*princess*
..SiMpLy GorGeOuS..
- Член од
- 17 февруари 2008
- Мислења
- 747
- Поени од реакции
- 21
Сите знаеме дека од грешките најдобро се учи,, а посебно од сопствените.. Но,,дали сте се нашле некогаш во таква ситуација да повторите некоја грешка што сте ја направиле и во минатото? На што се должи тоа? Дали некогаш еднаш да се изгориме не ни е доволно за да ја научиме лекцијата? Или пак махинално ги правиме истите работи без притоа да размислиме два пати? Зошто се случуваат вакви работи? Зошто конкретно вие вака сте постапиле и дали воопшто ви се случило ова некогаш?.. Што мислите каква врска има минатото со ова? Можеби скриената желба да се врати старото време не наведува да се повторуваме во некои постапки,,па макар да се тоа и грешки? Или пак грешките ги правиме несвесно,,и дури на крајот сфаќаме дека всушност и после едното искуство,, сепак повторно го правиме истото,,повторно грешиме.. Што мислите,, како би можеле следниот пат да спречиме да не се случи повторно,,и воопшто дали можеме? Дали човекот го менуваат искуствата,, дали го учат како треба понатаму или пак понекогаш остануваат заборавени и не оставаат трага,, па така и незабележливо самите правиме работи кои претходно се покажале како погрешни..Исто така, ,дали можеби ги повторувате односно ги правите туѓите грешки? Секако дека најдобро учиме од своето искуство,,но колку вие учите од искуството на другите? Или пак мислите дека додека не осетиме на своја кожа не можеме да бидеме доволно свесни за да не направиме таква грешка во нашиот живот во иднина? Колку е тоа мислење правилно? И зошто воопшто мислите дека луѓето ги повторуваат своите грешки? И дали тоа го прават најчесто несвесно или пак намерно,, сметајќи дека овојпат можеби исходот нема да биде ист..
Јас искрено мислам дека сите ние во животот понекогаш сме повториле некоја грешка,,па макар и не толку значајна.. Всушност,,кога станува збор за нешто многу важно,, сметам дека луѓето повеќе размислуваат околу тоа,, и ако веќе еднаш се изгореле тешко дека ќе ја направат истата грешка,,односно тие научиле нешто од таа грешка,,затоа што можеби скапо ги чинела..За разлика од тоа,, според мене,, постојат и прилики кога можеби сме погрешиле но сме пронашле начин да ја исправиме ситуацијата,, па во тој случај тие грешки ги сметам како позанемарени,, и луѓето веројатно не им обрнале доволнмо внимание поради што можеби и не ја научиле лекцијата..
Колку вие ги повторувате своите грешки? Каде ја наоѓате причината за тоа? Зошто едноставно се случува тоа и дали воопшто се случува? Колку искуствата влијаат на вас,, и дали ги искористувате максимално како една лекција од и за животот? Повелете:smir: