Говорете македонски!

Член од
4 октомври 2017
Мислења
112
Поени од реакции
102
"Ке те казнам, ако пак реченицата нема некаква врска со сликата..."
После "ако" нема запирка во повествувателна реч.

Реченица може да започне со "ако" само во диалог, песна, стих...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.662
Поени од реакции
16.524
"Ке те казнам, ако пак реченицата нема некаква врска со сликата..."
После "ако" нема запирка во повествувателна реч.

Реченица може да започне со "ако" само во диалог, песна, стих...
Како па да не! Можам да ти најдам милион примери, и од литературата, и од секаде, но еве само еден цитат, од Чарлс Буковски, и тоа со три „ако“:

„Ако се случи нешто лошо, пиеш за да го заборавиш. Ако се случи нешто убаво, повторно пиеш, но за да прославиш. Ако пак, ништо не се случува, пиеш за да се случи.“ - Чарлс Буковски[DOUBLEPOST=1526557414][/DOUBLEPOST]
диЈалог *
 
Член од
4 октомври 2017
Мислења
112
Поени од реакции
102
Уточнение - Реченица може да започне со "ако" само во диалог, песна, стих...МОНОЛОГ и др. форми на речева насоченост-есктравертна или интравертна)
Повествувателно(разказно) изречение(реченица) не започнува со АКО. Прашав литаратор од МК.

Отделивме се од питането на Лорд Берик - след ако нема запирка.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.761
Поени од реакции
2.672

Прашај го пак литераторот, иако кај нас такви нема:D
Сепак може да стои запирка, затоа што акото може е и посебен дел од реченицата, кој е потврда на нешто.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.662
Поени од реакции
16.524
Уточнение - Реченица може да започне со "ако" само во диалог, песна, стих...МОНОЛОГ и др. форми на речева насоченост-есктравертна или интравертна)
Повествувателно(разказно) изречение(реченица) не започнува со АКО. Прашав литаратор од МК.

Отделивме се од питането на Лорд Берик - след ако нема запирка.
Друже, а да си седиш ти во темата „Говорете б'лгарски“, ако има таква? Викни си го и „литераторот“ таму.

Еве, од најновиот Правопис на македонскиот литературен јазик. Имаш два примери еден до друг, ем со „ако“ на почетокот од реченицата, ем со запирка по „ако“.
Screenshot_2.jpg

@Beric Dondarrion , ете, во вториот пример има случај како третиот кој ти го посочив јас (иако е со различен збор). Ако со „пак“ се нагласува нешто, тогаш запирка има и по „ако“, и по „пак“.
 
Член од
4 октомври 2017
Мислења
112
Поени од реакции
102
Во право, во претходниот Правопис, до 2017 г. тоа го немаше. Неточно сум прашал.
Но, по новиот пример, "ако" не е во смисла "if", како сојузна честица мегу главна и подчинета реченица, како е во питането на Лорд Берик, а е во сосем друга смисла -"нека", "дури", "море".
Запирката маркира пауза.
пример
Ако и да знаеш много, јас знам повеке.
јас тргнав први. Ако, (пауза) јас ке те настигнам.
 
Дај бе друже, не зборувај глупости, зашто тоа што го зборуваш нема никаква смисла.

Прво - „ако“ не е и не може да биде честица, туку е сврзник. Честици се, на пример: да, дали, ли, зарем, нели, нека, токму, имено, барем, пак и сл. Тоа се зборови кои служат за истакнување или определување на другите зборови или за образување на некои граматички форми, а не за за сврзување реченици.
Второ - „ако“, рековме, е сврзник, а сврзниците се службени зборови, служат за поврзување на други зборови во рамки на реченицата или за поврзување на две дел-реченици во рамки на сложената реченица. Службените зборови немаат свое полно значење, како полнозначните (именки, глаголи, придавки...).
Трето - „ако“ е субординациски сврзник кој се употребува во условните (кондиционални) реченици заедно со уште: „ако ли“ и „да“. Субординацицките сврзници по правило врзуваат дел-реченици во една зависно-сложена реченица и секогаш и припаѓаат на зависната дел-реченица: Ако биде убаво времето, ќе одиме на прошетка. / Ќе одиме на прошетка ако биде убаво времето. И во примерот на Берик погоре, и во мојот пример од Правописот, станува збор за зависно-сложена реченица, и не може да има никаква разлика во смислата, пази, НА СВРЗНИК!
Четврто - никој никаде не спомна никакви смисли. Едноставно, и по „ако“ може да стои запирка, и тоа е тоа. Дај не комплицирај, не го тупи.

И за крај, реченичните примери кои ти ги даваш немаат никаква смисла на македонски јазик, можеби само на бугарски. Кај нас не можеш да кажеш: „Ако и да знаеш многу...“, туку „Дури и да знаеш многу...“.
 
Член од
4 октомври 2017
Мислења
112
Поени од реакции
102
Не комплицирам, не тупам, просто направив друго, за коешто се извинувам - те спровоцирав. Извини.
Ке ти објаснам зошто- аз сум со потекло на учители и свештеници от Македонија(Охрид, Кукуш...), прогонети през 1919 г. от с'рбите. И преди тоа по востанијата.
Вратили се през ВСВ со добри намери и прогонети отново, веке от своите през 1947-8 г.
Сметам, дек Македонија има посебен, значаен, хубав, литературен говор.
Изчел сум извори за јазикот от Жинзифов, Шапкарев, дебатите мегу Велешани и Охригани, Пулевски, Лозарите, Мисирков, Карев-Мајски, Рацин, Венко Марковски, П'рвата Комисија от 1945 г. и т.н.
Тоа што не ми се допага(реално не ми е работа), е дека има разлики мегу сите тие и тоа што го прави Благоја Конев и дружинка. Не е тоа вистинскиот македонски јазик, но во крајот на краиштата, тоа не ми е работа(но ми е ....друго).
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.662
Поени од реакции
16.524
... кога ќе го завршам постот и сакам некој збор да го потенцирам со болд, тоа цел текст од постот под тој збор целосно се болдира,
кога сакам на некој збор да „сврзам“ линк па зборот станува засенчен, тоа после тој збор цел текст надоле добива засенчување со истиот линк, па се враќам назад да го деболдирам целосно текстот, а на другата опција со клик на текстот го дезасенчувам од линкот!
П.С.
се извинувам ако пишувам со нови зборови и измислени изрази, ама сакам да бидам разбрана :)
Не сфаќам како може да бидеш разбрана ако употребуваш измислени изрази? Еве, ај разбери ме:

Крдпфку глоцџе пфку крд.

И јас си ги измислив зборовите, за да видам дали можеш полесно да ме разбереш.

А толку е просто:

сенчи - несвршен глагол - прави сенки, анг. shade

Префиксирано, може да се изведат свршените:

ЗАСЕНЧИ - направи да биде потемно, анг. darken

и

ОТСЕНЧИ - ја избриша сенката, направи да биде посветло, осветли.

Префикс де- , па уште и додаден на друг префиксиран збор во зборообразувањето кај македонските зборови јас мислам дека нема. Дури и нема потреба да се образува збор при постоење на таков во лексиката: осветли е сосема јасен.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
5.306
Поени од реакции
7.100
ако во македонскиот јазик користиме турцизми пишани на кирилица, тоа не значи дека „говориме македонски„ да си го зачуваме и доградиме нашиот македонски јазик и да се трудиме да биде пак литературен, употребувајте наместо „бетер“ наше зборче- „полошо“ !
П.С.
... нема оправдување за 500 годишно влијание од отоманско ропство (кај нас), оти истите биле толку и во други држави, а денес не се користат турцизми во нивниот литературен јазик!
 
Бетер е македонски збор. Турцизам, да, но огромен процент на наши зборови се со туѓо потекло. Еве ти и доказ:
Screenshot_20190814-182850_Chrome.jpg
Автоматски споено мислење:

... нема оправдување за 500 годишно влијание од отоманско ропство (кај нас), оти истите биле толку и во други држави, а денес не се користат турцизми во нивниот литературен јазик!
Сега стана и јазичен експерт, а? Каде не се користат турцизми, жити мене?
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
5.306
Поени од реакции
7.100
Бетер е македонски збор. Турцизам, да, но огромен процент на наши зборови се со туѓо потекло. Еве ти и доказ:
Прегледај го приврзокот 215075
токму тоа го кажувам и јас, но ти си го употребил „Дам - Бетер“, а не „бетер“ што ми покажуваш „докази“,
... во македонскиот јазик има поголем број зборови кои се прифатени од турскиот јазик,таквите зборови се сметаат за турцизми.
...најголем број од овие зборови се архаични и не се во активна употреба, изведените зборови се даваат веднаш под зборот од кој се изведени и затоа ти велам употреби го зборот кој е македонски „полошо“ наместо турцизмот „бетер“!
и ако веќе мислиш дека Бетер би требало да се примени како „македонски збор“ тогаш еве ги сите зборови на „Б“ што би требало да ги применуваш како македонскиот израз-збор доколку ги оправдуваш сите турцизми!

1565802265459.png 1565802292561.png

1565802340755.png 1565802370009.png

1565802406544.png 1565802432358.png

1565802477820.png 1565802501345.png

1565802541076.png 1565802565645.png
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.662
Поени од реакции
16.524
токму тоа го кажувам и јас, но ти си го употребил „Дам - Бетер“, а не „бетер“ што ми покажуваш „докази“,
... во македонскиот јазик има поголем број зборови кои се прифатени од турскиот јазик,таквите зборови се сметаат за турцизми.
...најголем број од овие зборови се архаични и не се во активна употреба, изведените зборови се даваат веднаш под зборот од кој се изведени и затоа ти велам употреби го зборот кој е македонски „полошо“ наместо турцизмот „бетер“!
и ако веќе мислиш дека Бетер би требало да се примени како „македонски збор“ тогаш еве ги сите зборови на „Б“ што би требало да ги применуваш како македонскиот израз-збор доколку ги оправдуваш сите турцизми!

Прегледај го приврзокот 215077 Прегледај го приврзокот 215078

Прегледај го приврзокот 215079 Прегледај го приврзокот 215080

Прегледај го приврзокот 215081 Прегледај го приврзокот 215082

Прегледај го приврзокот 215083 Прегледај го приврзокот 215084

Прегледај го приврзокот 215085 Прегледај го приврзокот 215086
Девојче, а да си се држиш до тоа што изгледа дека го знаеш, зашто си читнала нешто на интернет, па макар и да е хороскоп?
 
мкд владе

Гостин
Член од
21 ноември 2009
Мислења
11.249
Поени од реакции
7.396
Mi gi potekovte madinja so toa sto ne bilo narakvici tuku rakavici. I nie od bitolskiot region vi gi citame i desifrirame komentarite na toa skopskiot dijalekt, mozocnite vijugi ke mi se ispravat dodega go sfatam nekoj od latinska makedonija sto saka da kazi pa ne krevame uzbuni.
I patem receno toa sto za vas e narakvica tuka e belegzija.
Znaci @Miss Paranoia ajde da povtorime. Narakvica i rakavica ti e isti kur drugo pakovanje i i dvete se tocni taka da ne go tupi bez potreba.
 
Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
28.590
Поени од реакции
35.411
На врв Bottom