ελευθερίααπόαλήθεια
Diplomat
- Член од
- 28 декември 2019
- Мислења
- 214
- Поени од реакции
- 466
Све супер ова, само идеологијата на Хитлер, нема баш таква врска со христијанството, туку е контрадикторна суштински со него и тоа нацистите не го криеле. Тие се згрозувале од христијанските постапки, од типот на - сврти го другиот образ и нивната идеологија има многу повеќе пагански елементи, отколку христијански. Но, морале да прават на тоа поле разно-разни козметички компромиси заради огромната христијанска традиција.
Ок да не толку со Христијанството, колку со државното национално протестантство и традициите од теократскиот крстоносен католицизам. Во 1933, како протестанти се изјасниле 2/3 од населението и како католици 1/3 . Хитлер ги добил изборите од претежно протестантско население, и едно од првите нешта после изборите било политичка кастрација на Католичката црква и обид за обединување на расцепканите протестантски секти во една државна црква, како што било во старата добра Прусија. Последното не му успеало. Екстремното крајно-десничарско наци-протестантство тука може да се види и во обидот да се создаде „Позитивно Христијанство“, каде ќе бидат уништени сите врски со евреите и стариот завет, и каде Исус ќе биде прикажан како ариевец, русокос и со сини очи, можеби со свастика тетоважа и како пилотира Bf 109...
За нив „Негативното Христијанство“, особено присутно во католицизмот, папството, индулгенциите, вината, смртните гревови, догмата, мекоста и млитавоста, безусловното вртење на другиот образ... било симбол на потиснување на германството, потиснување на коктелот од реваншистички емоции предизвикан од поразот на веќе премногу гордо националистичко општество... Може да се гледа кон ова како еден вид проколнет обид за реформација, со комплетно отфрлање на стариот завет и селективно толкување на новиот во рамките на преовладувачката идеологија на тогашницата, како и секоја протестанска секта, но овојпат со преголема политичка моќ и скроз идеолошки мрдната и сосем hell bound...
И веќе кога нацистите презеле тотална контрола врз германското општество, им текнало дека веќе нема потреба од било какво Христијанство и може да се оди целосно кон ариевско-расистички паганизам, замена на Библијата со Мајн Камфп, замена на крстот со свастиката, замена на Христос со Фирерот итн...
Не можело да се барало корен... АБЕ АЗ С'М ДЛ'ЖЕН ДА ОПИТАМНе може да се бара корен на германската геноцидност во христијанството или протестантизмот, а не може ниту во прускиот милитаризам. Што се однесува на нацизмот, таа појава ќе изненадува генерации историчари кои доаѓаат, настрана досегашните, затоа што не може рационално да се објасни. Да, има варијабили кои се поклопиле за да такво лудило стане државна политика, но сепак постоењето на таков режим е недофатливо за сфаќање.
Во лутерово време немало нит идеја за германство како што ја знаеме денес.
Германскиот срамен геноцид врз народот Хереро во нивната колонија Германска југозападна Африка и Силувањето на Белгија 1914-18 (меѓу друго палеле библиотеки, оттука британскиот израз the Hun) укажува дека како обединета целина, германството е геноцидно. Па германците започнаа не една, него две светски војни во 25 години! Среќа што ги скопија пост WW2, па сега нема опасност, иако никогаш не вели никогаш.
Нема ништо "природно" во геноцидот, тоа што шимпанза се млателе или мрави се бореле има ништавно значење за човечката цивилизација. Ако беше природен ќе беше присутен во сите војни и ќе го правеа сите етноси. Но како што знаеме, го немало во сите војни и бројот на етноси кои се впуштале во геноцидни дејанија е само мал процент.
Чист пример се Фокланди. При инвазијата, аргентинските сили заробиле неколку стотици британци. Се однесувале према нив према правила на женевска конвенција и подоцна ги ставиле на брод и ги пратиле во Чиле каде што биле повторно на слобода.
Друг пример е Вуковар. Што се случи по неговиот пад и какви ѕверства правеа четниците.

Тоа лудило има мал милион прецеденти во германската и општо европската историја, и секако без длабоки увидувања во човечката индивидуална и колективна психа која плови низ времето (zeitgeist) ќе остане недофатлива за сфаќање...
Тоа не е баш точно, баш во тоа време со протестанизмот се засилува германството, се локализираат црквите, се преведува Библијата и се одржуваат црковните служби на германски, се охрабруваат толпи кои палат библиотеки (иако Лутер потоа го осудил ова), се прогонуваат евреите од веќе Лутеранските држави, сето тоа благодарение на Лутер...
Првата светска војна е зенитот на национализмот, пропратен со тотално објективен научен расизам, каде луѓето од другите нации и раси не се веќе луѓе, туку само карикатури... искрено не знам што очекуваш овде.
Поентата ми е дека тоа е животински нагон, присутен и кај братучедите шимпанза, групирањето по племе/нација и војување со друго племе/нација за територија и без никакви правила/женевски конвенции. Не е тоа каракеристика на човечка цивилизација, туку на животинско царство...
Аргентина е интернационално-интегрирана имигрантска латинска цивилизација со скромни територијални претензии, не е ова шовинистичко српско православно племе на кое му треба ликови како Маршал Тито и комунизам за да не праи зулуми...
Ај и едно бонус меме за крај:
