- Член од
- 8 ноември 2008
- Мислења
- 2.172
- Поени од реакции
- 1.265
Албанците во Албанија се староседелци само поради тоа што се Македонци и делумно Срби, Црногорци во северниот дел. Самото нивно “поалбанчување“ е геноцидна постапка. И денес се останати Македонски (славјански) топоними во цела Албанија. Власите и Албанците-Геги (Косово и Македонија - во Македонија се воглавно Косовари) се доселеници од Кавкаска Албанија и Ерменија (затоа и делумна морфогенетска сличност помеѓу нив - со кавкаски фенотип, за разлика од домородниот динаридски фенотип/краниум). Затоа и името им е Аромани/Армани = Ермени. Дури и Арванити името потекнува од името на покраината (и денес главен град) Ереван =Ереванити. Кај Власите денес има околу 5-10-тина % ерменски гени затоа што се мешале со домородците Македонци. Поради Македонските гени Власите се староседелци. Ако биле староседелци ќе имале иммоти и немале да бидат сточари и римски војници (освен пензионираните - Римјаните давале земјиште како пензија на воените ветерани). Впрочем, и името “Власи“ едвај да се споменува скоро илјада години после Христа. Какви се тие староседелци чие име не било познато (не постои никаков запис) до неколку стотини години после Христа?!?Тресеш глупости. Незнам ни сам дали си веруваш во тоа што го пишуваш. Со генетските истражувања е докажано дека власите и албанците се староседелци на балканот, не се многу поразлични од нас. А може слободно да се каже дека генетски ни се поблиски од србите од Босна, Хрватска, Војводина. Од хрватите, словенците. Така да во голема грешка си, ова јас не го измислувам, туку од тоа што сум читал за генетиката на македонците и другите народи.
Нема геноцид врз македонците, имало убиства од страна на османлиите, грците, бугарите, србите, албанците. Но бројките неможе да се споредат со ерменскиот геноцид.
Автоматски споено мислење:
За османлиско време, османлиите го задушиле илинденското востание. Но на востание се дигнало само населението во западна Македонија. Тоа било убивано. За време на српската окупација имало убиства во тиквешко, охридско, источна македонија. За време на втората светска војна имало убиства во западна Македонија од страна на балистите, исто и од бугарите врз македонските партизани. Во Грција во граѓанската војна било убивано и грчко и македонско население. Но сеуште ги има таму од македонско потекло. И денес ние сме мнозинство во Македонија, ако се случувал геноцид врз нас немаше да постоиме. Што не може да се рече за евреите на Балканот, и Ерменците во Турција кои буквално не постојат.
Албанците се ПЕРСИСКО племе кое се борело против Александар Македонски (Аријан) и исто така не биле познати во Европа до средината на вториот милениум н.е. (поточно кон крајот на 17 век). Тоа што кај Албанците има староседелечки гени се должи исто на домородните гени (мажите од цели села ги убивале а младите жени и девојки ги грабеле за себе. Некои од нив ги поалбанчувале и од таму “славјанските“ имиња како Красниќи (Црвенко, Црвенкоски) Келменди (Климент) и други. Тачи е дојдено преку Власите и произлегува од Димитрија (Димитраки - Таки - Тачи; на влашки е Таче или Таки).
Албанците се донесени од страна на Турците после Карпошевото востание (Австро-турската војна) за Турците да си ја обезбедат “Зелената трансверзала“, односно муслиманската целина/пат преку Македонија Косово - се до Босна (дури и во денешницата муслиманите не се откажуваат од неа, таа им е сон , дел од плановите, па одат до таму што и спортската сала во Сараево ја именуваа “ЗЕТРА“ - ЗЕлена ТРАнсверзала).
Значи, Албанците во делата на античките автори се спомнати како ПЕРСИСКО племе а никако европско, покрај тоа си има и безброј стари карти кои Албанија ја сместуваат на Кавказ.
Еве една на пример, од 1522 години :