@callejón de la muerte
Како само си ги категоризирал народите на геноцидни и тревопасни, алал да ти е
Мислам повеќе има смисла ако се поделат на народи кои во минатото извршиле геноцид, бидејќи имале мотив, способност и соодветна идеологија која ќе ја уништи емпатијата сосе разум и народи кои досега ја немале таа чест и невидено јунаштво да извршат некакво геноцидно дејание кон малцинства и слични тревопасни створенија.
Сепак мислам дека тука е поважно да се поделат геноцидалните народи на покајнички и непокајнички. Еве и сам си даде пример во воведот, германците и јапонците.
Ми се чини дека нацизмот кај германиците бил еден вид на крајно-десничарско фундаменталистичко милитантно секуларно народно христијанство-протестантство (простете), и коренот на тоа може да се бара во теократичниот теутонски ред, од кој произлегла самата држава Прусија, почетоците на германската колонизација на Источна Европа... Погромите, гледиштата на Мартин Лутер кон евреите, пруското државно Лутеранство, анти-Католицизам/анти-Полонизам, неспособноста на црквите да се справат со теории на еволуции и научен расизам во тоа време, губење на заеднички вредности во религиски и идеолошки разединета нација и обединување преку Лидер со партија која цели кон национално единство (познато од некаде?), економска, политичка и духовна криза, немање превод на фразата All men are created equal... и така genocide goes brrr
Така мислам дека со денацификацијата се отстраниле овие елементи од германската психа и општество, колку толку, и дошле повеќе до израз почовечките христијански обележја и концепти, како на пример meekness (имање мотив и способност/моќ за геноцид, но и морал и воопшто разум), одговорност и покајание, социјална правда, солидарност, социјална пазарна економија, граѓанско општество... сето тоа со амин и благослов од американците, и тоа најдобро се гледа во владата на Конрад Аденауер и христијанско-демократските CDU/CSU партии. Централно-десни и сеуште конзерви, но конзерви со срца <3
И тоа е разликата овде, што на јапонците не му е многу добро познат концептот на грев, одговорност и покајание за гревовите на нацијата, и тоа може да се види најдобро од
овој Шинто храм, јапонската Валхала, каде до ден денес се честуваат воени злосторници, силувачи и крвожедници... Но сепак благодарение на американците, и таму се постигна секуларизација, демилитаризација и американизација-христијанизација, колку толку, ако не дешинтоизација на самото општество...
И двата народи одтогаш се малку потчинети на американците, иако германците сега почнаа да гледат на америве од моралната висока земја, а колку се во право нека каже објективниот морален алтиметар, ама и тој во Западот слабо се користи овие денови а некои веќе не ни веруваат дека постои...
За балканските народи што да речам, види нешто православие, нешто неможност/неспособност да се раздели националност и црква, нешто средновековен менталитет и свест, нешто трауми од турско-исламско робство... Господ знае.
И да не заборавам, геноцидот си е сепак природна работа:
But hey, let's just all do it like they do on the Discovery Channel