Гласај за изгледот на новата плажа на Охридското Езеро

Кој е вашиот избор?

  • Идејно решение бр. 1

    Гласови: 10 17,5%
  • Идејно решение бр. 2

    Гласови: 2 3,5%
  • Идејно решение бр. 3

    Гласови: 31 54,4%
  • Идејно решение бр. 4

    Гласови: 3 5,3%
  • Идејно решение бр. 5

    Гласови: 4 7,0%
  • Ниедно од наведените

    Гласови: 7 12,3%

  • Вкупно гласачи
    57

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.636
Поени од реакции
14.435
Министерството за транспорт и врски на својата интернет страница, креира јавна анкета и ги повикува сите заинтересирани граѓани да учествуваат во изборот на најдоброто идејно архитектонско урбанистичко решение за уредување на 500 метри плажа на Охридско Езеро.

Станува збор за пет идејни решенија за уредување на една плажа со должина од 500 метри, на дел од Охридското Езеро која се наоѓа во непосредна близина на аеродромот „Свети Апостол Павле - Охрид”, на територија на општина Дебарца.

Целта на проектот е да се овозможи користење на водената површина како и можност за рекреација на предметната локација со што ќе се овозможи континурано користење на истата преку текот на целата година. Создавање атрактивен простор кој во себе содржи потенцијал да биде пандан на веќе постоечките понуди на Струшко-охридската ревиера, а и од особено значење за туристички и економски развој на општина Дебарца.

Плажата е предвидена да се изгради согласно највисоките туристички стандарди а особено внимание ќе се посвети, да не се наруши еко-интегритетот на околината.

Планирана е песочна површина која би се изнивелирала и попесочила со соодветен автохтон песок, да се почитува постојното зеленило и да се дооформи со автохтони видови, хортикултурно и партерно да се уреди со поставување на клупи, фонтани за питка вода, детски игралишта, пешачки патеки од монтажно – демонтажни материјали.

Изградба на сервисен пункт кој ќе се состои од шанк со кабина за музика со спецификација на опрема, место за озвучување, санитарен јазол, тушеви (согласно правилникот за минимално-техничките услови за вршење угостителска дејност), соблекувални, прирачна остава за чадори, лежалки и други реквизити.

Предвиден е простор за чадори за сонце и лежалки, на капалиштето да биде обележан просторот за капење во езерото со бови, заради заштита на капачите од пловни објекти, како и предвидено место за службата за спасување.

Откако ќе се изберат идејните решенија ќе се пристапи кон изработка на основните проекти, а потоа ќе се спроведе постапка за нивно уредување согласно изработените основни проекти.

По завршување на електронската анкета, Министерството за транспорт и врски ќе донесе Решение за доделување на награда и откуп на доставените идејни решенија.

Линк за гласање:
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/anketaohrid.asp
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.136
Поени од реакции
18.135
Ова ќе се државни плажи?
Нели на концесионерите е изборот за уредување?

Да беа поопуштени со предлогот бр. 5, да имаше некоја слика...
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.309
Поени од реакции
4.709
Имало јавен меѓународен конкурс или ќе гласаме варијанти на една фирма?

Сериозно, зошто не ставиле и можност за гласање ниту едно? Можеби вториот пат ќе има нешто вредно....
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Од сите најдобар впечаток ми остави и.р.бр.3 и гласав за него
И овде и на стр.на мтв и.р.бр.3 има највеќе гласови и големи шанси да се гради
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Повеќе сум за нешто класично, него ли за нешто ептен модерно.
За неколку години ќе остари ќе стане класика и ќе ти се оствари желбата
 
Ф

Флеш

Гостин
Јас гласав за број 1 предлог . Попрактично,посолидно и далеку подобар изглед ми има . :)(y)
Предлог број 5 , не ми е јасно што или како се пријавил со толку малку слики за презентација , ставил 2 слики ,од кои едната е скица за поставеноста на местото ,а втората слика е една нејасна слика на штици кои само набрзина споиле две слики од матни слики на луѓе . Катастрофа е број 5 . :unsure:
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
:facepalm: хаха ова некаква заебанција е или....?http://anketa.mtc.gov.mk/wp-content/gallery/ir2/ACCamera8.jpg
па и најобичен граѓанин- лаик во оваа област ќе осмисли далеку поасално од понуденово.
Него ова ми изгледа ко да е намерно направен ваквиот предлог- за да добие 3-та
ко да ви дадат 4 сока шкљ( пр .за растварање и една струмка- вие сигурно ќе се фатите за струмката?!
така и ова-....јак избор нема што
ПС
мој предлог- бр 6
https://encrypted-tbn1.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9GcQmL6Hh_IgGG9baqUp4GPXT_sG14xR0Jv-0uCvImC4Nvty62yBc
ве молам гласајте;)
плус ќе ви донесам песок директно од Индиски океан- од сами Малдиви
 
Лол,од каде е сликава :ROFLMAO: Oдма мој фаворит туркам и 1цов одпаѓа :vozbud:
 
Член од
19 февруари 2011
Мислења
484
Поени од реакции
502
:facepalm: хаха ова некаква заебанција е или....?http://anketa.mtc.gov.mk/wp-content/gallery/ir2/ACCamera8.jpg
па и најобичен граѓанин- лаик во оваа област ќе осмисли далеку поасално од понуденово.
Него ова ми изгледа ко да е намерно направен ваквиот предлог- за да добие 3-та
ко да ви дадат 4 сока шкљ( пр .за растварање и една струмка- вие сигурно ќе се фатите за струмката?!
така и ова-....јак избор нема што
ПС
мој предлог- бр 6
https://encrypted-tbn1.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9GcQmL6Hh_IgGG9baqUp4GPXT_sG14xR0Jv-0uCvImC4Nvty62yBc
ве молам гласајте;)
плус ќе ви донесам песок директно од Индиски океан- од сами Малдиви
И овие ќе си останат само на гласање како и Дојранските плажи од минатата година.Тие ги направија па сега ќе го уредуваат Охридско.Или пак некој да си лапне пари од проектот па не е важно дали ќе се оствари :)
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
И овие ќе си останат само на гласање како и Дојранските плажи од минатата година.Тие ги направија па сега ќе го уредуваат Охридско.Или пак некој да си лапне пари од проектот па не е важно дали ќе се оствари :)
Средени се плажите во Дојран
 
Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.094
Поени од реакции
9.016
Анкетава е демек го прашуваат народот. Никој не не праша за врбите и бродовите во Вардар, ама битно ќе имаме плажа по наш избор!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom