирање за мене а не нашиве коментатори како да спијат на микрофонот. Е италијанец се радува на нашиот Пандев повеќе од некои наши коментатори.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Bale82 напиша:
Да бе да рековме дека од струмица излегувале најдобрите фудбалери во Македонија..... Многу бргу заборавивме дека во времето кога ја имавме најдобрата репрезентација 80% беа од школата на Пелистер.
Милошевски, Ставревски, Мицевски, Стојковски, Тони Савевски сите овие беа лидери во националниот тим не можеше да се замисли настап на репрезентазијата без нив дане го заборавиме Христов нашиот најдобар стрелец. хахахах па вие најдовте да зборате за таленти хехехехехех дали да се смејам или да плачам. ај ај мислам дека нема потреба да коментирам појќе и да набројувам уште доволни се и овие. Од тие сите шо ги набројавте ви вреди само Г.Пандев а се друго ви е еби ветер не можат да се споредат со овие чичковците или пак со дечињата сеа шо играат по клубовите во МКД и на Балканот.
Инаку моментално младинската школа на Пелистер почнува повторно да профункионирва и за 4-5 години ќе извадат некој талентчиња од типот на тие вашите (Стојков, Попов) и ќе битад многу подобри барем така мислам.
Онака информативно:
Си видел ли малце подалеку од Битола(фудбалски зборам),и колку време пратиш фудбал?
Во средината на 80 тите год. и Пелистер и Беласица играа во Втората сојузна лига Исток.Пелистер беше во врвот на таа конкуренција.Ако не знаеш, прашај:
Во таа екипа,колку битолчани имаше,колку струмичани, и колку од другите градови по Македонија.
Со сета почит кон оние фудбалери кои ги наведе,ама за Христов во денешно време што ке кажеш?Шета како бела мечка по Европа, и се лути на сите селектори.
Никој Битола не ја оспорил како расадник на фудбалски таленти.Тоа го правиш ти омаловажувајки ги другите фудбалски центри.
Вистински љубител на фудбалот не размислува така.
 
Bale82

Bwagojce
Член од
22 април 2005
Мислења
227
Поени од реакции
4
strumics напиша:

Да се фалам дека знам нешо од фудбалот немам ама во споредба со другарчињата од Струмица шо само се фалат дека во Струмица имало добра школа за фудбал ... сето тоа е само комерцијализација и затоа толку е експонирана школата во струмица не дека во другите краеви во МКД не се вадат таленти како со се во струмица туку финтата е дека лугето во Струмица знаат да ја работат работата со малдите кадари а не како во Битола каде шо со приатели влегуваат да играат во Пелистер и затоа немаме извадено некое талентче.
Незнам ама премногу ми е криво шо општо секој спортот во Битола пропага ради некој кретени кој сакаат само да имат кар од сто тоа...
Додуша ваква е ситуацијата во цела Македонија ама премногу ми е криво дека Битола како град најмногу пати.
Уфффф ама се изнакажав и изнатропав глупости сеа ама спрема мене мислам дека ова е чиста реалност која ја имаме во Македонскиот спорт.
Алал му вера на Пандев, на Лазаров и на ред други спортисти шо внесува малку живост во Македониаја и да се огледуват овие млади генерации на нив.
тхе енд.

П.С се извинувам со премногу излегов од топикот
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
4.000.000 евра од Вердер за Пандев

*Најавениот трансфер треба да се реализира во текот на јуни, тврдат германските медиуми

Најголемата желба на германскиот тим Вердер од Бремен е во текот на летниот преоден рок во своите редови да го ангажира Горан Пандев. Фудбалерот на Лацио добил понуда од бундеслигашот уште во текот на јануари, а цифрата која ќе ја заработи Лацио изнесува 4.000.000 евра.

"Да, точно е дека има шанси од следната сезона да заминам во Вердер", ни потврди Горан Пандев, еден од најдобрите фудбалери на Лацио во оваа сезона.

"Тоа не е ништо ново. Мојот менаџер со месеци има преговори со тимот од Бремен и сето тоа се држеше во тајност, но еве сега и медиумите почнаа да пишуваат за понудата", напоменува струмичанецот кој постојано нагласуваше дека му е добро во Лацио и дека таму сака да остане до 2010 година.

"Сакам да останам во Лацио, но цифрата е добра. Ако тука, во Италија, дадов 8 таму сигурно ќе постигнев барем 15 голови. Ми одговара тој стил на игра, а Вердер, најверојатно, пак ќе игра во Лигата на шампионите", образложува Пандев.

Веста за можниот трансфер на Пандев во Вердер ја објавија неколку германски медиуми, а потоа се најде и на веб-страниците.

"Пандев е веќе на списокот на Вердер за следната сезона. Тој е еден од најталентираните млади фудбалери во Италија и би бил одлично засилување. Настапува за Лацио и репрезентацијата на Македонија и треба да го замени Валдез кој си оди од Вердер заедно со Клосе", најавуваат Германците кои знаат с$ за нашиот најдобар фудбалер.

Според она што го дознавме, луѓето на Вердер веќе неколкупати имале разговори со Клаудио Лотито, претседателот на Лацио за можноста Пандев да се пресели во Бундес-лигата. Првиот човек на "римјаните" поради понудата од Вердер инсистираше целосно да го откупи струмичанецот кој сега е по половина со Удинезе.

Има преговори и со Арсенал

Откако се пробија преговорите со Вердер, нашиот најдобар фудбалер остана без зборови. По Вердер тој за читателите на "Македонски спорт" ги откри сите тајни кои биле актуелни за него во текот на зимскиот преоден рок, но и во моментов.

"Најблиску бев до трансфер во Портсмаут, но потоа почнаа преговорите со Арсенал. Мојот менаџер Карло Пидаличини ја доби понудата од Хајбери, но мислам дека од сето тоа ќе нема ништо затоа што 'топџиите' пред неколку месеци го купија Адебајор од Монако", се зборовите на Пандев, кој ја одлежа суспензијата поради картони и викендов се враќа во дресот на Лацио.

И големите знаат што сакаат

Не се случајни најновите понуди на адресата на нашиот најдобар фудбалер. Пандев е екстра играч и тоа тој го докажа со настапите за Лацио во последните две сезони. За наша жал, го имаме само него и затоа немаме добри резултати и на репрезентативен план.

Кога сме кај Пандев треба да се знае дека тој е желба на многу-многу големи клубови кои знаат што сакаат. Само да потсетиме дека лани до Лацио за нашиот репрезентативец имаше понуда од славната Барса, која во тие денови се одлучи за Макси Лопез.
 
Urban_Mover

Madridista
Член од
31 октомври 2005
Мислења
2.160
Поени од реакции
125
Да бе прочитав за ова у спорт и мислам дека заслужи да иде во подобар клуб а Вердер е супер за него и плус у лига на шампиони ке игра ке го гледаме почесто.....:icon_lol:
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
пандев продолжува со својата гол серија имено денес лацио благодарејќи на неговите два гола го совлада ливорно со 3-1 и е многу блиску до пласман во купот на УЕФА за наредната сезона.

п.с. чекам клипчиња со головите
 
Wolf Pack

ThE ChieF
Член од
24 јули 2005
Мислења
783
Поени од реакции
5
Пандев ја постигна својата цел оваа година од минимум 10 гола. За клипче ќе средиме :)
 
^Capo^

Креативец во движење:)
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.752
Поени од реакции
285
Со двата погодоци против Ливорно, македонскиот репрезентативец Горан Пандев стигна до бројката од десет гола, што беше негова желба на почетокот на сезоната. Со тоа му се доближи само на два гола на најдобриот стрелец на "лацианите", Томазо Роки. Во саботата Лацио славеше со 3:1 и успеа да ја задржи шестата позиција во италијанската Серија А, последна што носи пласман во Купот на УЕФА.

Масимо Одо му донесе водство на Лацио од пенал во 22. минута, пред Пандев да се разигра. Во 55. минута, струмичанецот беше прецизен со глава по нафрлувањето на Одо, за 15 минути подоцна, да се пробие во противничкиот шеснаесетник и да го постави конечниот резултат. Без конкуренција, од сите италијански медиуми го доби признанието за играч на натпреварот.

Горан Пандев дебитираше во Серија А во дресот на Анкона како отстапен играч на Интер во сезоната 2003/2004, кога во 20 настапи успеа да реализира само еден погодок. Анкона го освои последното место и испадна од елитата. Минатата сезона настапи во 25 натпревари во Серија А за Лацио и постигна три гола. Забележа и еден погодок во четири меча од Купот на УЕФА.

Сезонава почна да го реализира својот потенцијал и бројката од десет погодоци е огромна, доколку се има предвид одранбената филозофија во италијанскот првенство.

За репрезентацијата има 27 настапи и десет погодоци, иако има само 22 години.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom