Говорете македонски!

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
...драги професоре, сосема случајно ме префрлиле тука со постот на „твојата тема“!
... секоја почит кон твоја професија, јас само дебатирам и барам одговор на некое прашање, но ако на ваков начин им објаснуваш на твоите ученици не знам колку ти вреди што си добар професор, како и да е се повикуваш на овој дигитален македонски речник што е на Нет...
Прегледај го приврзокот 240993
... прашање што пред 1994 год? тогаш не постоеше македоски јазик, што пред да постои НЕТ како извор на проверка, не постоеше македонски јазик?

...тебе треба да ти е чест кога некој лаик сака да коментира во твојата област, како што сакам ти да коментираш во моја област, зашто општа култура е познавање од сите области, а дополнителното учење е само малку повеќе предимство од една одредена област!
Прегледај го приврзокот 241001
... како пишува? грешки во содржина да се пријават? како може да има грешки ако толку се повикуваме дека е основен извор за точност?

и да се вратам повторно на поентата, ако се обратам со само една обична проста реченица:
- Сакам бутка! дали соговорникот ќе знае, разбере, што сакам?

и кој ќе биде точниот одговор базиран на македонскиот јазик? ( цел пост ми објаснуваш збор оделен според македонскиот речник, гледам читам и самата)

ќе ме прашат поконкретно- сакаш копан? сакаш трафика, киоск? или гурање?

...затоа македонскиот јазик се збогатува со нови зборови (богаство на јазик кога се има повеќе зборови за еден поим, а не обратно), а не еден збор со повеќе различно значење, така и со ракавици и нараквици, се оди на одреден збор „ракавица“ како нов единствен збор во македонски литературен јазик и да се запостави зборот ракавица, но не можеме да го негираме дијалектот што ракавица значи исто и „нараквица“ која си беше прва како дијалект пред „ракавица“, иако се дадоа нови изрази како алка, белезгија за првиот дијалект ракавица,

и сега споредбено, не може членов да им насочува на другите членови кои живеат во други градови да не применат свој дијалект израз на зборот „нараквица“ за „ракавица“ , што самиот тој применува збор што не е од литературниот македонски јазик „зборите„наруквица“ туку нараквица и „зборувате“ ....со „нормални луѓе“ - дека дијалект може да се зборува со ненормални луѓе симболично? неговите дијалекти „зборите“, „наруквица“ се оправдани, а дијалект нараквица за ракавици не е во ред?

... не знам дали сум разбирлива и ја доловив поентата!
Не си, ако можеш дообразложи те молам.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.714
Поени од реакции
33.356
Реков, со глава в ѕид не може. :facepalm:Дотичнава оди на блок, па нека пишува кај сака, колку сака.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.159
Реков, со глава в ѕид не може. :facepalm:Дотичнава оди на блок, па нека пишува кај сака, колку сака.
Ete be jas ke te prasam posto ne te caktisav. Sega butkam e literaturno ili ne e? Jas posto po struka ne sum lingvist ako mozi objasni mi kako na malo dete so Da ili Ne.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.706
Поени од реакции
9.541
Цел живот знам дека ракавици е правилен збор, дали се тоа плетени, гумени, возачки...тоа е тоа..додека наруквици(српски), нараквици се женски моден додаток, на времето во 60 сетите што ги носеле дамите т.с. долги украсни ракавици до под лактот.

алки за на раце или гривни(барем јас сум стара скопјанка и моите родители)....а белегзија не е скопски збор.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.714
Поени од реакции
33.356
Ete be jas ke te prasam posto ne te caktisav. Sega butkam e literaturno ili ne e? Jas posto po struka ne sum lingvist ako mozi objasni mi kako na malo dete so Da ili Ne.
Искрено, и јас мислев дека не е, ама изгледа е. Ете, ќе прашам во Пуздер... групата од каде доаѓа ова. Или ако некој го има Толковниот речник да провери, за да бидеме 100% сигурни.
 
Matthias

A Statute Snob
Член од
2 март 2020
Мислења
380
Поени од реакции
2.305
znachi narakvici i rakavici e edna ista stvar. Jas ne sum odel vo makedonsko shkolo iako zboruvam makedonski, no znam narakvica go koristat zapadniot del na Makedonija, Ohrid, Bitola, Prilep, Kichevo, Veles, Resen itn.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.135
Поени од реакции
8.227
Искрено, и јас мислев дека не е, ама изгледа е. Ете, ќе прашам во Пуздер... групата од каде доаѓа ова. Или ако некој го има Толковниот речник да провери, за да бидеме 100% сигурни.
Правописно е бутка. Го немам толковниот речник, ама го имам правописниот.
 
Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Цел живот знам дека ракавици е правилен збор, дали се тоа плетени, гумени, возачки...тоа е тоа..додека наруквици(српски), нараквици се женски моден додаток, на времето во 60 сетите што ги носеле дамите т.с. долги украсни ракавици до под лактот.

алки за на раце или гривни(барем јас сум стара скопјанка и моите родители)....а белегзија не е скопски збор.
И алка не е македонски ако одиме до таму, туку потекнува од турскиот halka. И не станува збор тука за скопското наречје, туку за македонскиот литературен јазик, а зборот белегзија е сосема исправен и доаѓа од белег (знак, нишан).
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.714
Поени од реакции
33.356
Еве:

Речникот на Блаже Конески:
FB_IMG_1585334104968.jpg

Толковниот речник на Зозе Мургоски:
FB_IMG_1585334122396.jpg

Правописен речник на македонскиот литературен јазик од 1979:
20200327_194109.jpg

Значи, ДА, ГЛАГОЛОТ БУТКА СО ЗНАЧЕЊЕ ТУРКА Е ЛИТЕРАТУРЕН И ОТСЕКОГАШ БИЛ.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.706
Поени од реакции
9.541
И алка не е македонски ако одиме до таму, туку потекнува од турскиот halka. И не станува збор тука за скопското наречје, туку македонскиот литературен јазик, а зборот белегзија доаѓа од белег (знак, нишан).
Кажувам како Скопјани ги нарекуваат тие работи, не навлегувам во речникот на македонскиот јазик....:)
 
Matthias

A Statute Snob
Член од
2 март 2020
Мислења
380
Поени од реакции
2.305
Искрено, и јас мислев дека не е, ама изгледа е. Ете, ќе прашам во Пуздер... групата од каде доаѓа ова. Или ако некој го има Толковниот речник да провери, за да бидеме 100% сигурни.
Проблемот со глаголот БУТКА е уште помал. Односно, не постои проблем. Зборот е наш, но не е распространет насекаде. Во скопскиот говор е повеќе застапен. Го има истото значење со глаголот ТУРКА. ТУРКА има определено предимство само поради тоа што се користи во повеќе места од Македонија. Позастапен е отколку - БУТКА. Но тоа никако не значи дека БУТКА треба да го истуркаме некаде како непожелен збор. Па дури и таму каде што глаголот БУТКА малку или воопшто не се користи, го има глаголот - БУТУРИСА. Коренот е тука. Значи зборот (глагол) БУТКА воопшто не треба да биде проблематичен. Одбележан е во Речникот. И именката БУТКАНИЦА не е за обесправување. Рековме, ТУРКА (турканица) има предност поради поголемата застапеност.
 
Зборот БУТНИ се употребува и во друг контекс, пр.СТАВИ.....;)
бутни го...стави го..
а никако не оди да речеш, турни го( ќе мисли извади го):pos:
пуст наш македонски јазик, многу безобразни идеи даваат.
(малку шала од мене)
 
Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Кажувам како Скопјани ги нарекуваат тие работи, не навлегувам во речникот на македонскиот јазик....:)
Темата е насловена "Говорете македонски", во тој дух и контекст и пишав. Скопјани е со мала почетна буква, чисто информативно.
 
Matthias

A Statute Snob
Член од
2 март 2020
Мислења
380
Поени од реакции
2.305
Зборот БУТНИ се употребува и во друг контекс, пр.СТАВИ.....;)
бутни го...стави го..
а никако не оди да речеш, турни го( ќе мисли извади го):pos:
пуст наш македонски јазик, многу безобразни идеи даваат.
(малку шала од мене)
:popce: jas ne se lutam nekoj da me correctira ako zgresham :boksix:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom