И јас исто така сакам да земам електрична гитара. Инаку почетник сум ама веќе свирам на акустична гитара некое време, инаку ја купив од Турција за 50-60 евра не знам точно колку беше. Ги научив акордите за брзо и со 2 сати вежбање на ден, а и помалце научив 30тина песни по акорди да ги свирам па и некое соло ама уште ми се проблем солата малце бавно ми оди преместувањето на прстите, па пробав на електрична кај другар и многу лесно ми одеше. Епа сеа да дојдам до главново, сакам да купам електрична докај 150 евра вкупно сосе појачало и се шо ми треба. Дај кажете дали Stratocaster тело или SG оти јас си бендисав SG и евтина е ама ми рекоја рано ми било за таква поубо било со стратокастер. Па и кажете кои копии од стратокастер се подобри или да си земам сепак SG (инаку та шо ја гледав е Stagg SG G300)... фала однапред :smir: