Германија - Шпанија * 1/2 финале на Светското Првенство *

  • Креатор на темата mercenary
  • Време на започнување

Која репрезентација ќе влезе во финалето?


  • Вкупно гласачи
    142
  • Гласањето е завршено на .
M

mercenary

Гостин
GER.jpg VS. ESP.jpg


Едниот финалист на Светското Првенство во Јужна Африка ќе се бара меѓу екипите на Германија и Шпанија.Мечот ќе се одигра на 7 Јули во 20:30 на стадионот Дурбан,во Дурбан.

Ова е 16то учество на Светските Првенства за Германија која има 3 титули Светски првак.
За Шпанија,ова е 12то учество и е сеушти без титула Светски првак.
Овие две репрезентации одиграле 20 меѓусебни дуели.8 пати победиле Германците,6 пати одиграле нерешено и 6 пати победиле Шпанците.


Екипата на Шпанија до ова полуфинале стигна со победите над Португалија (1:0) во 1/8 финалето и над Парагвај (1:0) во 1/4 финалето.
Екипата на Германија до ова полуфинале стигна со победите над Англија (4:1) во 1/8 финалето и над Аргентина (4:0) во 1/4 финалето.

Во Германската репрезентација право за настап нема Томас Милер поради 2 жолти картони.
Селекторот на Шпанија ги има сите фудбалери на располагање.

Можни состави:

Германија - Нојер,Лам,Мертерсакер,Фридрих,Боатенг,
Кедира,Швајнштајгер,Подолси,Озил,Марин и Клосе.

Шпанија - Касиљас,Рамос,Пике,Пујол,Капдевиља,Бускец,Алонсо,Чави,Иниеста,Виља и Торес.
 
B

boki10messi

Гостин
Навивам за Шпанија. Германија е страшно поткована. Играта им е како на Playstation. Од друга страна Шпанија исто така има добра игра, куси и прецизни додавања.
Се надевам дека Шпанија ќе оди понатаму, и победа со еден гол разлика, ќе бидам задоволен. Се надевам Виља повторно ќе ја тресе мрежата.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
germany FTW
годинава играат маестрално, имаат млади играчи со голем потенцијал, заслужуваат да одат до карај заради добрите игри и декласирањето наголемите репрезентации. останува да се покажат во последниве 1-2 натпревари
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Како каже ОКТОПОД ПАУЛ!!!:tv:
 
Член од
18 септември 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
33
Шпанците не играат толку добро како на Европското, а Германија со младите играчи е многу засилена од тогаш. Навивам за Германија.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Тука ќе навивам за Германија, иако кажав 5 пати дека секогаш сум против нив, зашто сакам да играат со Холандија у финале и да им вратат за '74.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Добро зошто не може малку среќа да имаат Германциве и да добијат барем еден (барем според името) полесен противник... Англија, Аргентина, Шпанија, Холандија... мислам дека е невидено ваков пат до титула да имала некоја репрезентација... Брутално тежок пат до титулата имаат...

Како и да е - што е тука е. Мислам дека оваа завршува со 1:0, значи кој прв дава гол - победува. Навивам и типувам за Германија. Едноставно греота е овој нивен тим, со овие игри кои ги прикажува да не освои! Арно ама доволно долго гледам фудбал да знам дека не одат баш така работите, дека не е којзнае колку „фер“ игра, дека не победува секогаш тој што објективно заслужува...

AUF GEHT'S DEUTSCHLAND!!!
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Реприза од финалето од европското првенство од 2008...очекувам маестрален натпревар каде шпанија ќе ја има контролата на топката но германија би требало да ги има шансите со оглед дека игра одлично до сега...тие што мислат дека ќе биди реприза од финалето се лажат..колку за потсетување тогаш во тимот на германија не беа сегашните најдобри поединци озил и милер(вклучувајќи го и швајни) и за шпанија нема да биди така едноставно ..+ играта не му е дотолку совршена како што беше тогаш кога во средината играше и силва а торес беше во страшна форма иако реално гледано шпанија има подобри поединци..имаше и аргентина но.....не би сакал да типувам на овој натпревар освен тоа што да се надеваме дека ќе има одличен фудбал.........
Како што ќе каже октоподот :toe:

--- надополнето ---

Заборавив да напоменам милер не е во комбинација за натпреварот..би требало на негово место да игра трошовски или марин...
 
M

mercenary

Гостин
У 1/2 финалето Шпанија ќе го покаже вистинското лице.
 
B

boki10messi

Гостин
Кога ќе го прашаат проклетиот октопод за тип?
 
Член од
21 јули 2009
Мислења
876
Поени од реакции
462
ќе биде до сеа најдобриот натпревар според мене...ама сепак мислам швабите ќе тепаат иако не сум за никој...како играат швабите...алал им вера!
 
M

Mario Gómez

Гостин
Mилер не игра, :( Ама ќе видиме кој ќе го стави на негово место. :) Тоа ќе биде изненадување до последен момент.

Јас мислам дека Оезил ќе го стај на десно крило а Крос како плејмејрк.

-Schweini-Khedira-
-Oezil-Kroos-Podolski-
-Klose-

Верувајте дека ваков среден ред може да ја чува топката повеќе од Шпанија, ама мислам дека ќе оди малце попретпазливо.

Има време за добра тактика ... :)


--- надополнето ---

Кога ќе го прашаат проклетиот октопод за тип?
Задутре, и сите тоа го чекаат, ваљда ќе оди лајф на некоја германска ТВ.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
И јас сум за варијанта со Кроос и Оезил. Ама Троховски сепак претпоставувам дека ќе игра... Барем ако освои Германија ќе е најзаслужена титула веројатно воопшто на СП...

Ултра тешко ќе е зш Шпанија ем има поединци, ем има тактика и тренер, ем се компактни. Стојам на тоа дека ќе биде 1:0 за некој. Првиот гол решава.
 
Член од
25 август 2009
Мислења
2.078
Поени од реакции
1.243
Боби[Мкд];3654628 напиша:
Mилер не игра, :( Ама ќе видиме кој ќе го стави на негово место. :) Тоа ќе биде изненадување до последен момент.

Јас мислам дека Оезил ќе го стај на десно крило а Крос како плејмејрк.

-Schweini-Khedira-
-Oezil-Kroos-Podolski-
-Klose-

Верувајте дека ваков среден ред може да ја чува топката повеќе од Шпанија, ама мислам дека ќе оди малце попретпазливо.

Има време за добра тактика ... :)


--- надополнето ---


Задутре, и сите тоа го чекаат, ваљда ќе оди лајф на некоја германска ТВ.
тоа никогаш никогаш и никогаш :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom