Ги баталувам цигарите!

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
71
ne pusham cigari :) i se osekam topce :)
 

BAMARGERA

~Blaugrana~
Член од
18 декември 2005
Мислења
875
Поени од реакции
3
ni ja ne pusam i super mi e :pos::vozbud:
 
Член од
27 февруари 2006
Мислења
1.356
Поени од реакции
9
so sreka uste ednas, akomozes da gi ostavis blaze siti. jas nemam probano da gi ostavam i nema ni da probam
 
Член од
10 август 2006
Мислења
104
Поени од реакции
1
И јас размислувам да ги оставам ама некако слабо ми иде :) али ке видиме за некој ден ке пишам пак на темава ке ви кажам.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
4.059
Поени од реакции
2
Јас пушевц цигари скоро 4 години и успеав да ги оставам . Веке 3 год. не сум забпалила а и веке не ни мислам на нив не можам да бидам во просторија кај што се пуши бидејќи не дека ми доаѓа пак да запалам туку едноставноми сметаат.
*Еден совет за оние кои сакаат да ги остават : секогаш копга ке ви дојде да запалите цигара пијте по една чаша вода
 
S

Sith_Lord

Гостин
Тешко, тешко оставање.
О, тешко.
У пм тешко и заебано.
Могуќе, ама тешко.
Можда у некоја далечна иднина, кога ќе дојдат Терминаторите.
Total annihilation е добар повод за да се остават цигари.
Се друго е недоволно.

Sith
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Volkswagen напиша:
Не друштво, ама да те бодрам можам. Јас сум непушач и многу луѓе што ме послушаа, а беа страстни пушачи сега ми викат ”фала”. Една другарка се врати во градскиот хор (го поврати гласот), нема мамурлок, болки во главата, гнасни плунки. Иако ќе ти требаат години дур да ги прочистиш градите ...

Оваа слика нека ти е совет, место розеви...




Pa tebe be decko ni Majka Tereza ne ti e ramna. Treba da ti daat Nobel, a moze nekad i da te prosvetat, posho veke ja pomina Majkata Terezata...


By the way, ja otkazav cigari pred edna godina... Koj saka moze:)
 

Sebastian

Too weird to live, too rare to die
Член од
26 јануари 2007
Мислења
606
Поени од реакции
9
Tри и кусур месеци :je:.
Понекад ме фаќа криза, ама храбро се спротивставувам.

p.s Кога можеше татко ми, после 30 години пушење, па ја да не можам.
 

RealGirL

My LiFе...My ST0Ry
Член од
13 февруари 2006
Мислења
2.348
Поени од реакции
19
Мистичен напиша:
Како страстен уживател во димот на цигарите, досега ни на памет не ми паднало да ги оставам. Уживав во нивниот вкус во моментите на радост, моментите на нервоза, со кафе, со пијалок, но во последно време толку ми станаа гадни, што остана само навиката. Од пред неколку дена решив дека денес ќе ги оставам. Се подготвив психички, денес се препушив за уште толку да ми станат гадни, во моментов ја допушив и последната и сум решен навистина да ги баталам засекогаш.

Има некој да ми прави друштво барем во првите недели од апстиненцијалната криза кога е најтешко заедно да се мотивираме?
И како ти иде?
И ја се палев овој цел месец ќе ги оставам,од денес не пушам али тоа му доаѓа како од понеделник сум на диета.
Мислам дека кога ќе ги откажам цигарите ќе ми се сменат и секојдневните навики од последиве 5 години.Станувањето од сабајле и секако кафето и цигарата сервирани,на факс наместо како до сега прво до бифе ќе мора одма во анфитеатар да идам,после колоквиум ќе треба одма дома да идам,наместо да испушам една во ходникот,ќе треба да го прекинам пиењето на кафе,нели кафе без цигара не иде,како и алкохол без цигара...:toe:
Ако си ги оставил...кажи ми како и одма ти правам друштво!Ај прамес:smir:
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Ја имаш целата моја логистичка поддршка Мистичен, поопширно и подетално опишување зошто никотинот создава зависност во темата дали пушењето е зависност или навика, неможеш да имаш, иди прочитај ги моите постови и дијалогот со Мандрак, каде се запазени доста аспекти.
Цврста Воља, САМО ЦВРСТА ВОЉА треба ништо друго, биди спремен и по 2 дури и 3 години непушење да почувствуваш да ставиш цигара во уста, нека не те тера жаволот 2-3 години напорната борба портив цигарите да ја изгубиш, многу тешка психолошката борба, верувам, и се бара истрајност, кондиција брат, кондиција и цврст карактер.
Голема нервоза ќе ти се создава со амтот тоа што самиот ќе се спречуваш да ракта ти иде кон цигарите. купи едно од тие сунѓерестите топчиња или сл нешто што ќе го стискаш , така бар рацете ќе ти бидат со нешто друго зафатени.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
RealGirL напиша:
И како ти иде?
И ја се палев овој цел месец ќе ги оставам,од денес не пушам али тоа му доаѓа како од понеделник сум на диета.
Мислам дека кога ќе ги откажам цигарите ќе ми се сменат и секојдневните навики од последиве 5 години.Станувањето од сабајле и секако кафето и цигарата сервирани,на факс наместо како до сега прво до бифе ќе мора одма во анфитеатар да идам,после колоквиум ќе треба одма дома да идам,наместо да испушам една во ходникот,ќе треба да го прекинам пиењето на кафе,нели кафе без цигара не иде,како и алкохол без цигара...:toe:
Ако си ги оставил...кажи ми како и одма ти правам друштво!Ај прамес:smir:
48 часа без цигара, успешно ја преживувам апстиненцијалната криза :)

Всушност, сега за сега е многу полесно отколку што мислев дека ќе биде, дури и како да нема никаква криза. Претходно, не можев да издржам ни пола час без да чурнам една, ако седнев на компјутер да работам морав да имам цигара во уста.

Издржав два дена утринско кафе без цигара на работа.
Денес издржав превкусен ручек со прекрасно црвено вино без цигара после него.
Ехеј, преска имав и секс и не запалив по чинот:)

Чудно ми е што уопште не ме фаќа онака криза или нервоза. Најверојатно, добро се подготвив психички тие неколку дена пред да решам да ги оставам. А и најверојатно, добро ми се згади од последната кутија.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Мистичен напиша:
Чудно ми е што уопште не ме фаќа онака криза или нервоза. Најверојатно, добро се подготвив психички тие неколку дена пред да решам да ги оставам. А и најверојатно, добро ми се згади од последната кутија.
Чекај бе Мистик, каде брзаш. :)

Само 2 дена си издржал без цигара, сега е тој почетниот период кога си се убедуваш себеси дека можеш без тоа сра*е. :) На почетокот ваљда сугестивно, пошто си убеден дека ќе издржиш, се трудиш да не мислиш на цигара. Ама верувај ми, првиот пат кога малце повидно ќе се изнервираш, кога на пример ќе ти закасни таксито за на работа, или девојката ќе ти касни пола саат на состанок, одма ќе ти се разбуди желбата да цмугнеш два-три дима. :)

У секој случај, да не те обесхрабрувам, чим 2 дена тераш без гајле, мислам дека ќе успееш. :smir:
 

јахутерминал

impressed by gay people
Член од
26 јануари 2007
Мислења
778
Поени од реакции
7
PSYtisfaction напиша:
Чекај бе Мистик, каде брзаш. :)

Само 2 дена си издржал без цигара, сега е тој почетниот период кога си се убедуваш себеси дека можеш без тоа сра*е. :) На почетокот ваљда сугестивно, пошто си убеден дека ќе издржиш, се трудиш да не мислиш на цигара. Ама верувај ми, првиот пат кога малце повидно ќе се изнервираш, кога на пример ќе ти закасни таксито за на работа, или девојката ќе ти касни пола саат на состанок, одма ќе ти се разбуди желбата да цмугнеш два-три дима. :)

У секој случај, да не те обесхрабрувам, чим 2 дена тераш без гајле, мислам дека ќе успееш. :smir:
А ти ова од искуство го кажуваш, имаш фатено (редовно) пушено цигари?
 

"Свршаваат само што ќе ме погледнат"

...а плус имам опасна техника
Член од
17 февруари 2007
Мислења
102
Поени од реакции
1
Ја издржав десет дена без цигара и имав страшна криза третиот ден и неколку напади да запалам на факултет али ги издржав али вчера бе со пиење во град со друштво и готово си подлегнав, со пиење е фркантно. Денес пак запалив една и сеа еве бе ми се пуши у курац да ти ибам. Ќе глеам да не палам а утре на Водно едно пентарење и после пак по старо се до следното пиење хехејхфгибј
 

Kajgana Shop

На врв Bottom