- Член од
- 6 април 2009
- Мислења
- 6.147
- Поени од реакции
- 2.988
Германија засега блеска со своите игри. Постигнуваат голови, играат добро. Имаа супер одбрана, поткрепена од Швајни и Кедира, кои имаат голема улога и во организацијата на играта. Оружјето на Германија е тоа што имаат брз напад, посебно во контранапад. Повеќето од головите им се дадени во контранапди, лесно завршуваат такви ситуации. Ќе биде хендикеп што Милер нема да игра, но сигурен сум дека Марин или Крос кој и да игра на негово место ќе изигра добро.
За разлика од Германија, Шпанија исто има добра игра, но малку потешко постигнуваат голови. Од 6 постигнати голови, дури 5 постигна Виља. Сигурно Германците добро ќе го чуваат Виља, можеби и со 2 играчи, па затоа тука ќе треба да се покаже Торес кој засега игра многу слабо. Дефинитивно нивна алка ќе биде Виља и одличниот среден ред со чело на Чави и Иниеста, но сепак многу работи ќе зависат од Виља и Торес ( или друг напаѓач, доколку игра на негово место).
Мој тип: 2-1 за Германија, но сепак се зависи од октоподот. :tv: