Македонија немаше да биде под санкции, прво соработка поставивме со НАТО уште во 1999 година и Македонија за разлика од Србија нема минато поврзано со масакри, окупации, тероризирање на население и ред други работи.Во Арачиново беа спасувани од Американци со нивни камиони и др., но не и од НАТО.Во кампањата „Сојузнички сили“ (самото име ти кажува) не учествуваше само Америка.И НАТО не може туку така да бомбардира земја, ако беше така лесно досега ќе го избомбардираше Иран, ќе го бутнеа Садам од власт уште во 1989 година и.т.н.
НАТО реагира само тогаш кога ќе ја добие прво битката дипломатски, па откако ќе ја добие битката дипломатски, тогаш настапува воено.
А кажи ми Македонија која црна дамка ја има од минатото?Тоа што служеше како транзитна земја за доставување ресурси во бомбардирањето што траеше седумдесет и два дена?!
Интервенција немаше да има никако, можеби односите ќе беа ладни, но далеку од тоа дека ќе ни се случеа санкции но и воени интервенции.Тоа го користат денешните наши политичари како оправдување.
Цел живот, ќе ни се случи ова, ќе ни се случи она тогаш кога веќе така размислувате и мислите дека не можеме да реагираме, подобро да одиме под управа на некоја друга држава.Што ќе ни е независност?!
Ако е за така, тогаш зошто не пишеш овде нешто и за Киро и неговиот начин на обликување на Македонија?Дај ќе му обезбедиме и место во алеата на великаните во градот на мртвите Бутел, што викаш?