Мистичен напиша:
Како страстен уживател во димот на цигарите, досега ни на памет не ми паднало да ги оставам. Уживав во нивниот вкус во моментите на радост, моментите на нервоза, со кафе, со пијалок, но во последно време толку ми станаа гадни, што остана само навиката. Од пред неколку дена решив дека денес ќе ги оставам. Се подготвив психички, денес се препушив за уште толку да ми станат гадни, во моментов ја допушив и последната и сум решен навистина да ги баталам засекогаш.
Има некој да ми прави друштво барем во првите недели од апстиненцијалната криза кога е најтешко заедно да се мотивираме?
Од денес сум непушач. :helou:
Кога се работи за откажување од цигари i wrote the book. Мислите е тешко да се откажете од цигари? Пробајте 6-7 пати. Ги имам откажано еднаш на 6 месеци, па на 3 месеци, на две недели, на 3-4 недели, на 7 дена без цигара итн. Немам никотинска зависност, имам ментална зависност од цигарите.
Кога држам цигара пофотогеничен сум на слики.
Кога држам цигара вратарите побрзо ме пуштат.
Кога држам цигара грижите исчезнуваат во времетраење од 7 минути.
Кога пушам цигара чекањето се скратува, нервозите се намалуваат, трагедиите и не се толку трагични.
Кога држам цигара влевам страв.
Кога држам цигара дури и жениве ме гледаат со други очи.
Затоа сакам да ја почуствувам на моите усни да навлезе длабоко во моите гради да ја обвијам со пламен од страст а да добијам чад од смрт затоа што од пепел се раѓаме во пепел и заминуваме. Ashes to ashes, dust to dust.
п.с. Од искуство најфункционални методи мене што ми беа се следниве рангирани по ефикасност
1. Лижавче. Може звучи смешно ама има слични особини; можеш да го вадиш и ставаш од уста да ги вртиш да ја гризеш она тенка пластична цевка што ја држи бомбоната. Кога купував Чупа-Чупс кока-кола од продавнициве ме гледаа како теле (абе за внук ми се).
2.Fisherman's Friend. Од црните. Покрај тоа што ми се заштитен знак и нешто по коешто луѓето ме препознаваат делуваат и против цигари. Не да нема да ти се пуши после една бонбона туку ќе зажалиш што си аеробно (Бацилус ќе сфати) животно и ќе го пцуеш и возухот што мора да го дишеш.
3.Бројаница. Земи си од Бит-Пазар и тркалај си ги коцките од една на друга страна.
4. При кафе не заборавај да ја изгризеш до коска пластичната лажичка правејќи ги притоа сите можни форми и букви (if applicable).
ппс. Најлесниот начин да се одкажеш од една зависност е да ја ззамениш со друга. Немој да се пропиеш, прокоцкаш или проздебелиш.
Со среќа